Што со тајните?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
сум се нашла во ваква ситуација но никогаш не сум ги издала тајните,сметам дека тоа шо ми го кажала е премногу лично и нема потреба да го раскажувам тоа на секого кого шо ќе стигнам. Таа ако ги раскажува на секого моите тајни тоа кажува за нејзината личност...тајните шо ми ги кажала или сум и ги кажала немаат врска со нашата караница тие треба да си останат само за нас:toe:
 
Имавме една другарка која, кога престанавме да се дружиме, почна да кажува се и сешто на кого ќе стигне, дури и измислуваше работи, само за да излезе дека она е во право и дека е жртва, за сите да ја сакаат :tapp:, ама некако не и успеа и искрено ми паѓа жал понекогаш и покрај сето тоа што ни го има направено, шо да правам таква сум :toe:.
Мислам дека тоа го правела од страв да не остане сама, да не не се дружи никој повеќе со неа и сл. Луѓето се спремни се да направат само да не останат сами, се здружуваат и со најголемиот непријател (шо беше и нејзиниов случај).
 
за тајна како ГРОБ сум
 
Јас никогаш не би издала некоја тајна што навистина ми е кажана да ја чувам без разлика дали ќе се скарам со личноста или не..Но сепак мојата класна од средно ми даде еден многу паметен пример во врска со тоа...
Еве го:
Ќе му ја кажиш тајната на еден човек (ќе ги означувам со бројче еве на пример 1 и на секој друг човек се додава плус 1) значи сега за сега e:1.
Потоа на уште еден:11(значи два кеца за двајца по еден)
Потоа на уште еден:111
и кога ќе го погледнеш резултатот доаѓа до вистината дека твојата тајна не е кажана само на 3-ца туку на 111..Примеров ми беше многу интересен а и ми изгледа и вистинит,само не знам дали вака ќе се свати добро но подобро звучи кога некој ти го објаснува усно..:)А само бројчината да се пишат..
 
Имало личности на кои што сум им верувала безрезервно и кој што знаеле многу работи за мене и сум им кажувала баш затоа што сум верувала во нив,но истите тие ми имаат зариено нож в грб и од искуство веќе практикувам тајните да си ги задржам само за себе,се разбира дека сеуште постои некој на кој му верувам но во врска со тајните држам дистанца...тоа што не треба да се знае нека остане закопано засекогаш...
 
Тајната е тајна само додека ја знаат двајца,дознае ли трета личност тогаш веќе е јавна тајна..
 
Се немам со некој близок до толку скарано,да дојди до то да не зборам со него,но во никој случај не би издала тајна.Нема смисла да издаваш нешто што ти било кажано во поверење.Без разлика поради што прекинало пријателството,нема шанси да издадам тајна.Едноставно ми е многу глупаво и ниско да одам наоколу и да кажувам работи кои некој мене ми ги доверил.
 
Кажи ми тајна па ке видеме дали ке ја чувам :pos:
Не шала на страна,без разлика дали ми бил/а другар/ка или не јас секогаш ја чувам тајната во себе и не издавам никој макар и да ме носат на палење на плоштад...
Верна сум ко man's best friend,the dog :pipi:
Тајната иде со мене во гроб.
Е сега ако мене ме издаде некој за моја тајна е тогаш ке видиме како ке стојат работите :icon_lol:
 
Тајната ако си е моја, моја си е и ќе си ја носам со мене .. Не е ни за мама, ни за тато, бато, дада, другари, другарки .. ЗА НИКОЈ !

Ааа тој што мене ми се отворено и ми кажано нешто во доверба, тоа си е негово право, а мое е да молчам и да не ја изневерам неговата доверба во мене. :wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom