Што се суканиците?

  • Креатор на темата Креатор на темата Efi
  • Време на започнување Време на започнување
Колку е цена да се иссука?

од 50 до 100е зависи до должината на косата.

Има многу хејтери на суканици кои се кељави, неинформирани или немаат срце да направат таква фризура која секако не треба да ти биде како аксесори туку треба да посветуваш секојдневно внимание и љубов.
 
Едно време многу сакав да си ја направам косата на суканици, но не ми дадоа од дома, немој да си ја уништиш косата, после ке треба кратко да ја ишишаш... :tapp:

јбг, средношколка бев, морав да слушам

сега векје ми помина меракот :smir:
а и нема да ми одговара на стилот на облекување
(се тешам самата) :tapp:
 
Другар ми од основно што учам сега со него 2 години напиња дека ќе прави суканици и никако да направи, кој знае кај се прават и за колку пари нека пише да му пренесам. Благодарам однапред.
А јас лично никогаш не би направила, не се мој стил.
:pipi: :back:
 
Интересни се!
Почнаа да бидам во мода поради Марица од Млади Бунтовници што ги носеше во втора сезона, како и Том од Токио Хотел.
Ја би направила, само една отпозади. :smir:
 
STO SE SUKANICITE - KUL STVAR ILI ZURKA ZA VOSKI?
DALI NEKOIGAS BI NAPRAVILE?:ija:
Ако знаеш како да ги одржуваш и да се грижиш за нив, нема да имаш ниту вошки ниту пак ќе мирисаат лошо. А за тоа што претставуваат, ќе кажам дека како тетоважите и пирсевите, според мене, суканиците се начин на изразување преку косата. Или може да е само стил. во било кој случај, која сака да си направи, треба да внимава и да ги одржува здрави. Знаат од негрижа, после некое време да се распаднат.
 
Еден другар ме молеше да ми ја прае косава суканици ама не знам како би ми седеле така да одбив :) Иначе закон са, и ги поштуем тие што имаат суканици.
 
Пред еден месец имав две ти на тимбава ама сакав кратко и немаше смисла да ги оставам неубаво стоеа ...Инаку баш се кул да ја израстам косава( ако ја израстам) сакам цела да ми биде со суканици .
Тешки се за одржување ако имате слаба косичка и осетлива кожа не се баш најдобар избор. Косата секако дека може да се мие ..само шо од миењето се подразлетуваат влакна од суканиците па на две недели треба средување... и тоа е тоа =) баш се штосни :vozbud:
 
Сакам на коса да си пукнам суканици ама незнам како се прават оти во прилепов сите бербери ги расшетав и неможам да најдам бербер шо прај суканици па дали некој знае да ми каже како се прават и како се одршуваат....благодарам однапред
 
Решен сум за суканици ..можда уште мнооогу малку косава да ми потпорасни ...таман ми е за потенки суканици ..само ме мрзи да слезам да прашам кај прават ..во Прилеп ..и отприлика колку е цената ..да си знам ..како и да е ..интересна работа е ..
 
Дечки, да не знае некој каде можам да купам додатоци за суканиците.. како овие на пример: http://0.mk/fb6f3
 
Многу ми е криво што во средно не си направив. Сега се чувствувам стара за нив. Уствари не стара, туку познавајќи го нашиов менталитет нема ни у кафиќ работа да најдам, камоли на некое посериозно место. Кога ќе ме видат усукана уште од врата ќе ме вратат дома :pos:
Ако некогаш правам (што не верувам) ќе ја направам цела коса. Една или две глупо стојат, како телетабис ќе штрчат.
 
Многу ми е криво што во средно не си направив. Сега се чувствувам стара за нив. Уствари не стара, туку познавајќи го нашиов менталитет нема ни у кафиќ работа да најдам, камоли на некое посериозно место. Кога ќе ме видат усукана уште од врата ќе ме вратат дома :pos:
Ако некогаш правам (што не верувам) ќе ја направам цела коса. Една или две глупо стојат, како телетабис ќе штрчат.

Чим такви предрасуди имаш за предрасудите, така и ќе има предрасуди. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom