Што би се случило кога сите луѓе еден цел ден би зборувале само вистина?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Можно е и војна да избие.Нашава држава контактира со другите,но исто така и тие лажат помалце за да добијат нешто и сеа кога ќе ситуацијата на вистина и кога ќе се види кој колку лажел толку многу ќе се вжештат работите што ќе биде ептен опасно.
 
Војна бреј...замисли вие на сите да им кажувате само вистина?НЕ дека сим лажачка ама на пример некој ве застанува на улица да си праете муабет ама ти баш не сакаш со тој човек да си правеш муабет и лажеш дека имаш обврски дека треба да одеш некаде.Е од тие причини ке избијат многу несогласувања.А да не зборуваме за оние големите лаги....
 
Ако сите зборат само вистина... тој ден ќе падне поприлично многу секс, ќе има доста раскини, разведувања, но затоа нови и многу подобри пријателства, врски итн...

Може некои ќе ги боли вистината првиот ден, но на крајот, ќе биде за сите подобро.
 
веројатно сите ќе бидат изненадени од тоа кол,ку некои луѓе кои што на нив не им значат всушност им се пријатели и им мисламт добро , и ќе бидат разочарани од тоа колку "пријателите" всушност не им се пријатели
 
ништо страшно ке бираш зборови, едноставно ке бидеш тактичен а сепак искрен.. место нападен си и гласен ке кажеш нешто поблаго што не звучи толку лошо како на пример ексцентричен си. Едноставно сите смрдливи лажговци ке мораат да станат polite self controling people
 
Најверојатно многу бракови ќе се распаднат :icon_lol:, ќе има многу само убиства и убиства. ХАОС
 
Немаше филм со слична тематике со Џим Кери?
 
Што би се случило кога сите луѓе еден цел ден би зборувале само вистина?

- Toj den bi bil mosne tivok den! Site bi molcele za slucajno da ne bidat zaprasani nesto!
 
Би било многу јако:duel:.Ако се деси нешто такво бар за глеање ќе е добро и како и да е ја уста не отварам тој ден :nenene:btw ќе нема доволно келии во затвор ако праат нешто такво нека напраат дополнителен/ни затвори
 
лелелле тешко нас...добра е искреноста ама некогаш е мн болна...
вистината ипак мислам дека боли...сите ке се разболиме...лол
 
Убаво кажаа неколкумина погоре во темава. Ако можеш да збориш само вистина, секако дека ќе можеш да премолчиш. Не е до тоа ти колку вистина кажуваш туку колку важна е таа вистина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom