Што мислите за МВР и неговите припадници?

  • Креатор на темата Креатор на темата Mad Maxx
  • Време на започнување Време на започнување

Рејтингот на полицијата

  • Не ги бива

    Гласови: 3 11,1%
  • Не е до нив,до власта е

    Гласови: 15 55,6%
  • Професионалци

    Гласови: 3 11,1%
  • Аматери

    Гласови: 6 22,2%

  • Вкупно гласачи
    27
кога ќе видам полицаец да обезбедува забавачиња на пешачки, ќе поверувам дека сме напреднале во тој сегмент..
 
Офчар тоа само у Америка може да го видиш, зар сме ние стрвли за таков систем?
 
Инаку, колку што ми е познато, Proxima во соработка со МВР организира постојано активности во стил на приближување на полицијата до народот. Лично мислам дека полицијата во последно време е се подалечна од граѓаните, се повеќе политизирана, се помалку пријателска, хумана и заштитничка кон својот работодавец-народот на Република Македонија.
 
Mandrak напиша:
Не се согласувам со тебе во ниеден случај!
-Дали ти се случило да те сопрат „Алфите” на улица без никаква причина, да те легитимираат и претресуваат како да си криминалец и кога ќе им забележиш за таквото однесување да ти се закануваат со ќотек?
Богами, со такво однесување на полицијата нема да не биде за во ЕУ.Треба уште многу леб да изедат додека сфатат дека се сервис на граѓаните кои плаќаат данок за тие да добијат плата, како и дека треба да ја заборават тактиката „секој е крив додека не се докаже спротивното”.
Нормално дека ми се случило да ме сопрат и да ме легитимираат. Сум покажал легитимации и не ме „матретирале“ ниту пак ми се заканувале со ќотек.

Е сега, ако ти настапиш непријателски кон нив, се курчиш, одбиваш да те легитимираат или им се закануваш со зборови „знаеш ли кој сум јас? А?“ - тогаш имаат целосна поддршка од мене да те згрбачат од ќотек.

Никој не би се противел да го легитимираат ако нема направено проблем, или ако носи уредна легитимација како што треба.

Алфите имаат целосна поддршка од мене. :cuc:
 
Не се работи за никакво курчење или одбивање да бидам легитимиран и немам ништо против да бидам легитимиран и да одговорам на прашања кои без врска ми ги поставуваат само за да ме испровоцираат.Најуредно се легитимирав и им одговорив на тоа што ме прашуваа, дозволив да ме претресат.Проблем беше мојата забелешка на тоа што ме претресуваат среде улица како да сум криминалец, знаеш, не е баш пријатно некој што те знае да помине и да види во каква позиција си. Е тогаш бате ми се закануваа дека ако се бунам можело да си го добијам. И што треба сега како грѓанин да мислам за односот на полицијата? Ако тебе не ти пречи да се однесуваат кон тебе твоите љубимци „Алфи” на улица како кон криминалец, тогаш супер, ке бидеме многу јака правна држава. Само не заборавај дека имплементацијата на правото и неговото почитување треба да почне токму од оние кои треба да го спроведуваат и чуваат законот и Уставот на Република Македонија, а таму има и нешто што се вика интегритет на личноста и лично достоинство.
By the way, посети ја малку оваа адреса, многу е корисна:
http://www.pravo.org.mk/main.asp
 
@Wolf Pack-имаш аномалии у сликите и објаснувањата,не се баш најточни.Ако сакаш појаснување-ПП:)

