Што е полошо: пушење или дебелина?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Што е полошо: пушење или дебелина?

  • Пушење

    Гласови: 3 6,4%
  • Дебелина

    Гласови: 6 12,8%
  • И двете подеднакво

    Гласови: 38 80,9%
  • Ниедно - зависи од личниот стил на живот

    Гласови: 0 0,0%
  • Не можам да одлучам

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    47

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.388
Поени од реакции
35.031
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Знаеме дека и двете работи се здравствени ризици, двете се честа појава, двете често се табу. Но ако мора да направиме компарација:

Што е полошо по здравјето - пушењето или дебелината?
- Пушењето директно влијае на белите дробови, срцето и крвните садови.
- Дебелината носи дијабетес, висок притисок, проблеми со зглобови, како и психолошки последици.

Некој ќе каже: „Пушачите ја трујат и околината.“
Друг ќе рече: „Дебелината е последица од цел систем - не само од личен избор.“

Какво е вашето мислење? И дали сте се бореле со едното или другото?
 
Јас би се префрлил на друга тема ако може?

Како може да натераш, мотивираш некој да ослабне? Или пак да води поздрав живот.

Си има вишок килограми, не е да кажеш ептен дебела ама ме плаши тоа што сакаме да имаме уште едно дете и дека со тоа она ќе стане дебела.
Не јаде многу, ама јаде многу грицки и тоа навечер. Плус не е подвижна, компјутерска работа.

Сум пробал од околу, дали сака, дали планира да почне со некоја активност.
Одговор ,, Немам време со детето, цело време сум со него мене никој не ме разбира, никој не го чува,,
Сум се понудил милион пати да го чувам во тој период кога она би правела нешто за себе, ама јок.

Второ сум пробал со начинот на исхрана.
Сум и спомнал дека многу јаде нездраво, ептен се налути тогаш. Сум ја навредил, сум мислел дека е дебела.и така.
 
Ко дебел човек кој слабее по којзнае кој пат (овој пат се надевам за озбилно) дебелината не е убава, ко прво изгледот, ај изгледот да го занемариме, ама носиме вреќа цименто плус на нас, дали помала или поголема (јас од поголемите носам), со тек на времето си и повеќе склон кон здравствени проблеми... Така да, не вреди јадење, пиење, грицкање од навика, досада, или поради емоционални проблеми. Обратете се некаде, што би рекле америте get some help.

 
Дебелина. Нема шанси да му укажеш на дебелиот дека е дебел, одма се вреѓа и јаде уште повеќе демек во знак на протест.
 
И двете. Нема споредба меѓу едното и другото. Можеш да си дебел, а да не пушиш или да пушиш и не си дебел, ама ни во едниот случај не си "целосно здрав".
 
И двете. Нема споредба меѓу едното и другото. Можеш да си дебел, а да не пушиш или да пушиш и не си дебел, ама ни во едниот случај не си "целосно здрав".
Koj e celosno zdrav ?
 
Ретко да има целосно здрав, повеќе од филозофски аспект ми беше дека не може да се рече дека едното е полошо од другото. Не може да има бр.1 и бр.2 во случајот при споредба.
 
Дебелината побрзо убива, ама и двете се многу лоши.

Жена ми ме убеди да прекинам со цигарите, и качив од 85 кг на 120 кг. Сега работам на намалување на тежината, ама канцелариска работа и многу стрес те тера на допамин хит од храна.
 
Со годините си оди плус кола до работа, седење на компјутер и пак кола до дома нормално дека се качува килажа.

Мој совет од лично искуство е да се вежба, 4 до 5 пати неделно по 1 час во теретана чуда прави. Први резултати се гледаат за 100 дена, за 1 година нема да сакаш да прекинеш а за 2 години ќе посакаш да си почнал како помлад.

Само да не се откажува.

Инаку речиси исто јадам како и пред да почнам да вежбам.
 
И пушењето и дебелината се ризик фактори за голем број хронични болести. Добрата страна е што и двата ризик фактори се модифицирачки, така што може да влијаете на нив, само треба да имате воља да го направите тоа.

Не сум имала проблеми ниту со едното ниту со другото. Не сум пушач и се трудам колку толку да бидам физички активна. Трчам минимум три пати неделно. Не јадам леб, благо поретко….гледам да правам здрави благи, овошје и зеленчук обожавам… обожавам и тестенини, ама избегавам (убедливо највеќе дебелеат).
 
Со годините си оди плус кола до работа, седење на компјутер и пак кола до дома нормално дека се качува килажа.

Мој совет од лично искуство е да се вежба, 4 до 5 пати неделно по 1 час во теретана чуда прави. Први резултати се гледаат за 100 дена, за 1 година нема да сакаш да прекинеш а за 2 години ќе посакаш да си почнал како помлад.

Само да не се откажува.

Инаку речиси исто јадам како и пред да почнам да вежбам.
4 до 5 пати е многу, зависно од годините. 3 пати неделно тренинг е доволно за пристојни резултати во однос на изглед и здравје, повеќе од тоа е претренирање посебно за некој што не вежбал, а и брзо ќе му здосади вежбање и ќе се откаже. Јас се забаталив со многу пиење и јадење до пред пола година и си го платив со 106 кила после одморот кога се вратив. Имав и некои здравствени проблеми, па решив да намалам на јадење, со тоа што јадам два пати дневно, фастинг сите знаете што е, со посебен акцент на протеини односно јајца месо и риба, многу зеленчук и чат пат ориз компир леќа грав, или педерските чија пудинзи кои јас ги правам со грчки јогурт, смрзнато шумско и ореви. Леб и благо не, пржам исклучиво на путер, по 5 6 јајца цели секој ден. Холестеролот сега за сега ми е ок, и цела крвна слика. Вежбање по дома склекови и надвор вратило, стомачни, чат пат трчање, енергија плафон, правам во една серија по 50 склека и 10 згибови на вратило, никогаш не сум бил ни на пола од тоа, а сум идел порано теретана и слично. Пијам пиво еднаш до два пати неделно, значи можеби 10 пива неделно и сум приметил ако јадам само месо со пивото не ми смета во слабеење ниту ми праи некаков пивски стомак. За неполна пола година симнав 15 кила. Болки какви што имав претходно, во кичма препони и слично забележително намалени. Ако ме мрзи да вежбам ќе прескокнам, или ако сум уморен, си го слушам телото колку може. Сакам и цигарите да ги оставам, ама тешко, цел живот демек ги оставам и пак пушам. Нивниот данок малку покасно ќе си дојде, ако така треба да биде.
 
Ако не можете теретана ок е и пешачење, само минимум 10.000 чекори на едно испаѓање, тоа се некои 8км, ако не можете на едно испаѓање и на повеќе пати во денот е ок, само треба да се исфрли леб, шеќери, (вештачки, овошје е ок) грицки и најбитно од се ракија и пиво, бело вино со кисела вода неколку пати во месецот е ок, верувајте дека и со ова се постигнуваат резултати, само битна е константноста. Јас веќе неколку недели сум само на месо, јајца, овошје и зеленчук, само два пати се имам напиено бело вино со кисела вода и има резултати.
 
кардиото е најбитно, пешачење многу чекори секој ден. Кога не трошиш енергија се акумулира околу тебе и станува појас
 
Ко дебел човек кој слабее по којзнае кој пат (овој пат се надевам за озбилно) дебелината не е убава, ко прво изгледот, ај изгледот да го занемариме, ама носиме вреќа цименто плус на нас, дали помала или поголема (јас од поголемите носам), со тек на времето си и повеќе склон кон здравствени проблеми... Така да, не вреди јадење, пиење, грицкање од навика, досада, или поради емоционални проблеми. Обратете се некаде, што би рекле америте get some help.


Над 85% од луѓето кои ослабеле за некоја година ќе бидат пак на иста килажа, за грото од луѓето решение е само GLP1.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom