Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Не беше муабетот за во ресторан,никој не вика таму да има знаме,ама нашиве европејци и традиција не знаат шо е.Па и од кај ќе го знае значењето кога во такви чисти етнички населби и да им се изгуби не им е гајле.На свадбата, да, глупо ми е и мене кога ќе видам некој „сват“ да се фати за знамето во тек на забавата.
Можеби не е толку важно искажувањето на припадност ако живеете во чисто македонска средина, но ако живеете во мултиетничка тогаш има некоја си улога...
Знамето, т.е. бајракот е традиција. Се применувало одамна, шо викаат старите од турско време. Значи бајрак, со пешкир или шо ти ја знам. Е, ко што е на Галичка свадба, можете да погледнете. Знам дека порано и немало свадба без „бајрактар“. Момче од фамилијата или комшиите на зетот се одбирало за да го носи бајракот. Тој одел прв кога доаѓале кај невестата, и прв кога доаѓале дома.
Традиција е тоа, исто ко и плетење венец од цвеќиња кој стоел на портата на младоженците после свадбата, што претставувало симбол дека во таа куќа има младенци.
Се тоа може да се смета како наше културно наследство и мене лично не ми пречи. Сеа нормално дека ме нервира ако некој сред ресторан се фати за знамето и да игра со него глумејќи патриот, или да го стегне на покрив после свадбата, или пак како браќања кои ставаат по 5 кокошки на една кола...
Но, ако е како што споменав погоре, тогаш е океј, не ми пречи.
Крај краева, тоа е личен избор, немора тој што има знаме на свадба одма да го етикетирате како wanabe патриот. Има и такви, но има и такви кои тоа го прават заради традицијата...![]()
Па ок де и јас тоа го викам,кога е таа група бе што свири 95 % српски репертоар,на сите свадби шо сум бил има само 2-3 српски ора и толку.Не е дека не ги сакаат нашите песни, туку не верувам дека репертоарот на нивните свадби е исполнет со 95% македонски песни. Тоа ми е муабетот. Тие го почитуваат туѓото (нашите песни), ама си го штитат своето. Е тоа е патриот според мене.
Еве поздрав до Dark King...да види како и неговите другарчиња го веат неговото "национално" знаме,за време на свадбена церемонија:
![]()
п.с После фоткава и Dark King ќе почне да си го вее своето знаме.
Зошто мислиш дека знаме на свадба се става за да покажеш дека си појак патриот од некого? Стварно не можеш да замислиш дека некој се чувствува убаво ако го има државното знаме на веселба? И не етикетирај фејкери-патриоти. Никој не ги етикетираше за предавници тие што несакаат државно знаме на прослава. Едноставно нивни избор.На свадба што кур ќе кажувам дека сум македонец меѓу македонци? Демек да знаат дека сум појјак патриот од нив што сум стаил знаме? Се е мерење курови со ова патриотизмов и преку кур од фејкери патриоти кои подржуваат се што го прават другите т.н. патриоти, само за да не бидат прогласени за предавници од тие патриоти. Ебате народот кој никој не смее да си има свој начин на подржување на државата!!!
Стварно не можеш да замислиш дека некој се чувствува убаво ако го има државното знаме на веселба?
Не мафтам по маало, зошто роденден се слави дома. На свадба се излегува на улица. Инаку да и дома имам неколку македонски знамиња, на работа имам македонско знаме и кога мене не ми смета, незнам зошто некому тоа му смета или ме етикетира како сељак, квази-патриот, небањан, па после се лути кога ќе му возвратиш со етикети.А на роденден вадиш знаме на тераса !? Мафташ по маало !?
Па доколку е некој настан што се случува еднаш у живот,зашто да не извадиш?..Додека роденден имаш секоја година.Па луѓе вадат и на матури,ете помини пред александар палас додека има прослава ке се увериш и сам.Не сте ми јасни,свативме сељаци сме,вие сте напредни..дур не се смени шемата и сите станете патриоти пак ко пред 2-3 години.А на роденден вадиш знаме на тераса !? Мафташ по маало !?
Трагедијата од толку патриотизам не се потрудија да го прочитаат крушевскиот манифест ама затоа предавници и обезличување им е во секоја реченица....Што да те сфатам? Дека треба да се чувствувам како под притисок од другите националности? И заради тоа морам да се праам патриот каде што не мора? Уствари не, ти кажуваш секаде треба да се правам патриот. Еве дома коа ќе прдам, тоа ќе го правам во ритамот на химната, зашто нели сум патриот и сите треба да знаат.
http://mk.wikipedia.org/wiki/Крушевски_манифест
„ Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници от хубавото Крушево и неговите китни села, без разлика на вера, народност, пол и убежденија, не можејќи веќе да трпиме тиранијата на жедните за крф и гладните за чоечко месо муртати, шчо гледаат и нас и вас да дотерат до нош, и нас и вас да дотераат до питачки стап и нашата мила и богата земја Македонија да заприлегат на пуста пустиња, денеска дигнафне глава и решифне со пушка да се браниме от тие наши и ваши душмани и да добиеме слобода... “
Потоа, ги смирува муслиманите дека востанието не е насочено против обичниот народ, туку против државата и нејзините експоненти:
„ ...Ние не дигнафне пушка протиф вас - това би било страм за нас; ние не дигнафне пушка протиф мирнио, трудољубивио и чеснио турски нарот, шчо се прерануат, како нас со крваф пот - тој јет наш брат и со него сне живејале и пак сакаме да живејме; ние не излегофне да колиме и да грабиме, да палиме и да крадиме - доста ни сет зулумите на безбројните деребеи по нашата сирота и окрвавена Македонија; ние не излегофне да порисјанчуваме и да бесчестиме вашите мјаки и сестри, жени и ќерки; требит да знајте оти вашио имот, вашио живот, вашата вера и вашата чес ни сет толку скапи, колку шчо ни сет скапи нашите... “
Потоа, Манифестот ги повикува да се придружат на востаниците поради заедничка борба против социјалниот терор на Отоманската империја.
„ Ние не само ве имаме како сфои браќа, туку и ве жаљаме како сфои браќа, бидејќи разбираме оти и вие сте робје како нас, робје на царо и на царските бегој, ефендии и паши, робје на богатите и на силните, робје на насилниците и на зулумќарите, шчо ја запалија царшчината од четирите страни и шчо не натераа нас да дигниме глава за право, за слобода и за чоечки живот. За право, за слобода и за чоечки живот ве каниме и вас да дојдите заедно да водиме борба! “
Со ова, Манифестот ги презентира социјалните цели на востанието - воспоставување на поправедно граѓанско општество. Покрај тоа, манифестот ги смирува муслиманите (Турци, Арнаути и други) дека и доколку не се приклучат кон востанието, нема да бидат мета на востаниците и ги повикува да не се придружуваат на спротивната страна:
„ ...Ако и вие нe имате како ваши браќа и ни сакате доброто, ако есапите пак да живејте со нас, како шчо сте живејале досега и ако сте верни и достојни синој на мајка Македонија, можите да ни поможите само со едно нешчо - а тоа јет голема помшт. да не се заортачите со душманите, да не дојдите со пушка протиф нас и да не прајте зулуми по рисјанските села! “
Кој тоа е против соживот? Незнам како вие што не обвинувате за заслепени како не ги прочитавте честитките на Груевски за секој празник на Албанцитетр
Трагедијата од толку патриотизам не се потрудија да го прочитаат крушевскиот манифест ама затоа предавници и обезличување им е во секоја реченица....
http://mk.wikipedia.org/wiki/Крушевски_манифест
Mission acomplshed assholes - сами себе се обезличувате
Не мафтам по маало, зошто роденден се слави дома. На свадба се излегува на улица. Инаку да и дома имам неколку македонски знамиња, на работа имам македонско знаме и кога мене не ми смета, незнам зошто некому тоа му смета или ме етикетира како сељак, квази-патриот, небањан, па после се лути кога ќе му возвратиш со етикети.
Па доколку е некој настан што се случува еднаш у живот,зашто да не извадиш?..Додека роденден имаш секоја година.Па луѓе вадат и на матури,ете помини пред александар палас додека има прослава ке се увериш и сам.Не сте ми јасни,свативме сељаци сме,вие сте напредни..дур не се смени шемата и сите станете патриоти пак ко пред 2-3 години.
Свадбата има обичаи како земање на невестата, играње оро на улица и кај зетот и кај невестата. Кај мене имам голем двор и не излеговме на улица па знамето се вееше во дворот. Тие што живеат во станови мора да излезат на улица, па доколку им е кејф (да од кејф го ваѓаат знамето) да имаат знаме на свадба, мора да го извадат на улица. Верувај не им е битно дали соседите ќе ги сметаат за патриоти. Тоа се докажува кога на државата и е тешко, а не со веење знаме. За последното се согласувам, јас им забранив на музичарите да свират српски песни (им се заканив со неисплаќање на парите).Значи очигледно не се разбираме. И роденденот и свадбата е веселба. И роденден можеш да славиш надвор, а и свадба се слави во ресторан, хотел колку што знам, но сепак се преферира да се помафта низ маало со знамето за да се покаже што !?
Тоа не ми е јасно. Што се покажува со знамето !? Кејфот !?
пс. никој не рече дека сте сељаци, небањани или не знам што, ама да се правиш патриот и да фураш турбо-српски-фолк после тоа, епа друже ја тоа за предавство го сметам.
И ова не е..мислам дека сеа е по фраерски без знаме него со...кој сака да го етикетираат како сељак и врмовецНиту патриотизам, ниту не знам што, туку само од КЕЈФ и да ме видат другите колку сум јас фраер. Толку.