Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Важно, знаат што сакаатМажите сакаат... да им кажете дека се секси
И мажите понекогаш имаат проблеми со самодовербата. Тие иако постојано ви даваат комплименти, не е лошо и вие понекогаш тоа да им го возвратите. И самите знаете дека пофалбата на надворешниот изглед годи.
Мажите сакаат... рачна работа
Со ова не мислиме само на сексуален начин. Тие сакаат и масажа, галење, чешкање... Разгалете го малку.
Мажите сакаат... романтични гестови
Да, и мажите сакаат романтика. Изненадете го со некој романтичен и сладок гест и тоа без никаква причина. Доволна е само романтична порака или едноставен подарок.
Мажите сакаат... да ја преземете контролата
Повеќето мажи сакаат да го зачинат сексуалниот живот и да не ја преземаат само тие контролата. Затоа, не го чекајте тој да го направи првиот чекор - едноставно зграбете го и одведете го во кревет.
Мажите сакаат... да имаат власт над далечинскиот управувач
Секогаш сакаат власт врз управувачот, но тоа не е се! Мажите сакаат и кога вие уживате во најважната споредна работа на светот... Понекогаш обидете се да уживате во спортските преноси и не водете војна за далечинскиот управувач.
Мажите сакаат... да не воздржувате во кревет
За време на сексот нема воздржување! Мажите сакаат длабоки воздишки, па дури и вресоци. На мажите тоа јасно им покажува колку уживате во неговите сексуални потези.
Мажите сакаат... вие да го испланирате денот
Зошто вашето слободно време да го организира само тој? Преземете ја контролата во свои раце и изненадете го со некој излет или вечера.
Мажите сакаат... повеќе орален секс
На мажите никогаш не им е доста од оралното задоволување. Било каде и било кога, вашиот партнер секогаш ќе ви се препушти. Единствено време кога треба да почекате е по оргазмот - тогаш дозволете му да одмори.
Мажите сакаат... вие да ги слушате
Мажите сакаат кога им ги слушате сите зборови. Пробајте да го погледнете светот од негова перспектива и навистина да го слушнете тоа што тој се обидува да ви го каже.
Мажите сакаат... да се релаксираат
Иако звучи неверојатно, некои мажи сакаат кога партнерката ќе им се придружи во нивните хобија и се разбира и тој да се вклучи во вашите. Иако можеби имате различни интереси, тоа не е причина да не можете заедно да се релаксирате во некои активности.