Што би правеле ако поединци од вашето друштво користат дрога?

  • Креатор на темата Креатор на темата city park boy
  • Време на започнување Време на започнување

Што Би правеле ако поединци од вашето друштво користат дрога?

  • Вкупно гласачи
    238
Не, туку кој сум јас да одлучувам за нечиј живот? Ако побара помош секако дека ќе му помогнам, ама ако сака да се дрогира нека си се дрогира јас немам ништо против.

Сигурен си дека ке побара помош? Таквите луѓе мислат дека тоа што го прават е добро и нема да побараат никаква помош. Па колку и да ти верува, колку и да сте најдобри пријатели, нема да побара помош... Мислам дека и без да те моли за помош треба да помогнеш. Велиш дека се додека е човек спрема тебе нема да ти пречи што тој се дрогира. Значи он може за тебе да биде човек, може да ти помага, да ти верува, кратко кажано може да ти биде пријател а ти не можеш спрема него да бидеш човек, не ти пречи што се дрогира и нема да му помогнеш, т.е нема да се обидеш да му помогнеш. Во ред е тоа што не ти пречи неговиот начин на живот, во ред е што го прифакаш со сите негови добрини и мани но сметам дека не е во ред тоа што не би се обидел да му помогнеш.. Ако не му помогнеш ти, кој те смета за пријател, за близок тогаш сигурно нема да му помогне некој непознат од улица. Јас не би можела да гледам како некој си го уништува животот, како полека и на лош начин оди по патот на смртта, никогаш во ваква ситуација не би седела со скрстени раце. Туку од голема љубов и како знак на благодарност затоа што со мене останал пријател ке му подадам рака и ке му помогнам. :)
--- надополнето: Jun 30, 2011 4:27 PM ---
Ако се случи само еднаш најверојатно би премижал, демек "ајде штом го е кеф нека проба", ако продолжи во континуитет би пробал да му укажам на штетните последици како на другар и би пробал да разговарам со него. Доколку и тоа не успее најверојатно би контактирал некој што има поголемо влијание врз него како на пример родител, старател итн.

Во потполност се согласувам со тебе :) Тоа е најдоброто што можеш да направиш за некој кој се наоѓа во ваква ситуација :)
 
Ќе го пријавам во полиција за негово добро и добро на неговата фамилија.
 
Има лек ако е у почетна фаза......врзување за дрво :D
Ако се дрогира од поодамна тури му пепел, најди некоја будала нека го
утепа да му скрати маки.
 
Го погоди вистинското решение за проблемов....... o_O
 
У полиција ќе го пријавиш? -.-

Па дека поседува дрога и дека користи...или ќе најдам начин да го наместам јас лично за да го фатат и да го стават каде шо му е местото на лечење или у затвор.

Зарем не се оди у затвор поради поседување дрога во тебе?
 
Шо пријател си ти бе?
 
Сигурен си дека ке побара помош? Таквите луѓе мислат дека тоа што го прават е добро и нема да побараат никаква помош. Па колку и да ти верува, колку и да сте најдобри пријатели, нема да побара помош... Мислам дека и без да те моли за помош треба да помогнеш. Велиш дека се додека е човек спрема тебе нема да ти пречи што тој се дрогира. Значи он може за тебе да биде човек, може да ти помага, да ти верува, кратко кажано може да ти биде пријател а ти не можеш спрема него да бидеш човек, не ти пречи што се дрогира и нема да му помогнеш, т.е нема да се обидеш да му помогнеш. Во ред е тоа што не ти пречи неговиот начин на живот, во ред е што го прифакаш со сите негови добрини и мани но сметам дека не е во ред тоа што не би се обидел да му помогнеш.. Ако не му помогнеш ти, кој те смета за пријател, за близок тогаш сигурно нема да му помогне некој непознат од улица. Јас не би можела да гледам како некој си го уништува животот, како полека и на лош начин оди по патот на смртта, никогаш во ваква ситуација не би седела со скрстени раце. Туку од голема љубов и како знак на благодарност затоа што со мене останал пријател ке му подадам рака и ке му помогнам. :)

