Што по раскинување на долга врска?

  • Креатор на темата Креатор на темата ^IgoOr^
  • Време на започнување Време на започнување
Само во една долга врска сум била.. После неа, се чувствував како да можам да дишам, повторно. Додека бев со него не ми беше ни јасно колку сум изгубила и колку сум била одвоена од сите останати... Ама и деца бевме, што знаевме:)
 
Незнам мислам дека никогаш нема да престанам да ја сакам,оти и подарив чисто срце полно со љубов и мојата душа и припаѓа неа!!Значи сеуште ја сакам и знам дека ќе ја сакам зошто има работи во овие 2 месеци кои поминале и сеуште ми значи таа..Сакам да и се вратам ама она неќи мене и затоа незнам што и како ќе биди...Знам дека ме сака и дека и значам уште али стварно незнам :toe:
ТЕ САКАМ ДА ТИ ГО Е*АМ ПЛ*МЕТО!!!!
И без разлика што и да ми велиш за да пробаш да ме натераш да те заборавам,макар сега и муабет што не ми прајш јас те сакам тебе и само тебе!!!
 
Незнам мислам дека никогаш нема да престанам да ја сакам,оти и подарив чисто срце полно со љубов и мојата душа и припаѓа неа!!Значи сеуште ја сакам и знам дека ќе ја сакам зошто има работи во овие 2 месеци кои поминале и сеуште ми значи таа..Сакам да и се вратам ама она неќи мене и затоа незнам што и како ќе биди...Знам дека ме сака и дека и значам уште али стварно незнам :toe:
И без разлика што и да ми велиш за да пробаш да ме натераш да те заборавам, јас те сакам тебе и само тебе!!!


истуте чуства(со некои корекции)...освен шо не ме сака и шо не и значам сигурен сум(барем да поодевме некое време)...јбг брат со среќа...барем тебе те сака...поздрав
 
хе знам и не сакам да знам... убаво ми е вака... мада ме лазат морници зашто знам ќе помине доооолг период пред да излезам воопшто некаде, а не па да помислам на друг :(
 
По раскинувањето, следи недела дена правдања, лечења,
после тоа не се застанува тука, не е крај на светот,
се оди по дуга девојка и тоа е тоа.
Не ени прва ни последна.
Ќе си земеш да слушаш Брутал Трут Метал и се ќе биде во најдобар ред.
Само Брутално после долга врска:)
 
Зависи од крајот. После долга врска ќе шмекам и шмекам и само ќе се разонодам. Рипање нагло у друга врска...Нее Благодарам, тукушто имав!
 
Хех па после расќинувањето на две ипол годишна врска по моја вина сватив колку ја сакам...Пследните месеци мислев дека ми беше само навика но откога ја изгубив сватив што стварно ми значи, но работите беа толку инскоплицирани што немаше друго решение освен да се разделиме.Еве веќе 2 месеци и некој ден откако не сме заедно пробав со повеке момички но со никоја не ми беше убаво упорно ја правам таа глупава споредба во која што секогаш е таа подобра....На моменти се залажувам дека сум ја заборавил но кога ке поминам низ некое место каде што сме биле заедно,некој предмет што ми е од неа или ме потстува на неа,некој сличен мирис на нејзиниот многу ми е тешко и мака...

П.С не барам помош само сакав да си се искажам:helou:
 
Дека боли, боли, ама ако била добра, врската немало да пропадне. Животот е краток за да се троши на тагување и самување. Токму откако ќе се прекине долга врска треба што повеќе да излегуваш и да се дружиш, иако не ти е до тоа. Најлоши варијанти се:
а)Да се осамиш и по стопати во главата да го пушташ истиот филм од кој ќе бидат исечени сите кадри со лоши моменти;
б)Да се залеташ во нова врска наскоро по раскинувањето;
в) Да се обидуваш со патетични изјави да ја обновиш врската, па да раскинуваш на рати;
 
По долга врска продолжуваш понатаму.. Животот и понатаму тече.. Не вреди да си ги трошиш солзите и времето за нешто кое не функционирало како што треба..Едноставно така требало да биде.. Сигурно ќе има и друга шанса за врска во која ќе стапиш како позрела личност која учи од своите грешки..:toe:
 
По долга врска,иако со болка и тага во градите,продолжувам понатака спремна за нови предизвици кои ќе ме пресретнат.Со извлечена поука од минатата врска,се обидувам да не ја повторувам грешката во врска во која во иднина ќе се најдам.
Нормално дека ќе има солзи и се' тоа.Но сепак,таа врска не била прва,а нема да биде ни последна.Животот е пред мене:smir:
 
вадиме пиштолот и ...
што ви е бре луѓе се разбира дека животот продолжува понатаму:) може би ќе има некој проблеми на почетокот додека се навикнеш на новонастанатата ситуација а после тоа одиме понатаму!
ако сте ја прекинале врската значи дека љубовта треба да ја барате на друго место.
 
sto po raskinuvanjeto na dolgata vrska,sto?pa ne zavrsil mojot zivot so zavrsetokot na vrskata.sama sum rodena sama ke umram a se popat sto se slucuva e po pat ne mora da znaci deka e dozivotno pa ni dolgata vrska.posle nea doaga druga itn.a jas imav obicaj sekogas da si ostanam vo prijatelski odnosi so site moi bivsi deckovci taka me ucese majka mi deka ne e ubavo da ostanes vo loso sekavanje kaj lugeto pa na nekoj nacin ne gi prezivuvav moite vrski taka tragicno.
 
По завршување на долга врска, еден празен период за средување на чувствата, и тргнуваме во лов по нова љубов, нови доживувања и нови искуства...
 
Има повеќе исходи.
1. Ако е раскината на начин со претходно измачување на самата врска тогаш нема проблем... Се дише полесно и не постои ништо што би ме вратило да и` се вратам на е веќе експартнерката па дури и како пријател. Значи, животот оди напред со насмевка.
2. Ако се раскине изненадно... тежок е патот. Идејата ми е да се дистанцирам од личноста на еден временски период се` додека страстите не оладат...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom