Што со плаќањето? Кој би требало да плаќа?

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Тие со добра душа сметка на цела кафана плаќаат. Онака оти се ербап луѓе.
 
Smetka za cela kafana ili poedini luge se plaka od kef:)
 
Не е возможно ич оти нема да ти биде маж, ќе искрвари по улица од бес :)

Не да не се слагам. Има и такви, не дека не, али не се баш оној "идеал" за маж, поише искомплексирани лингури. Нормален самоуверен маж сака успешна жена до себе, и не праи математики кој поише заработува се додека и двајцата заработуваат доволно.
Од друга страна, нема да најдеш успешна жена, што не е слон, до себе да има неуспешен маж. Не постои тоа. Едноставно. И не само успешна, да не се праиме луди, сви би сте хтели да вас јебе Бекам.
Што се однесува до плаќањево, сметам дека на секој маж треба да му биде чест и задоволство да ја плати сметката. Не е облигација, апсолутно, али ако има барем некакво познавање од социјалната динамика на машко-женските релации и има за цел да остави некаков впечаток ова што го зборам е едноставно комон сенс.
И секоја жена со познавање на основен бон тон и пристојно домашно воспитување не треба да од ова да прави драма. Ги имам изнесувано моите ставови на овие теми многу пати наназад, и ставот не ми се разликува многу од она што го кажа Ставро дека во овие релации, во еволуциона смисла сме во камено доба. Сакал неќел ова е декларативната норма на природата. И за секој што планира да се усоврши во овие односи, подобро да го толкува како императивна норма. Се останато е илузија диктирана од различни културолошки заблуди, цивилизациски идеи пренесени да погрешно поле.
За крај, да не се разбереме погрешно, зборувам за некаков идеал, за она како треба да биде, ми нема поента сега да изнесуваме дегутантни аномалии на природата, жени со кур и мажи со пичка.
 
Пред многу години, на друга тема .
Истиот став и мислење важи и за оваа тема. Некој упорно ги гледа жените како нерешлива енигма, а тие напротив баш имаат базично размислување( иако холивуд ни прикажува поинаку). Воопшто не ми претставувало проблем на егото кој ке ја плати сметката пошто во најмала рака тоа и не е битно. Битно е како ке се поставиш за да ја добиеш посакуваната реакција. Значи може и таа да ја плати сметката и пак да мисли дека постигнала којзнае што и да те гледа како кец на десетка, а можеш и да играш на мачо картата и цело време да ги плаќаш сметките и пак да те гледа како непокриена десетка, така да сосем е небитно кој ке плати, туку како ке се поставиш.
 
Ако излезам со пријател или пријателка која не работи, јас плаќам секогаш,без разлика кој викнал.
Ако со други кои заработуваат од прилика еднаш јас, друг пат тој,, зависно кој како е при пари. Битна е дружбата. Кај големи друштва од кои некои не ги ни познавам се случувало некогаш да останеме 2-6 души, демек сите си оставиле пари колку мислеле , а ние треба да доплатиме4-5 000 денари.Тоа ме лути и не одам друг пат со нив во кафана.
 
Убава темата. Сега сите да дадете рапорт кој и како плаќа кога ќе излезе со тетка му, со втор братучед, со кучето.

Во љубов и секс.
 
Секој маж со самопочит нема да остави некој друг да му средува сметките во кафана, ресторан, кафич, кај и да е.
А, еднаквоста, еманципираноста, модерното време и штоидае нека си ја дискутираат во женско друштво. Не вреди човек да троши време и нерви да се објаснува за такви глупости.
 
А шо е битно кој плаќа?
Мерење полови ограни муабетов, лоц оф стириотајпс ен фрстрејшнс.
Позз.
 
А шо е битно кој плаќа?
Мерење полови ограни муабетов, лоц оф стириотајпс ен фрстрејшнс.
Позз.

Длабоко. Вистински мудрец. После 150 постови со објаснување зошто е битно кој плаќа, ваква мудрост. Да ти е мерак да пишуваш на форум после ваков пост.
 
Длабоко. Вистински мудрец. После 150 постови со објаснување зошто е битно кој плаќа, ваква мудрост. Да ти е мерак да пишуваш на форум после ваков пост.
За разлика од вас кои сеуште пливате на површина зошто не знаете да задржите воздух, се согласувам.
Мудрец ит ис.
 
Абе ова со плаќањево зависи од неколку работи нормално :) На почеток на една врска нормално е машкото да плаќа скоро секогаш. Е сега кога веќе е подолга врска кога подобро се познавате, нема тука никаков срам и девојката да си плати некогаш за себе, не велам дека и за машкото треба да плаќа. Сепак ќе одите на одмори некогаш викенди, па машкото не е извор на пари и секогаш да биде оној што ќе се фати за новчаникот. Треба да се делат трошоците. Инаку и јас сум во врска и обично јас сум тој што плаќа од причина што јас веќе заработувам, а она е сеуште е посветена на образование и нормално е да имам повеќе пари. Но сепак понекогаш инсистира самата да си плати карта за некаде барем за себе..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom