Што највеќе цените во животот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Clubber
  • Време на започнување Време на започнување
Искрени, паметни слободољубливи луѓе, алтруизам, млад дух...
Ценам музикалност, уметнички дух, желба за прогрес, патриотизам, љубов фала богу...
А, од личности-ги ценам моите најблиски, другарките и некои луѓе кои ми биле репер, помош и насока...
 
Ценам безрезервност, посветеност, страст, креативност, а пред се индивидуалност!
Овие особини кај луѓето, плус отворен муабет, луѓе со став во животот, ги ценам оние што знаат што сакаат и уште поважно знаат како да дојдат до него,а да не ги заборавам ни оние што не се плашат да сакаат!
...секако се подразбираат моите најблиски...
 
Семејството, Пријателите, Музиката, Гитарата, Патриотизмот, Македонија, Компјутерот, Љубовта, Искреноста
 
Искреноста, наивноста, добрината, љубовта, парите ( па не може без нив) и пред се блискоста меѓу лугето
 
искреност и вистинско пријателство .
 
Искреноста...
 
Мирот.
Како внатрешен мир,во една личност и како општ мир мегу сите суштества на планетава.
Љубовта.
Која треба да ја почувствува и развива секое суштество кое е свесно за нејзиното постоење.
Почитта.
Кон останатите и нивните избори.Исто особина која треба да се развива до максимум,бидејќи само така би достигнале повисоко ниво на свест и морал.
Алтруизмот.
Волјата да му помогнеш на друг,иако ти немаш никаква корист од тоа.Ни материјална ни емоционална.Едноставно,да помогнеш,без да размислуваш воопшто што има за тебе за возврат.
Не ги поседувам особиниве,само ги ценам многу,и ми се како некаков идеал кој сакам да го постигнам во некоја точка од мојот живот.
 
Најмногу ја ценам искреноста ,потоа упорноста, хуманоста, скромноста и издржливоста. Од личности има многу кои ги ценам за различни работи.На пример некои што знаат да направат да се почувствувам убаво во нивно присуство, некои кои направиле многу значајни работи за мене, секако си го вклучувам и семејството тука:pipi:
 
Искрени, паметни слободољубливи луѓе, алтруизам, млад дух...
Ценам музикалност, уметнички дух, желба за прогрес, патриотизам, љубов фала богу...
А, од личности-ги ценам моите најблиски, другарките и некои луѓе кои ми биле репер, помош и насока...

Boomerang напиша:
Семејството, Пријателите, Музиката, Гитарата, Патриотизмот, Македонија, Компјутерот, Љубовта, Искреноста
grunge_girl напиша:
iskrenost unikatnost i kreativnost i prisebnost i smisla za humor :D
MarinkaUSA напиша:
Искреноста, наивноста, добрината, љубовта, парите ( па не може без нив) и пред се блискоста меѓу лугето
TheBestTipster напиша:
искреност и вистинско пријателство.
Majmunce напиша:
Искреноста...
Maja9 напиша:
DEFINIITIVNO-----ISKRENOSTA
*LittLe heart* напиша:
Најмногу ја ценам искреноста ,потоа упорноста, хуманоста, скромноста и издржливоста.

Здраво, јас сум твојот брачен партнер. Денес кога го земав синот од градинка имав луд и незаборавен секс со една од негувателките. Не е толку нежна како што звучи. Беше прекрасно. Што има за ручек?

Не ја цените вие искреноста, само мразите дека мораат да ве лажат
 
Најмногу си го ценам семејството, здравото размислување и чоколадните крофни.
 
Сакаш да кажеш:Ја сум тој посебниот шо го приметуам сето тоа,и си даам слобода да ве укорам за вашата човечка несовршеност?
Реченицата:"Ја ценам искреноста",кај повеќето луге(ама не кај сите,не генерализирај толку),е научена од букварот у прво одделение и е внесена у потсвеста,па,кога ке прашаат некој,она излегуе како прв и најлогичен одговор шо може да се даде у моментот.Ако убаво размислат,нема веза тоа и како шо кажа ти:
Не ја цените вие искреноста, само мразите дека мораат да ве лажат
Ама јебига,луѓето се такви,и нема шо да им се приговара за тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom