Го најдовме вработениот во банка

Шала на страна.
Пак ќе повторам, дискусијата е за готовина против дигитално плаќање, не за оперативни трошоци.
Но еве, да измешаме малку, па ајде пак со хипотетички примери:
Оперативен трошок е транспорт. Носиш роба, плаќаш за транспортот, ја формираш цената на крајниот производ од набавната или производната цена заедно со трошоците. Тоа е трошок кој нормално не можеш да го избегнеш.
Е сега муабетот е ваков:
Доколку се плати во кеш, транспортерот добива точно колку што е договорено, и за истиот износ ќе набави гориво или ќе го амортизира возилото, и во секоја наредна трансакција со кеш тоа ќе биде иста вредност.
Доколку се плати со трансакција на која има провизија, воведуваме трета страна која нема никаква врска со работењето на двете засегнати страни, и таа зема провизија за понудената услуга, но со таа провизија ја оштетува едната страна.
При тоа плаќање транспортерот би бил оштетен за износот на провизијата (ќе добие помалку), или ќе ја покачи цената на транспортот и пак се вртиме во круг.
Доколку набавувачот го преземе плаќањето на провизијата, таа ќе биде вкалкулирана во продажната цена.
Ако прочита што реков во мојот прв пост,
секогаш крајниот купувач ја плаќа провизијата од дигитално плаќање.
Со кеш се избегнува мешањето на трети страни каде што тие страни не се директно засегнати.
Затоа да не мешаме баби и жаби во оваа дискусија.
Не велам дека банките не треба да постојат или дека не треба да наплаќаат провизија, или дека нивниот бизнис модел е штетен.
Како и секој друг бизнис, и тие имаат цел, трошоци, приходи и начини да ги регулираат. Но тие работи се друга тема за друга дискусија.