Што научивме од филмовите?

  • Креатор на темата Креатор на темата џимеј
  • Време на започнување Време на започнување
1. Првиот осомничен никогаш не е убиецот, затоа не губете време.
2. Ако веројатноста е само 1% тоа да е некое друго оружје, додека 99% е веројатноста дека раната е од нож, тогаш раната 100% е направена од друго оружје.
3. Секогаш има некој или нешто кој му попречува на снајперистот за чист истрел.
4. Ако се спомне дека раната можно е да инфицира, тогаш ќе се инфицира подоцна или порано, спремајте алкохол.
5. Вискито е најдобар анестетик.
6. Пушка или пиштол се чисти детално само кога сте до појас соблечени голи или во прилепена маичка.
7. Кога ќе се соочите со редар во диско, тој е секогаш кељав и неговата слаба точка се тестисите.
8. Ако сте детектив и сте разведен тогаш големи се шансите дека вашата кариера е причина за разводот.
9. Нарко лордовите во поодминати години во нивните домови скоро секогаш седат покрај базент облечени во хавајски кошули.
10. Кафе секогаш носи униформиран полицаец.
 
Во акционите филмови, главниот лик никогаш не спие повеќе од 2 саати.

Филмови со Лиам Нисон поготово
 
Освен во Fast and Furious , во сите други филмови главните и споредните ликови возат Тојота Приус!
 
Лошиот и мистериозен чичко секогаш има потреба да се исповеда за своите злобни планови за уништување на светот или whatevz додека пиштолот му е вперен во главата на добриот и згоден дечко кој ќе нè спаси.
 
Добри реплики како: "I'll be back." (The Terminator) ; "I'm gonna make him an offer he can't refuse." (The Godfather) ; "Say hello to my little friend." (Scarface) ; "You can't handle the truth!" (A Few Good Men) итн.
 
Секогаш ако главниот лик, е џандар, има проблеми со пиењето, и го хејтаат на работа.
 
Американските маринци се најјаки,у цел свет,па и вселената... ма и пошироко :)

Кога убиваш некој,не чекај. Убиј го и биди сигурен у тоа.
 
-Во добрите акции, полициската истрага скоро секогаш го носи детективот, минимум еднаш во стриптиз клуб.
-Многу е вообичаено,главниот цајкан да има партнер во полициската истрага да го упукаат во првите 15 минути, да доделат друг партнер, кој не може органски да го поднесе, за на крајот да го даде животот да го спаси истиот.
-Доколку цајканите се машко и женско, обавезно се хејтаат за некаде кон средината да падне добар хејтерски секс и на крајот да завршат двајцата во голема љубов, често и брак.
-Вентилацијата во било која зграда секогаш е добро место за криење, никој никогаш не гледа ниту пак бара таму.
-Сите телефонски броеви почнуваат со 555
-Лошите деца, откако ќе бидат испратени во било каков летен камп, обавезно доживуваат просветлување, стануваат добри и ја запознаваат љубовта на својот живот.
 
Секогаш кога нашиот сакан јунак е врзан за стол, негативецот мора да одржи говор не пократок од 4 минути додека за тоа време дојде партнерот на главниот јунка, цела полиција или во одредени случаи и тој самиот успее да се одврзе и да го искрши од ќотек негативецорт.
 
....Главниот лик (најчесто) доаѓа на утринскиот појадок (на кој се веќе сите од семејството присутни), го пие набрзина сокот/млекото/кафето и заминува со оправдање дека не е гладен и дека се брза...
 
дека таму се случуваат глупости...бетер од секојдневниот живот :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom