Што е најлошо во животот?

  • Креатор на темата Креатор на темата SpiritoS
  • Време на започнување Време на започнување
најлоштото нешто е да не можеш да се усреќиш од ништо... секогаш нешто да фали...и да фали... тогаш и животот ќе нема смисла....
 
Да те предаде некој во кој си верувал со години
 
~*~

Долго време размислував дали дас отворам ваква тема на некој од форумите каде што одам.Според мене има многу лоши работи што можат да му се десат на човекот но најлошо е:
1.Да не биде сакан и да не знае да сака во животот
2 да размислува разлижно од другите зошто може да настрада(Се однесува во нашата држава):helou:

Најлошо е да нема можности за квалитет во животот, најтрагично да има можности а сепак да се одаде на квантитет и неориентираност.
 
Најлошо е да бидеш сам да немаш пријатели.Пошто ако ги имаш ,ќе имаш и љубов и среќа и пари ќе ти позајмат... можеш да преживееш. Според мене тоа е најлошо да бидеш сам во овој суров свет(и без семејство)
 
Најлошо е кога ќе се разбудиш на 50+ години и ќе сфатиш дека гадно си заебал работа. Нема рикверц, полн си со спомени од моментите кога "за малку" ќе те биднело, од моментите кога апла немало шанси да те бидне, или од оние прилики во кои те биднувало, но си се упропастил со сопствената неспособност и инертност.

Попрво би цркнал на 25 години.

Sith
 
најлоштото нешто е да не можеш да се усреќиш од ништо... секогаш нешто да фали...и да фали... тогаш и животот ќе нема смисла....

Убаво кажано...
Лејди Сатори напиша:
Најлошо е да нема можности за квалитет во животот, најтрагично да има можности а сепак да се одаде на квантитет и неориентираност.
Интересно напишано...
Sith Lord напиша:
Најлошо е кога ќе се разбудиш на 50+ години и ќе сфатиш дека гадно си заебал работа. Нема рикверц, полн си со спомени од моментите кога "за малку" ќе те биднело, од моментите кога апла немало шанси да те бидне, или од оние прилики во кои те биднувало, но си се упропастил со сопствената неспособност и инертност.

Попрво би цркнал на 25 години.
И ја секогаш викав така. Ама сега дојдов на 25 па некако одложувам. Барем за еден ден. Може ќе ме биде. А пак седам и ти пишувам тука. :zid:

Многу работи се многу лоши. За мене поразителен е фактот дека сум залудно жив. Најлошо е човек да има премногу време за размислување. Тогаш е спремен за темата [thread=18620]Зашо неинтелигентните се среќни???[/thread] Зашо бе? :toe:
 
Има лоши и полоши работи, нема најлошо, самиот живот е преубав за такво нешто....
 
најлошо во животот е да немаш слобода да го правиш она што те исполнува.и лошо е да си сам
 
Чоек кој не знај шо сака и кон шо се стреми во животот.
 
Нема најлошо. Од секое лошо има полошо. Прашање е дали има подобро...

И „најлошото обично ти се случува на тебе“, затоа што сопствената мака е најголема.
 
Да бидеш рамнодушен на се`, да си опкружен со лицемерие, да гледаш како умира твоја блиска личност а не можеш да сториш ништо, да немаш никаква цел пред себе и да се предаваш пред секоја пречка. Тоа според мене е најлошо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom