Што е работата со вонредниот предуписен увид на Државниот просветен инспекторат?

  • Креатор на темата Креатор на темата DBack
  • Време на започнување Време на започнување
Нема што објаснуваш многу е јасно дека неписмени неможе да одат на факултет, а факултетите треба да им обезбедат сигурни и квалитетни студии на студентите.
Браво за инспекторатот што им текнало да реагират.
 
Нема што објаснуваш многу е јасно дека неписмени неможе* да одат на факултет, а факултетите треба да им обезбедат сигурни и квалитетни студии на студентите.
Браво за инспекторатот што им текнало да реагират.
Се глеа колку си ти писмен.

...а и колку разбираш од читање... муабетот е „Зошто не реагира сега кога според Закон мора?“... ама за тоа треба да се потрудиш да разбереш што пишува во постот на соговорникот. То ти је...

* писмено е: не може
 
Напорен си до баналност, но нема да избегаш од фактот дека си запишувал неписмени, малоумни, неспособни, а и финансиски не гарантираш дека тие тука ќе учат 4 години.
Тука се гледа колку работиш сериозно, и колку те интересира квалитетот на студии.
 
Половина од тие 12 се возрасни луѓе кои имаат свој бизнис и студираат за да подобро ги управуваат своите веќе успешни бизниси. Тие „неписмени, малоумни, неспособни“ тебе ќе ти даваат работа како градежен инженер, откога ќе дипломираш, секако. Размислувај малку пошироко и дел од енергијата што толку ефикасно ја употребуваш за напад, пренасочи ја на разбирањето на поголемата слика. Не можеш низ животот да тепаш со генерализации и апсолути, со кои постов твој изобилува.

За да некого можеш, во толку краток текст, толку апсолутно да го претставиш, треба барем нешто повеќе да знаеш за неговата работа. Вака, од муабети, слабо.

Ќе се дрзнам, дури, и да предвидам дека за неколку години, ко ќе си ги препрочитуваш мислењата по форумов и препискиве со мене, ќе ти падне малку мака зошто не си читал повнимателно што пишува. Може и срам да ти биде. ;)
 
:pos: поочаен пост и неможам да очекувам од тебе :pos2:
Па само такви легачи неписмени деца кои имаат пари можат да се запишат во таква установа оти знаат дека безразлика на се ќе завршат, но не поради знаењето туку поради 2000 евра по година
пробај ти да им објасниш на тие неписмени и неспособни како успеале како такви да се запишат на факултет и дали ќе имаат гаранција дека тука ќе студираат.. упс неможат мора да имаат четиригодишно средно и завршена државна матура
тогаш пробај да им објасниш кај им се парите ако не си им ги вратил
А кај ќе работи AlexTheGreat во иднина има кој да се секира за тоа
 
...hopeless... ама има уште време додека дојдат гостите... ;)

Кои пари, друже? Какви четири години?

... и кои деца!? Ти викам дека пола од нив се возрасни луѓе кои имаат свои фирми! Вонредни студенти кои на времето завршиле тригодишно средно. Тоа се луѓе на кои не им треба диплома. Им требаат знаења и вештини за да бидат уште подобри во својата работа. Затоа учат во БАС.

...и дај, стверно, ко расипана плоча си: „неписмени, малоумни, државна матура, банкарска гаранција“. Сите овие нешта ти се објаснети погоре, некои и по два пати. А нит ме знаеш, ниту познаваш, ниту за БАС знаеш нешто освен ова по форумов, а сереш и плукаш без престан. Те молам, не се истурај толку брзо - земи читај полека, за да разбереш што пишува.
 
Доволно е за БАС што знам дека таму можат да се запишат неписмени без средно и дека истиот нема финансиска гаранција дека студентите таму ќе ги завршат студиите.
Тоа е тоа што треба да се фокусираш, а не да се трудиш со мене на лична основа да се препираш.
Не е плукање тоа. Истото ти го кажа и инспекторатот, затоа кога ќе дојдат наредниот пат ти кажи им
- Абе доста серете и плукате, вие не знаете кој сум јас
:pos2:
 
толку ти фаќа црпката...

Чекај да пробам по малку да турам...

1. БАС има финансиска гаранција.
2. Во БАС нема неписмени студенти.

Лесно проверливо. Дојди на визита.
 
Инспекторататот не рече така
ич не им фаќа црпката бе
им забранија на приватниве факултети да запишуваат студенти кои не се способни една државна матура да положат
им побараа финансиска гаранција
срам да им е
 
Пак ништо не си разбрал. Тоа ти е кога не внимаваш.

Ај пак по малку:

1. Никој не забранил запишување без државна матура. Дозволено е со Закон за високо образование.
2. БАС има финансиска гаранција.
3. Зборуваш невистини (пошто погоре ти е детално објаснето и цитиран ти е Закон) - на тој начин, клеветиш јавно. Ова е форум. ...долго ова искочи малку...
 
Све е ок друже DBack, само те молам престани да ми праќаш спам по мејлот, по тоа ти се гледа колку ти е озбилна фирмата.
 
Па досега имам добивано едно 20тина спам мејлови од типот „Придружи се на БАС, ова она“.

Комплетно те разбирам бизнис човек си, се обидуваш да ја направиш твојата фирма успешна, еве на пример идеата со анкетите во средните школи што ги спроведуваше беше интересна и оригинална (плус губев часови ради тоа, што е додатен плус).

Но спамот дефинитивно ти е лоша идеа.
 
:pos2: очаен си

12 студенти на Бизнис Академијата Смилевски го изгубија статусот на студент, бидејќи биле запишале со тригодишно средно образование и без положена државна матура.

http://www.time.mk/read/7275e9ab4b/42f5307a7e/index.html


Неправилности од инспекцијата на Министерството за образование се најдени и во работењето на Еуроколеџ - Куманово, Академија "Италијана", Факултетот за бизнис-економија од Скопје, Универзитетот МИТ и Бизнис-академијата "Смилевски бас". Европскиот универзитет РМ останува еден од ретките што ги исполнуваат сите стандарди и услови за универзитет

По укажувањето дека постојат неправилности во работењето од страна на Државниот просветен инспекторат Њујорк колеџ од Скопје самиот донесе одлука да се затвори. Ова го соопшти министерот за образование и наука, Никола Тодоров, а директорот на Државниот просветен инспекторат, Џорџе Арсов, ги посочи Еуроколеџот од Куманово, Академијата Италијана", Факултетот за бизнис-економија Скопје, Универзитетот МИТ и Бизнис-академијата Смилевски бас", како високообразовни институции кај кои, исто така, се најдени бројни неправилности кои во рок од 40 дена треба да бидат исправени или во спротивно ќе бидат привремено затворени.


http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=9FA6765BA4A2CD4F826950C0B8983372

а ова беше од кај вас

1. Не е точна информацијата дека во моментот на увидот БАС не поседувала банкарска гаранција. Во моментот на увидот БАС поседуваше уредна банкарска гаранција со рок до 30 јуни кога веќе е завршена наставната година. По укажувањето од инспекцијата, овој рок од страна на банката е веќе продолжен до 14 септември 2010 година.

2. Не е точна информацијата дека во првиот уписен рок се запишувани кандидати со тригодишно средно образование и кандидати без државна матура. Тие кандидати се запишувани во вториот уписен рок во слободните места за упис по запишувањето на кандидатите со државна матура. Конкурсот за академската 2010/2011 година е повелчен и распишан е нов во кој кандидатите со тригодишно средно образование немаат право на запишување на БАС.

августовска сесија не постои а?
а наредна година?
крпен живот од денес за утре
а демек сериозна институција :tapp:

Државната матура претставува завршен дел на средното образование има за цел да послужи и за селекција на кандидатите за запишување на високото образование.


и што се трудиш сега повеќе
цел време те прашувам
како ќе е способен некој да зврши факултет кога неможе една државна матура да ја положи и
зошто финански да не им гарантираш на студентите дека тука ќе ги завршат студиите, ти се осврна на мене
абе види кај немаше неправилности
остај ме мене
 
Секогаш треба да се слушнат двете страни за да излезе вистината на виделина.

Како што видов од извештајот на веб сајтот на БАС, според Државниот просветен инспекторат тие веќе ги имаат отстрането неправилностите и се е ок како и кај повеќето кои беа напоменати.

Штом молчи ДПИ и МОН значи малку се излетале со коментарите пред уписите, па очигледно е дека ФОН и Европски им се под ракав.

Не чини образованиево КРАЈ!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom