Што мислите за web порталот www.zazdravje.com.mk и аналогниот форум?

  • Креатор на темата Креатор на темата D-r Walle
  • Време на започнување Време на започнување

Што мислите за web-порталот и форум www.zazdravje.com.mk

  • Одличен и ефикасен во подигнувањето на здравствената свест кај населението;

    Гласови: 44 69,8%
  • Многу добар (во горниот контекст);

    Гласови: 10 15,9%
  • Добар (во горниот контекст)l

    Гласови: 6 9,5%
  • Незадоволителен во пласирањето ан информациите

    Гласови: 1 1,6%
  • Лошо пласирање на информациите.

    Гласови: 2 3,2%

  • Вкупно гласачи
    63
па незнам како би го оценувал дизајнот да и форумот кога не е ваша изработка љољ ова дифаулт vbulletin.com е така да за изглед дизајн би дал оценка недоволен а за содржината добра е иако не ме интересира баш многу вакви содржини : ))

Луѓето што го одржуваат и прават сајтот се лекари, не дизајнери и програмери. И Joomla да е тоа е најмал проблем.
 
Одличен е според мене, иначе Џену колку си сигурна дека тоа се лекари, ама она баш 100% ?
 
Одличен е според мене, иначе Џену колку си сигурна дека тоа се лекари, ама она баш 100% ?

И јас и Џену познаваме добар дел од луѓето кои се грижат за сајтот - така да двајцата сме 100% сигурни.

Можам да кажам само дека ваков сајт одамна фалеше во Македонија. Одлично место за луѓето кои имаат потреба од совет, одговор на некое прашање или едноставно сакаат да споделат искуства и мислења како и да бидат информирани за се’ во врска со здравјето.
 
Одличен е според мене, иначе Џену колку си сигурна дека тоа се лекари, ама она баш 100% ?

Имаат свои ординации, и предаваат на Медицински факултет едно 60% од нив :)
 
Одличен сајт..баш за сексот има доста добри работи да се прочитаат..( мада друго и не разгледав :pos2:) нема везе..кул е
 
Си го сменив мислењето околу дизајнот.Го разгледав проталот и форумот подобро,мислам дека е супер што имаме ваков портал можеме бесплатно да прашаме некој стручњак.
 
Порталот е одличен , ми помогна околу некои работи шо ме мачеа од порано ... :kesa:
 
Веќе неколку месеци го посетувам и навистина е корисен. Браво :)
 
D-r Walle, вие сте доктор од која област? Навистина убаво што имаме доктор на форумов :)

Порталот е корисен со солиден изглед. Фалеше нешто вакво. Уште да се наполни со многу материјал за подигање на свеста кај граѓаните за сопственото и туѓото здравје...

Продолжете со добрата работа.

ЈЗУ - Анестезија, Реанимација и Интензивно лекување (КАРИЛ) при Универзитетската клиника за Хируршки болести во Скопје.
 

Порталот е навистина корисен, одамна ни фалеше нешто вакво.
Има информации за се‘ што сум барала досега , плус лесно се разбирливи.
Од мене само пофални зборови.
 
Уште еден портал за здравје, совети за медицина, секојдневни и помалку секојдневни ситуации, исхрана и вежби раководен од тим на доктори.
http://doktori.mk/
постои уште еден кој е раководен од докторски тим али тој е поспецифичен, потесно специјализиран http://www.rak.mk/
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom