претседателот и премиерот ги усогласуваат ставовите по предлогот на нимиц за решавање на спорот за името
Државниот врв пали зелено светло?
Експерти, интелектуалци, политички лидери во земјава се расположени да се прифати последниот предлог на посредникот Метју Нимиц, според кој името на нашата земја за меѓународната употреба би било Republic of Macedonia (Skopje). Синоќа се очекуваше поддршката за единствениот предлог да произлезе и од средбата на шефот на државата Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски по нивната средба со нашиот преговарач во спорот за името, Никола Димитров. Речиси општо мислење е дека со прифаќањето на предлогот Македонија значително ќе ја подобри преговарачката позиција во пресрет на решавачкиот самит на НАТО, на 2 април во Букурешт, Романија. Сепак, се предупредува и на потребата да се анализира оригиналната, англиска верзија на предлогот, за да се откријат сите правни финеси.
- Имаме избалансиран предлог, кој е компромис со кој се задоволуваат и македонските и грчките барања. Со него нема ниту победници ниту поразени страни. Во нашиот устав не се задира и сега е потребна само политичка мудрост со која, без еуфорија, процесот ќе се доведе до крај - оцени вчера политикологот Ѓорѓи Иванов.
Љубомир Фрчкоски, експерт по меѓународно право, смета дека „ова е максимумот што можеме да го направиме“.Финалниот предлог е добар за нас. Важно е јасно да го прифатиме без никакви дипломатски фрази. Тој ги содржи сите елементи битни за нас. Атрибутот „македонски“ е фиксиран, компромисното име се остава за меѓународни организации, а земјите што досега не' признале под уставното име не се задолжуваат да го користат во билатералните односи со нас. Ова е наш максимум - објаснува тој.Фрчкоски сега очекува поместување на дипломатскиот притисок кон Грција при што сега нема потреба да се размислува што ќе биде ако јужниот сосед стави вето за нашата покана во НАТО.
За Владо Поповски, професор на скопскиот Правен факултет, формулацијата дека договорот ќе се „имплементира преку уставни процеси“ не крие опасност за промена на Уставот. Предлогот е коректен и прифатлив, но ќе се менува бидејќи Грција веќе соопшти оти не го прифаќа. Очигледно е дека преговорите одат по принципот топло-ладно. Под „уставните процеси“ подразбирам дека е потребно договорот да се верифицира во домашните институции на двете земји. Јас не сметам дека за неговата имплементација е доволна резолуција на ООН. Потребно е Собранието да донесе декларација или резолуција со која ќе се прифатат резултатите од процесот на преговарање. Нејасно е само кое име на нашата земја ќе се најде на патните исправи - вели Поповски.Професорката по Уставно право Тања Каракамишева повикува да се „фати возот“.
- Јас ја гледам „големата слика“ што значи прво да се придружиме во НАТО, па од внатре да си ги оствариме своите права. Сосема друго е да се дејствува од позиции на рамноправни партнери. Зашто, во правото ништо не е вечно, како што не е вечна ниту една резолуција. Ниту една резолуција не е библија.Според Билјана Ванковска, добро е што во меѓународна употреба треба да биде англиска верзија на Република Македонија (Скопје). Мислам дека предлогот мора да ја опфати и грижата за етничките Македонци во Грција, односно, нивното право да се изјаснуваат како Македонци. По уставните промени што еднаш ги направивме, не треба повторно да ни се случи да се откажеме од нив.
Универзитетски професор Димитар Мирчев смета дека компромисот е само концентрирање на прашањето за името.Се' друго е неприфатливо, сите протоколи што се дадени со разни точки, зашто сите тие прашања содржани во нив се регулирани со одредби од меѓународното јавно право. Ако ние го прифатиме предлогот, а Грција не, тоа би било исклучително добро за нас. Тогаш ќе треба да го известиме Советот за безбедност на ОН дека едната страна со добра волја го прифатила предлогот, а другата не, со што се откажала од
Привремената спогодба и сметаме дека понатамошните преговори се беспредметни, па затоа молиме во иднина да се користи нашето уставно име.Аналитичарот Мерсел Билали смета дека предлогот е „максимумот што можеше да се добие“. Тој смета дека со прифаќањето на ова име Македонија ќе се стекне со поповолна позиција во преговорите. Пратеникот Стојан Андов вчера оцени дека предлогот е многу фер и дека е здрава основа за договорот. Тито Петковски, пак, смета дека предлогот е апсолутно „најдобар за Македонија“. Лидерката на ДОМ Лилјана Поповска оценува дека „работите воопшто не се розови“. Она што го пишува во предлогот не е исто со тоа што се толкува од толкувачи во политиката. Ова не е замена на референцата ПЈРМ, туку се предлага ново име за меѓународната комуникација. Државите што веќе не' признале со уставното име се охрабруваат да го прифатат тоа име. Во употребата на термините „Македонија“ и „македонски“ воопшто не е чиста работата. Употребата на заградата со одредница Скопје претставува алтернатива за името Република Македонија. Со името и заградата, всушност, се употребуваат два синонима. Од тоа може да се претпостави тенденција утре да бидеме само Скопје - рече Поповска.
Меѓународното име на репрезентативни дресови
Професор Димитар Мирчев укажува на некои последици од употребата на меѓународното име. - Нашите репрезентативци на спортски манифестации од меѓународен карактер ќе мора да го користат меѓународното име, кое нели е симбол на државата. Тој симбол се менува, но за да се направи тоа, некој мора да даде мандат. А, тоа би било можно само со менување на Уставот, од што би произлегла уставната основа. И не само за дресовите, тука се и интернетот и други наши меѓународни кодови - вели Димитар Мирчев.
електронско издание на дневник од петок, 28 март 2008
--------------------------------------
ко шо гледам професориве имале исто мислење бе деца...