@Mandrak-99,9% од оние кои дигаат галама против Алфите се оние кои се дирекно загрозени од нивните дејствиа,а тоа се криминалците.
Од старт знаев дека Проксима нема да донесе ништо ново и добро,а така и се покажа.Убедливо најглупата работа беше онаа кампања-Полицијата поблиску до народот.Таа кампања ретко кој ја разбра во права смисла,зашто е и на која група треба да делува.
И што добивме?
Се наоѓаме во ситуација во која се појавија еден куп плачи-пичковци кои од некаде ја добиле таа луда идеа дека полицијата треба да им слугува,да им ги задоволува сите хирови и при тоа да биде културна и да го заврти другиот образ при провокации:ne: :ne:
Како што гледам никој не нашол за сходно да ги спомне резултатите од добрата полициска работа.
Самиот факт дека уличниот криминал е опаднат за преку 50% од формирањето на Алфите мене доволно ми збори за нивната ефикасност.
Спомна некој колку криминалци барани по потерници се фатени?
Колку разбојништва и кражби се спречени на лице место?
Нај свеж пример ми е вооружениот грабеж на комерцијална банка во Скопјанка.Разбојниците беа фатени 15 мин. по извршување на грабежот,со сите пари(над 1.000.000 денари и околу 5-6.000 евра,долари...
Што добија тие луѓе кои си ја извршиле работата крајно професионално и ефикасно?
Фала да не им кажал некој?
Наместо тоа сите чафкаат-Алфите се опасни!Алфите се некултурни!Алфите легитимираат!Алфите тепаат без причина!
Аман луѓе,опрај те се:lud:
 
Лошото управување и државата го чини своето. професионалците се туркаат во вителот на небиднината додека корумпираните и идиотите како лајна пливаат на површина, така и со полицијата.
 
подршка за алфите и нивните акции, давам и јас.
Секој чест за нив.
Не би навлегувал во детали, доволно е да спомнам дека му го спасиле животот (или го спасиле од гаден ќотек сеедно), на еден мој пријател.
Сите трефкари, џаначиња и слични деликвенти ќе ги критикуваат дека ги претресувале, правеле проблеми и слично.
Порака до нив -- секој треба да си ги сноси последиците на своите активности..
 
Мандрак, не си во право. Ќе ти објаснам зошто другпат, иако мислам дека Мед Мекс и Никола добра го кажаа своето - сега морам да одам.
 
Никола напиша:
подршка за алфите и нивните акции, давам и јас.
Секој чест за нив.
Не би навлегувал во детали, доволно е да спомнам дека му го спасиле животот (или го спасиле од гаден ќотек сеедно), на еден мој пријател.
Сите трефкари, џаначиња и слични деликвенти ќе ги критикуваат дека ги претресувале, правеле проблеми и слично.
Порака до нив -- секој треба да си ги сноси последиците на своите активности..
Ниту сум трефкар, уште помалку „џаначе”, ниту пак имам причина лично да мразам некого од „Алфите”. Најобичен, лојален граѓанин сум на оваа држава и нејзините закони и никогаш на памет не ми паднало да не го почитувам или кршам законот. Токму како за таков граѓанини неприфатливо е однесување на полициски единици кон него како што го опишав претходно. Се согласувам дека со сила треба против сила, поготово кога е криминал во прашање и ја поддржувам секоја успешна акција против криминалот, но она што сметам дека не е во ред секогаш ке го критикувам и одлучно ке му се спротивставам. Законот и уставот не се права и обврски само на цивилниот дел од населението туку и на полицајците и сите други државни службеници, вклучувајки го и државниот врв. Ако имаме полиција која е подготвена на пример, на редовна „колатерална штета”, налет нивната ефикасност!
 
Имав прилака да гледам една акција на Алфите ин лајф
Брзо,фуриозно ама и премногу агресивно.
Типот кој го ловеја сега се рани со цевче или треба да даде една плата на забар:raz: .За него мајне важи зошто највероватно заслужил ама не се согласувам на тоа што му го направија на еден таксист кој го возеше во таксиот.Откако го виде попо бивол со скршен заб го пуштија да ја одвезе колата.
Барем тепајнето на типот да беше некаде каде што му е за тоа местото а можеа и едно извини да му речеа на таксистот (мада и тоа немаше да му вреди)
П.С за време на акција никој не беше легитимиран
 
Абе факт е дека има неспособни, али има и асални луѓе таму. Не ќе да е фер да ги стаам дека се неспособни и затоа пишав дека до власта е.

Па и је...
 
Little напиша:
Абе факт е дека има неспособни, али има и асални луѓе таму. Не ќе да е фер да ги стаам дека се неспособни и затоа пишав дека до власта е.

Па и је...
Нормално тоа. Ама едно општо мислење за имиџот на МВР и неговите припадници?
 
Еднаш, пред многу години попив еден шут у дупе од еден полицаец и отогаш некако тешко ми е да ги пресудам.
Фала богу, никогаш сум немал проблеми со законот. А судејќи според тоа дека и самите полицајци се луѓе...и така ви велам јас. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom