Што ве иритира кај луѓето?

Некои кои се прават најубави и најпаметни и си мислат дека се во центар внимание...или тоа со "прчење уста" ...уффф премногу ги има...
 
Ме иритира кога некој ме лаже и во очи ме гледа. А и не мора во очи да ме гледа , а да лаже ,,,, пак ќе ме иритира тоа
 
Лажговци, лицемери, самозаљубени, паметњаковци... итн итн
 
Тешки медиокритети самоуверени со својата полувистина и црно бело гледање на работите.
А ме нервираат некои понапредни кои се спуштаат на медиокритетко ниво бидејќи таму им е безбедно.
 
.. Лажење, лигавење, цимолење, глупавоо однесување за да привлечат нечие вниманиее, искоритување , кажување "Te сакам" на секојј втор, неискреност, непостојаност, завидливост, нечесност, дволичност ...
 
Што не можат да ја поднесат туѓата среќа. Ако некој е поуспешен од нив, го гледаат како соперник а не како мотив и тие да бидат успешни. Ме иритираат лицемерни луѓе кои глумат и секогаш имаат некоја цел со се што прават односно некаква корист. А најмногу ме иритираат песимисти и постојано негативни луѓе кои само се жалат и шират негативна енергија!
 
Ме иритираат луѓе што не знаат да почитуваат туѓо мислење, нека не го прифаќаат но нека покажат малце почит кон друѓите. Одозгора па и толку се убедени дека се најпаметни и дека нивното мислеље е најправилно.

На секој во сешто ќе му се најде маана а тие самите не се погледнат прво.:tapp:
 
А таман сакав да го пишам ова...:) И моето мислење е тука некаде, ме нервираат сезнајковци, ако нешто знам, а друг не знае ќе му покажам нема да го исмевам макар се работело за ситница. А ова нашава земјичка си врие од такви луѓе кои знаат се. Очигледно многумина потфрлија во меѓусебната комуникација која се состои во тоа да го ислушаш другиот.
 
Ме иритираат луѓе што не знаат да почитуваат туѓо мислење, нека не го прифаќаат но нека покажат малце почит кон друѓите. Одозгора па и толку се убедени дека се најпаметни и дека нивното мислеље е најправилно.

На секој во сешто ќе му се најде маана а тие самите не се погледнат прво.:tapp:

Колку само си во грешка. Врска немаш што збориш. :)

Во последно време ме иритира stubborn егоизам и кога знае дека греши. И подбивањето на работите кои не ги разбираат. Тоа најчесто се работи попаметни од нив самите.

И да. Ме потсети Ладна Рака Кромид. Пензионери. И карактерно и по функција.
 
Не гледајте ја раската во окото на твојот ближен, туку гледајте ја гредата во сопственото око!:icon_lol:
Јас на никој не му замерувам што е убав кога знам дека јас сум најубав :pipi:
archbishop_stefan.jpg
 
Кењање против националните празници и недоволното познавање зошто ги славиме.
 
Ме иритираат многу љубопитни луѓе кои не смеат а да не знаат шо ти се дешава.
После, ме иритираат само оние сезнајковци кои се јаки само на зборови, у суштина ги применуваат истите грешки кои претходно ги плукаат.
ЛИЖИГЗ-луѓе, ако можам да ги наречам луѓе. Или од корист, слично му доаѓа. Трагично е што сеповеќе ги има. Па, добро, знаеме дека секој си го гледа својот интерес, али не мора да се улизуваат и да газат на нивните човечки вредности ( што ги немаат)
Ме иритираат луѓе што функционираат само ако се во центар на внимание. Вриштење, дерење, кажување глупи финти, и давање глупи факти. Лошо.
Ме имитира лицемерие. Маче, сонце, мило а позади грб којзнае со какви поими те споредува.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom