Што ве исфрустрира/изнервира денес?

  • Креатор на темата Креатор на темата Sheldon Cooper
  • Време на започнување Време на започнување
Браво за темава, баш барав соодветна тема да искоментирам за нешто од денес.

Сабајлево беа додјени мој братучед и негов другар да се запишува другарот на фармација на Универзитетот во Штип. И сега ми се јавува братучедот во 11 сабајле дека пристигнале и дека ке идат да завршат работа, да пополнат некој формулар за запишување , а за саат време да се чекаме и да седнеме на кафе.

Поминува саат време и доаѓам во 12 пред ректоратот и ги прашувам дали завршиле работа и ми велат дека чекале и чекале и чекале и сега им рекле дека ке правеле пауза вработените таму.

Ок , седнуваме на кафе и после саат време во 13 часот идеме пак до Универзитетот за да заврши детето работа. И пред врата застанал еден од обезбедување и вели да сме почекале, тие еден по еден ке ги повикувале сите што чекаат надвор.

И поминува пола саат чекање и излегува еден од вработените да испуши цигара и мене ми падна жал за детето што од сабајле чека и му велам на оној врабоптениот „ Значи вака „работете„ по универзитетите во Македонија, со правење паузи , крајно незаинтересирани за новите студенти.....Дали имате малку осет дека се додјени идни студенти од друг град кои сакаат да студираат во Штип , а вие воопшто не сакате ни да ги примате внатре ??? Така ли очекувате да има заинтересираност за запишување на нови студенти ???? Колку дена треба да чекаат студентите за да се запишат ??? Или планирате да им платете ноќевање во некој од хотелите тука ????

И ми вика тој вработениот „ Извини девојко, за тоа се грижи мојот колега, но штом вака јавно не искритикува веднаш нека влезе детето со мене внатре ке средиме работа „ .....и ја фрли цигарата влегоа и за 5 минути се врати другарот на братучед ми и рече дека завршиле работа

Ја сеуште бев нервозна бидејки што е со останатите студенти кои чекаа на жешкото надвор ??? МОРА ЛИ СЕ ДА БИДЕ СО ВРСКИ ПО УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ???? СВЕ ПРЕКУ РЕД ???? СРАМОТА :mad:
 
Се во државава функционира со врски, и се додека е така нема да влеземе во ЕУ. Џабе е и да се донесат европски закони кога ние како Македонци со добро познатиот менталитет ќе бараме начин да ги избегнеме или да го најдеме главниот и преку него да завршиме работа..мислам дека секогаш ќе биде така во државава.

Иначе ме изнервира тоа што утре морам со татко ми да идам на работа и да станам рано -.- Гррррррррррр
 
Нервозен период оваа недела,се реновира дома кречење па склопувавме кујна од 17.00 до сега,па после монтажа плус овие жештиниве уште толку нервираат а и некој кога ти се мешаааааааа...........ајјјјјјјјјјј
 
Мене не ми пречи жештинава, денес јас цел ден си се шетам надвор гол:)
 
Нервозен период оваа недела,се реновира дома кречење па склопувавме кујна од 17.00 до сега,па после монтажа плус овие жештиниве уште толку нервираат а и некој кога ти се мешаааааааа...........ајјјјјјјјјјј
Исто друже,вчера и денескакречиме,теписи переме,рацеве ми паднаа.
 
ак ми вервиш....нишчо не ме изнервирало....абе ич........
се оди по удолница....абе убајни
 
Жештината и помислата за тоа што треба утре да полагам на факс.
 
Со среќа :)

Иначе... мене? Сигурно горештината, а немаме дома клима уред, се ладиме на вентилатор... топло, топло... да ти се умира. Би спиел, па би се разбудил ноќе, али премногу топло е и за да се заспие.

Тоа.
 
Ме изнервира тоа што се успав за на работа, и тоа за цели четири часа:confused:
 
А да не се жалите на временските услови? Зимо ви е ладно, лето ви е жешко, на есен ви врне, на пролет незнам шо ви е :D Имаме четири годишни времиња и навикнете се, не се важи ако кажете дека такво нешто ве нервира -.-

он топик: мене денеска ме изнервираа комшиите, не кажувам зошто, ќе прочитаат :)
 
Ме изнервира тоа што Манчестер Јунајтед освои 3 бода без никаква игра како и обично.
 
Се изнервирав кога видов дека не ме примиле на факс:icon_lol:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom