Фацата не е толку битна, доволно е да биде симпатичен само и онака цртаните лепотани никогаш не ме привлекувале, мразам нежни машки фаци. А највеќе ги сакам оние со брада. Но ако нема висина и снаџност ништо не правиме, тоа е најважно. Широки рамена и силни раце. Исто држењето е многу важно како и движењето на рацете. Никакви исфеминизирани движења, пошто веднаш потсеќаат на метросексуалците а мислам дека тие се најлудата појава на 21 век. Ем тврдат дека се машки ем што повеќе личат на женско. Мислам како е тоа можно? Се извинувам ако некој се навреди но нема ништо поодбивно од мажи со кубани веѓи конец и плус некои ги тетовираат, па депилирани нозе и раце, тесни маици и панталони, светнати нокти, сјај за усни... Па тоа целите лицнати и светнати на нив. За држењето и да не зборам, бетер се од манекенките на модните писти како само се виткаат и стенкаат кога зборуваат. Се прашувам кога ќе почнат штикли да носат, пошто нели немаат ништо против да личат на жени. Се знае мажот треба да личи на вистински маж а не да потсеќа на жена.
Значи кажав што најмногу ме привлекува и ме одбива кај мажите. За другите жени не знам.. Ова е моето мислење.