Што ве исфрустрира/изнервира денес?

  • Креатор на темата Креатор на темата Sheldon Cooper
  • Време на започнување Време на започнување
Eдна девојка на форумов што прво не знае што е разлика ерекција/ ејакулација, а изглеа е трудна :tapp:, па јас на крај си го обрав
 

Патетика !!!!!!!!!

E3EAF6FCB9B6334B8F088ECCCF9C810F.jpg
 
Денес се качувам во автобус,а во автобусот кај топло невероватно кај цел автобус се наполни со луѓе од село кој со патлиџан,кој со пипер,кој со некакви пластични канти де полни де празни,а миризбава леле мори мајко.
Пукнав од мака.
:tapp:
И баш се чудев каде да си ја кажам маката и гледам таква тема.(y)
 
Едно чудовиште од дете кое живее спроти моето работно место и цело време ги малтертира/тепа неговите кучиња без причина, а што е уште по нездраво татко му и мајка му ни збор да му речат туку си седат и си уживаат.(n) :tapp:
 
Времево. Не тоа што се расипа, туку што врни цел ден ко да е дупнато од некоја страна .
 
Toa што луѓето не гледат реално на работите и не размислуваат со сопстевни глави, туку сами си наметнуваат туѓи ставови.
 
Луѓе кои немаат појма што е живот , а мислат дека светот се врти околу нив ... Таквите треба да се погубат ... !
 
Одам со мајка ми сабајле до Веро во Аеродром да купиме нешто и ја оставив колата на паркингот пред Веро и купивме неколку работи набрзинка и дојдовме во колата и ги ставивме кесите во гепек...И после мајка ми вика ај влези ти во кола чекај ме јас само да земам од Зегин едни лекови (Зегин беше на 10 метри пред нас) и јас и викам - ќе дојдам со тебе, топло ми е во кола.......Во Зегин гужва пензионери и се задржавме 10-тина минути и кога дојдовме кај колата МИ СТАВИЛЕ БЛОКАТОР НА ТРКАЛОТО...Ги чекавме 20 минути тие да дојдат што работат тука и кога дојдоа што да видам - клошари невидени, неписмени, не знаеа да зборат... :mad: Во наредниот саат време се одвиваше жолчна расправија и на крај јас бев таа што губеше зашто морав да платам 1300 ден на лице место зашто ми претеа дека ќе викнат пајак... :mad: МАЈКА МИ ОТИДЕ ЛЕКОВИ ДА КУПУВА МАЈМУНИ СМРДЛИВИ ЕДНИИ!!! ДЕНОТ МИ ГО УПРОПАСТИЈА!!!
Ѕвонев по телефони, бркав врски - дебели врски и тоа ЏАБЕ све - никој не можеше да ми помогне и на крај барем ги утепав од пцуење и вреѓање, пошто со збор не можев ништо да им докажам и тој едниот ми вика - г-це колку сакате викајте, претете, пцујте , секако ќе си платите (и други секој ден вака викаат и тепачки има некад, па на крај си плаќаат сите...)...

НЕМАШЕ ДА МИ БИДЕ КРИВО ДА ГИ ИЗГУБАМ ТИЕ ПАРИ, БАРЕМ ЌЕ СИ ГИ НАЈДЕШЕ НЕКОЈ СИРОМАШЕН И ЛЕБ ЌЕ СИ КУПИ, А НЕ НА ОВАА ПРОКЛЕТА ДРЖАВА ДА И ГИ ДАВАМ... :mad: КРЕТЕНИ
 
Тоа што некој се обиде да се меша во мои работи и да решава наместо мене, зад грб. И „самооправдувањата“ после тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom