Што е полошо: пушење или дебелина?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Што е полошо: пушење или дебелина?

  • Пушење

    Гласови: 3 6,4%
  • Дебелина

    Гласови: 6 12,8%
  • И двете подеднакво

    Гласови: 38 80,9%
  • Ниедно - зависи од личниот стил на живот

    Гласови: 0 0,0%
  • Не можам да одлучам

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    47
Со дебелината си штетиш самиот на себе, со цигарите ги труеш другите.
Си штетат и самите, и покрај тоа што ги трујат другите. Ама нивен живот, нивна ствар. Џабе им збориш, изгубена битка :)
Автоматски споено мислење:

Полошо е да си пушач.
За дебелината има оземпик.
Оземпик никако не е лек за слабеење, туку лек за третман на дијабет. Така што, хигиено диететски режим и физичка активност!!!
 
Знаеме дека и двете работи се здравствени ризици, двете се честа појава, двете често се табу. Но ако мора да направиме компарација:

Што е полошо по здравјето - пушењето или дебелината?
- Пушењето директно влијае на белите дробови, срцето и крвните садови.
- Дебелината носи дијабетес, висок притисок, проблеми со зглобови, како и психолошки последици.

Некој ќе каже: „Пушачите ја трујат и околината.“
Друг ќе рече: „Дебелината е последица од цел систем - не само од личен избор.“

Какво е вашето мислење? И дали сте се бореле со едното или другото?

И двете се многу лоши.

Јас сум пушач, и патам баш од дефицит на килажа. Имам мака да се здебелам.
Сите викаат ,,фрли ги цигарите и ќе се здебелиш” ама иди фрли ги де.

И двете се прелоши и водат кон смрт, и цигарите и обезноста. И треба да се ствараат здрави навики кај народот. Не нездрави.
И да промовираат уште Ајкос и слични глупости
 
а кожата обесена што ќе ти биде како на стара баба?
Ми скрши филм да ти ебам ронка. Јас ја замислував ко бушаво зајче а сега имам слика во умот од стара дртава баба.
 
И двете се штетни, со тоа што мала предност и давам на дебелината како поштетна, а пушењето како навика е потешко да се откаже...

Додека работев канцелариска работа, се здебелив ненормално, немав некоја физичка активност, и качував килограми многу лесно...откако почнав диета, и попатно сменив работно место каде се бара (не секогаш) физичка активност и нонстоп да си на нога, одма се преполовив за еве 7-8 месеци... Уште терам со диетата, секојдневно правам 10.000+ чекори, кондицијата ми е ненормално зголемена, уште можам да се квалификувам како дебел, ама од онаа најниската килажа дебели ако можам така да ја наречам :icon_mrgr:. Мој совет, ако сакате да го намалите стомакот, покрај диетата мора само да пешачете, пешачете и само пешачете.

За пушачиве не знам што да кажам, класична секта :icon_lol:. За леб ќе трпат ама Малборо мора да имаат до нив...
 
Еден позитивен пример е секогаш подобар од празен совет. Продолжи со намалувањето, ќе ти се продолжи животот.

На цигарџииве им отворив тема и ниту еден окорели тутунаш не се појави. На 50 години ќе сркнат срцев застој и одма Бог го бараат :icon_lol:
 
So tema bese taa, daj link ?
Повели
 
Дебеливе барем не ги чадат трујат другите околу нив..
Те нудат со пица и хамбургерче да те угојат за да бидеш како нив.
И двете се многу лоши.

Јас сум пушач, и патам баш од дефицит на килажа. Имам мака да се здебелам.
Сите викаат ,,фрли ги цигарите и ќе се здебелиш” ама иди фрли ги де.
Зошто да се угоиш? Остај што ти зборат, малце да качиш килажа после ќе ти се уарни и за некој месец ќе станеш дебела краљица. Ќе те читаме тука како си горда и дебела.

Остај ги цигарите без да јадеш, не паѓај на дебелото лоби.
 
Те нудат со пица и хамбургерче да те угојат за да бидеш како нив.

Зошто да се угоиш? Остај што ти зборат, малце да качиш килажа после ќе ти се уарни и за некој месец ќе станеш дебела краљица. Ќе те читаме тука како си горда и дебела.

Остај ги цигарите без да јадеш, не паѓај на дебелото лоби.

Морам. Не знам колку си ме читал.
На 180цм на 24 год имам 50 кг просечно.
Сега сум на 53, варирам.
Многу пати кафе и цигара ме заситиле..
Сеа сама си правам зафрканции. Некогаш правам, цигара, јадење, па кафе.

Татко ми на 2 операции бил ради тие скапани цигари. Едната артерија му беше затната од никотин, едвај го вратија у живот. Цигара нема допрено од тогаш, ама мене некако памет не ми иде.

Искрено, свесно се убиваме.
Утреден ќе имам дете/ деца, не сакам и не смее да се труе моето дете ради мои каприци.
Мора да ги фрлам мора.
 
4 до 5 пати е многу, зависно од годините. 3 пати неделно тренинг е доволно за пристојни резултати во однос на изглед и здравје, повеќе од тоа е претренирање посебно за некој што не вежбал, а и брзо ќе му здосади вежбање и ќе се откаже. Јас се забаталив со многу пиење и јадење до пред пола година и си го платив со 106 кила после одморот кога се вратив. Имав и некои здравствени проблеми, па решив да намалам на јадење, со тоа што јадам два пати дневно, фастинг сите знаете што е, со посебен акцент на протеини односно јајца месо и риба, многу зеленчук и чат пат ориз компир леќа грав, или педерските чија пудинзи кои јас ги правам со грчки јогурт, смрзнато шумско и ореви. Леб и благо не, пржам исклучиво на путер, по 5 6 јајца цели секој ден. Холестеролот сега за сега ми е ок, и цела крвна слика. Вежбање по дома склекови и надвор вратило, стомачни, чат пат трчање, енергија плафон, правам во една серија по 50 склека и 10 згибови на вратило, никогаш не сум бил ни на пола од тоа, а сум идел порано теретана и слично. Пијам пиво еднаш до два пати неделно, значи можеби 10 пива неделно и сум приметил ако јадам само месо со пивото не ми смета во слабеење ниту ми праи некаков пивски стомак. За неполна пола година симнав 15 кила. Болки какви што имав претходно, во кичма препони и слично забележително намалени. Ако ме мрзи да вежбам ќе прескокнам, или ако сум уморен, си го слушам телото колку може. Сакам и цигарите да ги оставам, ама тешко, цел живот демек ги оставам и пак пушам. Нивниот данок малку покасно ќе си дојде, ако така треба да биде.

Да, зависи од годините а и секој човек е различен.

Јас почнав со секој ден и иако намалив килажа многу сепак муслулите беа така-така. По консултација со тренерите и билдерите во теретана намалив на 4 - 5 пати неделно и се гледа разлика. На мускулите им треба одмор.

Генерално среда и недела одмарам.
Автоматски споено мислење:

Сега работам на намалување на тежината, ама канцелариска работа и многу стрес те тера на допамин хит од храна.

Исто беше и кај мене но сега после работа директ во теретана одам и неверојатно ми намалува стрес.

После добро вежнање и туш како нов сум.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom