Што научивте од последната врска во која бевте?

  • Креатор на темата Креатор на темата кики
  • Време на започнување Време на започнување
од последната врска научив дека не треба да се верува до крајност на партнерот и дека за ситници не треба човек да се нервира и дека ако не оди врската треба веднаш да се прекине а не да се чека да помине време:pipi:
 
А стварно супер тема:).Па научив дека кад тад ќе здосади,не ја варај девојката(уствари варај ја ако си сигурен дека нема да дознае:)).А и не фаќај девојка што навива за Интер:nenene:
 
Научив дека врската не може да биде врска ако едниот партнер е себичен, и доволно му е да те гледа еднаш неделно...
 
чувај си секад резерва и кога ќе ти понудат секс, не глеј колку ја сакаш љубовта на твојот живот, еби - оти ќе зажалиш за пропуштеното.
 
Многу научив, богами. После година и еден ден, научив колку што научив за претходните двесет и една мои, во љубовта. И научив дека не треба да се давам целосно и безрезервно. Научив дека немам, и дека треба да развијам осет за тоа кога, и колку сум искористуван, манипулиран, понижуван, навредуван. И обвинуван. И научив дека кога ќе сакам некого, не треба да заборавам на се друго. Најмалку на самиот себе. Како што заборавив.

Денот го гледам како едно тавче, во кое разни работи ти го полнат, и навечер пред да легниш, го ставаш во печката, наречена срце, и го печиш и примаш во себе. Е во тие, претходни 366 тавчиња, голем дел од работите ми ги полнеше мојата љубена. Понекогаш, го полнеше целото сама. И ми ставаше убаво, ми ставаше и горко, и гнасно. Ама пред да го ставам на печење, секогаш најгоре мачкав со убавото. До денес, кога ми кажа дека треба нејзините зрна повеќе нема да се најдат во моето тавче.

И научив дека сум повреден. Дека ќе ми недостига и дека ја сакам. И дека нема да ја имам пак. И дека ќе пробам да сум силен, и да ги слушам сите околу мене, и да ги прифаќам. Да го отворам срцето малку повеќе од порано, ама да не се сопнам повторно, отворајќи го целосно, кон некого.

Ќе научам да бидам внимателен. Ќе научам да барам, а не само да давам. Ќе се потрудам да си ги вратам емоциите на некоја поинаква хоризонтала. се надевам тоа ќе го успеам и со нервите. И со моето јас. И ќе терам. И не сакам да ја видам повеќе. За да не пропаднам пак. За да не ме здоболи пак.
 
Дека треба да престанам да ги сожалувам луѓето затоа што на крај секогаш јас страдам
 
Научив премногу..Научив како е да се ,,вози" партнерот,научив дека постојат фори за кој не сум можел да замислам дека постојат,научив дека колку повеќе вложувам толку полошо ми се враќа,научив дека не смеам да попуштам, а многу често го правев тоа,научив дека за 2 грешки за кој се каам и ќе се каам секогаш ми ги ,,извадија низ нос'' па така и не добив некоја шанса да покажам дали се каам,научив дека од 10 пати кога јадам ,,бедови'' еднаш е таа тука за мене и мисли дека цел живот била со мене во добро и зло,научив дека без доверба тоне се,ги научив своите грешки, признавам,понекогаш претерував ама таа не знаеше да искомуницира на прав начин,научив дека мора да има компромис во една асална врска ( а овде немаше ) , научив дека кругот се врти...И продолжува да се врти
 
...научив дека без доверба тоне се... научив дека кругот се врти...И продолжува да се врти
единственото што си го сфатил како што треба..се друго е глума! и да..БЕЗ ДОВЕРБА, СО ЉУБОМОРА ПОТОНА СЕ!
 
единственото што си го сфатил како што треба..се друго е глума! и да..БЕЗ ДОВЕРБА, СО ЉУБОМОРА ПОТОНА СЕ!


Мислам дека е подобро да си дадеш свое мислење, а не да го анализираш мојот пост :smir:

пс.глума?! Уфф па ти си подобра и од твојата љубимица Jolie во глума :smir:
 
Дека требаше да ја погледнам ''врската'' од другиот агол, ама на време да го направев тоа!:pipi:
 
jas nauciv deka ne se veruva tolku brzo na site , i deka dalecinata si go pravi svoeto ...sepak nikogas veke nema da imam decko od druga drzava ...ZA PAMET
 
шо знам ништо паметно не научив :), изглеа со таква сум бил :pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom