Што ве исфрустрира/изнервира денес?

  • Креатор на темата Креатор на темата Sheldon Cooper
  • Време на започнување Време на започнување
дебелата од студентски...(кој е на феит ја знае), немогуче е да не те изнервира
 
Ме изнервира професорката денес што ме зема на пик и на секој пет минути ми викаше зашо сум спиела, зашо сум се смеела итн. Ај оди објасни и дека мое право е дали ке слушам предавање или не!!!
Абе факултет :tapp:
 
Фино лепо си ја почнав проектната, поточно изработив негде 3 и пол страни и снема струја.:tapp:
Ама избројав до 10 и од ново си почнав пак ... само позитивно, позитивно ...
 
Денес сабајле (а и скоро секое) ме фрустрираат неписмени возачи, стварно не ми е јасно како добиле возачка!
Некогаш стварно посакувам да сум џандар на еден ден, и све тоа да испоказнам :sakas_ust
 
Ме изнервираа таканаречените бранители на Р.М. (војници бе).. Си бевме со другарите на една прошетка у природа и на враќање рековме ај низ касарна, пошо знам дека веќе нема никој таму, оставена е така да скапва. Но кога дојдовме до излезот да ти имало некоја вежба и не застанаа едни војници, сељачана тешка и почнаа да не испрашват шо, како. па дури и ранците ни ги прегледваа да не сме украле нешто, ех камо да имаше за крадење нешто али местото е погнасно и од депонија.. Ниско процентуален капацитет, сељаци..
 
Знаењето (Протекцијата) е сила, знаењето (протекцијата) е мок!

На вестите на Македонската радио телевизија во петокот на 11 март 2011, дознав за добитникот на наградата за Најмлад научник за 2010, која што ја доделува Kабинетот на Претседателот на Република Македонија.
И јас учестувував на јавниот повик за доделување на признанието ,,Најмлад научник” за врвни достигнувања за 2010 година.
На почеток, ние како учесници не бевме на никаков начин известени за резултатите од јавниот повик што укажува на еден голем непрофесионализам.
Најверојатно комисијата имала ,,свои” критериуми за изборот на кандидатот. За неа, релеватно било да кандидатот има издадено научни трудови во списанија со низок ранг (impact factor), каде што по некоја случајност самиот тој е и уредник (reviewer). Да биде уште попарадоксално, коавторите се и можни членови на комисијата.
Каде е тука точноста на изборот: кои критериуми се важни за вреднувањето?
Дали дефицитарноста, тежината, специфичноста и единственоста на научното истажување и постигнатите досегашни резултати се воопшто земени во предвид и вреднувани при изборот на кандидатите?
Што би ги мотивирало младите научници да го надградуваат своето знаење за да еден ден нивниот успех биде почитуван и вреднуван во Република Македонија?



Извор: ISI Web of Knowledge
 
Oва чудово што ми шета низ соба :lut:
 
Бичиклиски...
 
МТВ!Со грдава слика од Прилеп.Ѓубретини.А и овие судииве порано ја почнаа.
 
МТВ!Со грдава слика од Прилеп.Ѓубретини.А и овие судииве порано ја почнаа.

2 преноса цела година имаат и тие не знаат како што треба да ги извршат.
 
Досадни луѓе.
Подосадни дури и од ѓупче низ корзо во Петок навечер.
 
“Сакаш да се кладиме дека Барса/Манчестер ќе тепа вечер“ :tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom