Што боли повеќе, психичката или физичката болка?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Возраст
37
Да, што повеќе ве боли, психичката или физичката болка?

Или во превод, повеќе ве боли кога нешто ќе се случи, кога некој ќе ве навреди односно повреди, кога ќе ви зададе психичка болка или пак повеќе боли удредната рака, повреденето колено....

Што може полесно да ве натера да пуштите солза? Психичката или физичката болка? Што повеќе може да ве „рани„, да ве „руинира„? Што може да има потрајни последници, физичката или психичката болка?

И на крај мислите ли дека станува збор за ист тип на болка? Може ли психичката и физичката болка да се спореди. Јас мислам-да!
 
Психичката, кај поише боли, па и повеќе трае од физичката:pipi:
 
Ќе добиете клин под нокт, па ќе видете психичка...
 
Физичката повеќе боли. Од друга страна пак, ако човек попушти психички тогаш останува без чувства, т.е. не осеќа болка.
 
Порано физичката...но како што одминува времето сфаќам дека психичката болка е онаа полошата,што подолго те држи и не поминува...
а не верувам дека можат да се споредат,сепак психичката може во многу работи дури да те турне и во секакви психички лавиринти и разни безизлезни ситуации :toe:
 
Психичката болка каде каде појќе боли. Физичката побргу проаѓа, а психичката може да потрае...
 
физичката полесно се заборава... т.е. побрзо поминува, додека психичката зависи од карактерот на личноста, но кога ќе се скрши некој човек - исто како чаша, неможе никогаш да биде како тоа претходно што бил... многу ретко некој да се опорави од психички стрес и слично... но сепак неможе до 100%ти да биде како пред да му се случат тие работи.

сепак, зависи од интезитетот.

доколку некој со врело длето ти копа нокти, те сече тенко по целото тело со жилети, ти дава струјни удари од 70волти со 2000милиампери и ти го сечат јазикот со скалпер а на крај како десерт ти брцаат игли во окото и ти ја врзуваат косата и одеднаш скалпот со големо потегнување да ти го откорнат од черепот... богами физичката болка е поголема :(
 
Изгореници од трет степен...
 
Психичката болка зашто тие рани понекогаш се и трајни додека физичката болка раните ќе зараснат, ама сеќавањето ќе остане.
 
~*~

Од друга страна пак, ако човек попушти психички тогаш останува без чувства, т.е. не осеќа болка.

Токму тоа е моментот!
Почнуваш да стануваш немилосрден робот и забораваш на емоциите, исто како да не постојат.Тогаш, навистина повеќе би те болело некој добро да те натепа.
:vozbud:
 
Зависи до типот на личноста...некои имаат специфичен карактер и се поладнокрвни и рамнодушни така да психичката болка за нив ќе биде после физичката, додека кај оние поемотивните нормално дека ќе биде психичката...

Е сега, исто така зависи и од видот на болката без разлика дали е психичка или физичка...
На пример многу јасно дека повеќе ќе боли психичката болка доколку таа преставува некоја траума од раното детство која оставила трајни последици, ама од друга страна исто така и физичката може да биде поболна од психичката..... Јове_Бт ви даде добри примери...
 
Мислам дека психичката многу повеќе боли барем кај мене е така.Ама исто така зависи и од степенот на физичката повреда така што некогаш може и физичката болка повеќе да боли.Релативна работа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom