Што мислите за web порталот www.zazdravje.com.mk и аналогниот форум?

  • Креатор на темата Креатор на темата D-r Walle
  • Време на започнување Време на започнување

Што мислите за web-порталот и форум www.zazdravje.com.mk

  • Одличен и ефикасен во подигнувањето на здравствената свест кај населението;

    Гласови: 44 69,8%
  • Многу добар (во горниот контекст);

    Гласови: 10 15,9%
  • Добар (во горниот контекст)l

    Гласови: 6 9,5%
  • Незадоволителен во пласирањето ан информациите

    Гласови: 1 1,6%
  • Лошо пласирање на информациите.

    Гласови: 2 3,2%

  • Вкупно гласачи
    63

D-r Walle

www.zazdravje.com.mk
Член од
26 декември 2010
Мислења
28
Поени од реакции
17
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.zazdravje.com.mk
Со цел подобрување на здравствената едукација на населението во Македонија, во виртуелниот етер се појави нов медицински професионален портал и форум за медицина, фармација и стоматологија, кој постои речиси една година.

Со цел увид во моменталниот статус на порталот, уште наречен и "виртуелна клиника", би Ве замолила да го оставите Вашиот глас односно мислење за овој медицински онлајн проект наменет за општата популација.

Ви благодарам однапред...
 
Секој сериозен странски портал за здравје, мора да има сериозен скин, па и овој е направен со таа цел, т.е. врз основа на стандарди и лиценциран од аутлук веб.мед портал комјунити :)
 
Само една работа не ми се свиѓа. БОЈАТА, кога ќе слушнам на здравје сакам убави весели боички жолта зелена розева што знам јас. Оваа ме потсеќа на НЕздравје :). Сепак мое мислење.
 
Глупости, се фативте за некоја тотално несврзана работа само колку да се биде интересен и да се руга се што е ново.

Порталот, како што гледам, има многу соработници, одлични содржини и проверени информации. Само ако се отиде во ИМПРЕСУМ ќе се добие претстава за целата професионалност која го опкружува проектот.
На крај, секако дека од дизајнерска точка е битна БОЈАТА и ДИЗАЈНОТ (чим сте се фатиле толку), ама во вакви проекти пред се е битна содржината и посветеноста на авторите да објавуваат информации. Плус, виртуелна клиника со такви реномирани доктори?

Верувам дека тоа не се случило во Македонија досега.

Затоа, наместо да го поздравите трудот пред се на докторите кои се вклучиле во проектот и нивната посветеност, вие се фаќате на банални работи како боите.
Не ни заслужувате ваков портал, ако никој не знае да каже пофален збор.
 
^
Јас гласав за - Одличен и ефикасен во подигнувањето на здравствената свест кај населението;

Но си кажав искрено мислење што има лошо во тоа? Дизнајнот е според мене е НАЈБИТНА работа и си останувам на тоа.

тенкју
 
Глупости, се фативте за некоја тотално несврзана работа само колку да се биде интересен и да се руга се што е ново.

Порталот, како што гледам, има многу соработници, одлични содржини и проверени информации. Само ако се отиде во ИМПРЕСУМ ќе се добие претстава за целата професионалност која го опкружува проектот.
На крај, секако дека од дизајнерска точка е битна БОЈАТА и ДИЗАЈНОТ (чим сте се фатиле толку), ама во вакви проекти пред се е битна содржината и посветеноста на авторите да објавуваат информации. Плус, виртуелна клиника со такви реномирани доктори?

Верувам дека тоа не се случило во Македонија досега.

Затоа, наместо да го поздравите трудот пред се на докторите кои се вклучиле во проектот и нивната посветеност, вие се фаќате на банални работи како боите.
Не ни заслужувате ваков портал, ако никој не знае да каже пофален збор.

Почитувана Ви благодарам на мислењето...
Искрено не ни ги земамаме во предвид, т.е. за зло критиките во однос на бојата... (секој си има право на свое мислење, можеби и јас пред едно 15-тина години ќе сакав експлицитни бои :)) Сепак ќе речам неможе да светка порталот во жолто зелено розеви и виолетови бои, затоа што пред се е дизајниран според светски стандарди кои имаат за цел подобро примање на информациите, соодветно на тоа и боите се адаптирани за она како би требало да изгледа еден портал за здравје...
Значи боите остануваат, и нема да се сменат :) и немаме за цел тригерирање на епилептични напади кај читателите :)

Во однос на импресумот, мило ми е исто така што сте запознаени со реномето на докторите кои соработуваат со www.zazdravje.com.mk... Oд Јануари 2011 година ќе се вклучат уште 15-тина нови соработници кои секојдневно ќе одговараат на прашањата на читателите...

Ова е прв ваков портал во Македонија, ама нивото за жал на размислување ни е сеуште сиромашно... а здравствената едуцираност завзема загрижувачки размери :(

Ве поздравувам уште еднаш за одличното мислење, и продолжете да не читате.
 
Секоја чест.
Многу често наоѓам информации за се што ме интересира на странава
 
мене ми се допаѓа бојата природно си е така како што бара природата на пример небото е небесно плаво,облаците се бели така како што треба да осветлува целата планета;)
 
D-r Walle, вие сте доктор од која област? Навистина убаво што имаме доктор на форумов :)

Порталот е корисен со солиден изглед. Фалеше нешто вакво. Уште да се наполни со многу материјал за подигање на свеста кај граѓаните за сопственото и туѓото здравје...

Продолжете со добрата работа.
 
па незнам како би го оценувал дизајнот да и форумот кога не е ваша изработка љољ ова дифаулт vbulletin.com е така да за изглед дизајн би дал оценка недоволен а за содржината добра е иако не ме интересира баш многу вакви содржини : ))
 
Сепак кога станува збор за вакви страни, треба во предвид да се земе тоа што е напишано, а не дизајнот.
Како што гледате темава е во "Здравје" а не во "Веб дизајн, графички дизајн и развој"
 
Секоја ви чест , многу пати сум нашол корисни информации,а за бојата што спомнаа мене ми е баш ок,не е нападна не боде оче така да за мене сајтот е 10/10
 
Со цел подобрување на здравствената едукација на населението во Македонија, во виртуелниот етер се појави нов медицински професионален портал и форум за медицина, фармација и стоматологија, кој постои речиси една година.

Со цел увид во моменталниот статус на порталот, уште наречен и "виртуелна клиника", би Ве замолила да го оставите Вашиот глас односно мислење за овој медицински онлајн проект наменет за општата популација.

Ви благодарам однапред...
Нема што многу филозофирање, страната е одлична, полна со лесно прегледни информации, разбирливи и достапни токму како што е наведено -за пошироката популација.

Секоја чест, а пошто боја нешто и не ме интересира (многу побитно е да е со издржани и прегледни информации) од мене само пофалби. Браво
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom