Во принцип не сакам да имам ништо со скржави луѓе и колку можам ги избегнувам, не ги сакам во моја близина. Разбирам кога човек нема и тогаш ако треба и душата ке ја дадам за него, но ми се гади кога некој има а е скржавец и ако успее да те гребне макар и цигара тоа за него е вистинско задоволство. Смешно и трагично. Има а се измачува и се понижува. Да живееш со таков човек е измачување, ке гледаш дека имаш а ке живееш во беда. Кога на човек му се помили ситните пари повеке одколку девојката бегај од него.
Имав еден пријател (и сеуште ми е пријател ама подалечен) кој е како створен за да го издискутирам во оваа тема. Не е богат ама е далеку од сиромав. Во средношколските и студентските денови се дружевме во исто друштво за излегување. Беше убав човек, симпатичен, убаво граден... и многу девојки пројавуваа интерес за него. Тој не бркаше женски туку него го бркаа. И секоја девојка го трпеше најмногу до два три месеци и го откачуваше. Го откачуваа токму поради неговата скржавост. Тој имаше пари а намерно доцнеше и измислуваше причини да ја прати девојката прва да влези во дискотекта за сама да си плати карта а тој потоа влегуваше сам или ако беше во летна диоискотека скокаше преку ограда. Да почасти девојка- научна фантастика. Да купи поклонче за роденден или да плати за девојката за некој излет или нова година - невозможна мисија. Тој ги криеше парите по чорапи. Додека ние ги крадевме колите од дома тој неговата не ја возеше оти не му се трошеа пари за бензин и секогаш одеше пеш. Беше најсрекен кога имаше некоја девојка која ке го почасти, уживаше во тоа. Цигарите и ден денес не ми е јасно каде ги криеше и ако никој немаше за да го гребне тогаш скришно ке си извадеше цигара од неговите. За извесен период сите во градот го научија дека е невиден цинција па убава девојка за него повеке не покажа интерес. Стана предмет на подсмев меѓу девојките токму поради неговата скржавост. Денес не е побогат од тоа што беше, напротив посиромав е. Имаше перспектива, можеше да добие многу повеке од животот ако не беше скржавец, ако барем малку покажеше манири, ако малку си дозволеше да ужива.....