Што е со друштвото од основно?

  • Креатор на темата Креатор на темата ЃАВОЛЧЕ
  • Време на започнување Време на започнување
Јас од основно што ми се другарите веќе ги подзаборавив освен оние што жиеат во близина. Сега повеќе со тие од средно се дружам
 
Со некои секој ден се гледам зашто сме во исто школо, али тоа е лошо, зашто мислам дека многу помило ми е кога ќе се видам со некој што одамна го немам видено... А иначе имаме контакти....
 
Со друштвото од основно со еден дел уште се дружиме бидејки се запишавме на исто место.Со некои повремено се допишуваме преку интернет и преку смс а еден ден просто исчезнаа и повеке никогаш не сум ги видела се иселиј од местото и на нив се потсекам кога ги гледав сликите од тоа прекрасно време:toe:
 
Слабо се гледаме. Контактирам со неколку соученици од основно, но ретко. Со повеќето немам никаков контакт :toe:.
 
ГО снема...се гледам само со 2-3 и толку... И не дека баш ми фалат, али сепак ми фали една група шо бевме гз и гаќи....:toe:
 
хех....коа ке ми текни шо сме праеле ми недостига...сега слабо се гледаме скоро ич секој си тргна средно на своја страна....се имам јавувано да излезиме да се собериме ама на никој не му е гајле..па си викам шо к.. и јас ке се расправам си имам друштво сега....
 
Со оние 3-4 од друштвото што вредеа, се дружам. Со останатите не. И многу ми е мило поради тоа.



Don't worry about the people in your past, there's a reason they didn't make it to your future
. :icon_lol:
 
Поголемиот дел од друштвото од основно ми останаа и во средно, а и ден денеска контактирам со повеќето.
 
аш го снема само со еден другар се дружам од тогаш незнам што бидна али нема везе и вака е ок
 
со друштвото од основно се разделивме... јас сакав да продолжиме ама изгледа си најдоја подобри другари и му беше лесно само така да ме исфрлат од нивните животи... и сега ко ке ме видат се радват... уствари само лице ми прат...
не се каам за тоа... пошто во средно најдов повредни другари и другарки од нив.
и плус немаше да му се совпаднам во целиот glamouros/popular концепт.
сепка јас не престанав да ги сакам зошто длабоко знам дека се истите како и во основно.
 
Во друштвото мое сите сме од основно со исклучок на двајца момци. Кога завршивме со основно продолживме да се дружиме и така би требало да остане :)
 
Од основно?
Па... повеќето учевме заедно и средно. Но сега е се заборавено.
Другарите сите се поздравуваат.
Другарките послабо.
Имам само една другарка, ах незнам дали треба така да ја кажам,
со неа сум многу близок бидејќи учиме од забавиште.
13 години бевме заедно.
Ме знае подобро отколку мојата родена сестра.
Со останатите е мачкање очи.
Демек таква работата.
 
Мојот животен пат е таков што и во средно и сега на факултет продолжив на сосема некоја друга страна од моите соученици.
Во средно во моето школо се запиша само едно девојче од основно меѓутоа на друга струка и друг клас. Со неа контактирам и ден денес. Сега на факултет сите отидовме по различни страни само двајца се запишаа на ист факултет со мене, но повторно на различна струка така да не ги ни гледам.
Кога ќе се сретнам со било кој од основно се поздравувам и може да си направиме муабет има многу кои си ги почитувам и уште ми се многу мили:pipi:
 
Со тие што бев блиска уште сум и уште се дружам(барем со поголемиот дел)
Со тие што не се дружев ни во основно ни сега не сум блиска.Сепак мислам дека контакт не треба да се изгуби и ако не нешто повеќе барам на едно здраво да сме..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom