На свадба што кур ќе кажувам дека сум македонец меѓу македонци? Демек да знаат дека сум појјак патриот од нив што сум стаил знаме? Се е мерење курови со ова патриотизмов и преку кур од фејкери патриоти кои подржуваат се што го прават другите т.н. патриоти, само за да не бидат прогласени за предавници од тие патриоти. Ебате народот кој никој не смее да си има свој начин на подржување на државата!!!
На свадбата, да, глупо ми е и мене кога ќе видам некој „сват“ да се фати за знамето во тек на забавата.
Можеби не е толку важно искажувањето на припадност ако живеете во чисто македонска средина, но ако живеете во мултиетничка тогаш има некоја си улога...
Знамето, т.е. бајракот е традиција. Се применувало одамна, шо викаат старите од турско време. Значи бајрак, со пешкир или шо ти ја знам. Е, ко што е на Галичка свадба, можете да погледнете. Знам дека порано и немало свадба без „бајрактар“. Момче од фамилијата или комшиите на зетот се одбирало за да го носи бајракот. Тој одел прв кога доаѓале кај невестата, и прв кога доаѓале дома.
Традиција е тоа, исто ко и плетење венец од цвеќиња кој стоел на портата на младоженците после свадбата, што претставувало симбол дека во таа куќа има младенци.
Се тоа може да се смета како наше културно наследство и мене лично не ми пречи. Сеа нормално дека ме нервира ако некој сред ресторан се фати за знамето и да игра со него глумејќи патриот, или да го стегне на покрив после свадбата, или пак како браќања кои ставаат по 5 кокошки на една кола...
Но, ако е како што споменав погоре, тогаш е океј, не ми пречи.
Крај краева, тоа е личен избор, немора тој што има знаме на свадба одма да го етикетирате како wannabe патриот. Има и такви, но има и такви кои тоа го прават заради традицијата...