Верувај не знаеш со какви луѓе сум се дружел. Еден е зависник од хероин. Целиот град бега од него штом го види, но јас се дружев со него. Седевме по паркови и зеленила и се дружевме. Човекот во свое време беше студент на генерацијата, но Скопје и лошо друштво си го прават своето. Додека се дружеше со нас, не излегуваше издрогиран, се воздржуваше од дрога по цели месеци. Но имаше кризни моменти кога дома со секира бараше пари за дрога. Мислиш дека јас само така немо гледав? Правевме муабет за неговите патишта и дека дрогата го уништува. Почна да зема метадон и да се одвикнува пополека. Намалуваше се` повеќе со дрогата. И тој самиот беше свесен дека се уништува и сакаше да се одвикне, ама неуспеа, како и повеќето зависници од жолто. Мислиш дека туку-така можеш да влеташ во нечиј живот и можеш некому да кажуваш што да прави? Не девојко. Тој беше 10 години постар. Кој сум јас, тогаш 17-годишник, да му кажувам некому како треба да си го живее животот? Ако побараше помош ќе бев прв да му помогнам. Не ми беше гајле што покрај него и мене цел град ме правеше наркоман и што ли уште не, се дружевме и знам дека тој е многу повеќе Човек од повеќето во светот. Но за да се вмешаш во нечиј живот, не мислиш дека би го понижила тој човек? Можеби тој така си го замислил животот. И што треба јас да го убедувам како треба да живее? Не девојко. Секој си знае што си прави со животот. Ако тој одбрал така, така нека си живее. Јас не сум се замешал во ничиј живот и нема да се вмешам. Ќе се обидам да му укажам каде греши, но да му кажувам како да живее тоа е понижување и директна навреда.
 
Го погоди вистинското решение за проблемов....... o_O
Има една работа тука која е дефинитивна.
Сам нема да си помогне.
E сега прави што ќе правиш додека не е касно.
Сила дефинитивно треба да се употреби.
 
Шо пријател си ти бе?

Пријател кој помага на пријателот/другарот !!!. Не ги оправдувам тие што земаат дроги и такви срања па ако сака и брат нека ми биде. Тоа го прават од немање цел во животот или од многу пари.
 
Од шо помош си ми ако ме пријавиш у полиција? Шо помош нудиш ако ја вмешаш полицијата?
 
Од немање цел во животот? Да ти набројам милион кои земале дрога за да ја остварат својата цел?
 
Да од немање цел во животот и од што не знаат што да прават со нивните пари користат дрога !!

Од шо помош си ми ако ме пријавиш у полиција? Шо помош нудиш ако ја вмешаш полицијата?

Ќе те пратат кај што ти е местото бе пријателе или у затвор или на лечење ќе те телепортират кај сакаш да идеш ти у дизниленд или на хаваите ?
 
Да од немање цел во животот и од што не знаат што да прават со нивните пари користат дрога !!

Ќе те пратат кај што ти е местото бе пријателе или у затвор или на лечење ќе те телепортират кај сакаш да идеш ти у дизниленд или на хаваите ?

Другар, искрено те жалам ако имаш вакви погледи. Значи за тебе луѓето се поделени на луѓе кои немаат цел во живото и се дрогираат, и луѓе кои не се дрогираат (ама не е важно што повеќето од овие воопшто немаат ни живот, а камо ли пак животна цел). Те жалам.
 
Да од немање цел во животот и од што не знаат што да прават со нивните пари користат дрога !!

Ќе те пратат кај што ти е местото бе пријателе или у затвор или на лечење ќе те телепортират кај сакаш да идеш ти у дизниленд или на хаваите ?
Прашај ја баба ти дали грицкала афион као мала и прати ја у затвор, џитни ја у буниште.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom