И мене на моменти ми се случило да мразам одредена средина поради тоа што има типови на кои мојот живот изгледа дека им е поважен од нивниот. Цело време се занимаваат со тоа што ти си го направил, ти зборат дека си глупав што имаш женска со којашто идеш 6 месеца, ти зборат дека си дупка во спорт а уствари тие не знаат топка да шутнат, ти јадат дека си глупав што слушаш рок кога сите слушаат рап и слични глупости. Баш поради вакви работи, и други нешта (не се на оваа тема), едвај чекав да почнам прва година да учам во Скопје. Со ова сакам да кажам дека и самото учење во средно е поврзано со односот со другарите и со оние коишто се прават дека се твои другари.