Што се случува со Тиквешкото Езеро?

  • Креатор на темата Креатор на темата paraglajder
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.867
Поени од реакции
1.681
КАВАДАРЦИ- Водата во Тиквешко Езеро е загадена, информираат од Центарот за јавно здравје во Кавадарци. Од вчера стапи во сила забраната за капење во езерото. Водата не смее да се користи ниту за наводнување на земјоделските површини, ниту, пак, за напојување на добитокот.

„Центарот за јавно здравје во Кавадарци редовно врши анализа на квалитетот на водата во Тиквешко Езеро. Се земаат проби од две мерни места. Прво, од место наречено Пумпи и второто мерно место е браната на ХЕЦ ’Тиквеш‘. Според резултатите од добиените анализи, водата е загадена, особено кај браната. Препорачуваме да се направат дополнителни токсиколошки анализи за да се утврди причинителот на загадувањето“, вели во изјавата за „Утрински“, д-р Трајче Ризов, специјалист по хигиена од Центарот за јавно здравје. Тој рече дека ќе ги информира сите надлежни институции за да се извршат натамошни испитувања.

Единствено Хидробиолошкиот завод од Охрид може да ги врши таквите испитувања.

Како што пишувавме, водата во најголемата вештачка акумулација Тиквешко Езеро со денови има зелена боја, а на повеќе места на брегот се забележува небесно сина боја. Деновиве голем број туристи се разладуваа во водите на Тиквешко, но и најголемиот дел од земјоделските површини се наводнуваат со водата од езерото.

Извор - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=956AE3FC6924E544853907F85FA14D8F
Дали некој има информација до каде се испитувањата и има ли нови информации околу тоа што се случува со езерото?
 
Поима неам шо се случува со Тиквешкото Езеро. :pos: Шала ..
Он топик .. лоша работа.. вообичаено е за Македонија ова, нема што многу да се дискутира тука ..
 
Како што разбрав, резултатите од испитувањето на водата во Тиквешкото езеро се готови и покажало дека водата е загадена од 5ти степен...има забрана за капење, наводнување.
Нивото на водата значително намалено за да се
Во меѓувреме последните 2-3 дена масовно се исфрлува изумрената риба со тони на депонијата.

Е сега се вртат муабети од каде ова...Некои велат дека водата е загадена од реката Црна река од води од Тец Битола, други од рибниците, кои што не се поставени на места каде што има проток/струење на вода, а тие се во заливите и од самото хранење на рибите се загадува водата. Водата е загадена до 1.5 метри во длабочина и на бреговите се развиле големи габи.
 
А се превзема ли нешто за да се подобри ситуацијата?
 
Сакам да прашам . Зошто нивото на Тиквешкото Езеро е толку намалено. Ако некој го знае одговорот ве молам пишете. Бидејќи ова ми треба за прокет на училиште. Благодарам однапред :)
 
Сакам да прашам . Зошто нивото на Тиквешкото Езеро е толку намалено. Ако некој го знае одговорот ве молам пишете. Бидејќи ова ми треба за прокет на училиште. Благодарам однапред :)
oти беше сушна година... со топењето на снегот на пролет, водата во езерото се очекува да се врати во нормала.
 
Сакам да прашам . Зошто нивото на Тиквешкото Езеро е толку намалено. Ако некој го знае одговорот ве молам пишете. Бидејќи ова ми треба за прокет на училиште. Благодарам однапред :)

susna godina,a i nedostatokot na struja si go pravi svoeto
a spored nekoi lugje malku i da se iscistelo ezeroto zasto letoto imase golemi problemi so zagadenosta na ezeroto
da se nadevame deka so ovoj sneg ke se napolni ezoroto kako sto bese i porano
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom