Што ве исполнува во моментов?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Ме исполнува сплотеноста на Македонскиот народ.
Жал ми е што не сум Скопје на плоштад, но се надевам дека ќе имам следна прилика за вакво и слично славење. :)
 
Среќата и насмевката која ја гледаме деновиве на улиците во Скопје.

Скопје никогаш не било поубаво, Македонија никогаш не видела толку многу насмеани лица.
 
Да,​
Што е она што ве исполнува во моментов?

Да, Што е она што ве прави среќни, весели, насмеани и полни со енергија?​
Што е она што во моментов ви дава мотив и поттик за работа?​
Колку ве исполнува: работата, факултетот или школото што го учите, пријателите, секојдневите случувања, околината...?​

Моментално она што ме исполнува е, што одмарам (иако имам уште обврски) и читам тука на Кајгана..

Она што ме исполнува се викендите, излегувањето, пријателите, семејството.. =)
 
Сантана и неговата гитара и долгоочекуваното сонце послем неочекуваните дождови
 
ме исполнува тоа што го работам тоа што го сакам, ги жалам оние што се принудени да ги остварат неостварените соништа на своите искомплексирани родители, бљак
 
ме праваат среќна многу работи
уживам и полнам позитивна енергија преку слушањето на секаква музика без неја не можам
уште посрекна ме праваат семејството и пријателите и исто така кога ке си тргнам две три чашки вино пиво вотка ....
 
Сончевите зраци кои најпрво почнаа срамежливо да продираат низ прозорецот, па почнаа нежно и упорно да ме галат по лицето се додека убаво не се расонив. Ме исполнува таа светлина, топлина која се створи во мојата соба, која ми напоменува дека веќе е започнат уште еден ден, дека е време да се испие утринското кафе и да се почне со работа.
 
Фактот дека ќе бидам добар адвокат по семејно и наследно еден ден.Најсериозно, само тоа. :coffee:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom