Што би избрале, карактер или убавина?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ljupco
  • Време на започнување Време на започнување
женските ако викаат дека сакаат дечкото да им биде убав и паметен, тие гледаат само убавина, а карактер кој го е**


баш не си во право.. јес да е и изгледот битен, тоа врши половина работа ама не можам јас да идам со некој ќутук шо не знае 2 со 2 да собере. Битни се и двете, т.е. зависи од ситуација.. за врска би избрала повеќе паметен, ама не и некој франкештајн (сеа ако може и мн убав и мн паметен ќе се усреќам!) а онака за мување изгледот е пресуден, 85%
 
Vazni se i dvete, ama za mene povazen mi e karakterot.
 
Како што стареат жениве се повеќе карактер бираат... а и според мене тоа е најбитно доколку целам на нешто повеќе во животов :toe:
 
боље да биде 65%паметна и 35% убава одколку обратно!
Не бе сакал дел од животот да го поминам со некоја која што има мозок колку ко:nenene:кошка
 
карактерот е поважен.изгледот не толку.
 
Изгледот е многу важен.Не би одел со некоја грдосија.Ама карактерот е поважен.Нека е бомба, ама ако не ми е по ќеиф и ако не се согласуваме џабе е изгледот.
 
ваква тема има, но не знам дали и како имам одговорено порано...

за мене, изгледот е поважен, а верувам дека и за другите е така, иако тоа некако го извртуваат (дека е важен, но не пресуден :))

поважен е затоа што ако не ти се допаѓа изгледот, карактерот нема ни да се обидеш да му/и го запознаеш :) освен ако е во друштвото или на еден или друг начин имаш прилика да го запознаеш...

доколку изгледот е во ред пак, тогаш нормално доаѓа на ред карактерот...ако ти се свиѓа и карактерот-супер нели, но ако не, ќе си кажеш џабе што е убав/а кога нема добар карактер...

значи, се тргнува од изгледот...без темел, куќа не се гради :toe:
 
ваква тема има, но не знам дали и како имам одговорено порано...

за мене, изгледот е поважен, а верувам дека и за другите е така, иако тоа некако го извртуваат (дека е важен, но не пресуден :))

поважен е затоа што ако не ти се допаѓа изгледот, карактерот нема ни да се обидеш да му/и го запознаеш :) освен ако е во друштвото или на еден или друг начин имаш прилика да го запознаеш...

доколку изгледот е во ред пак, тогаш нормално доаѓа на ред карактерот...ако ти се свиѓа и карактерот-супер нели, но ако не, ќе си кажеш џабе што е убав/а кога нема добар карактер...

значи, се тргнува од изгледот...без темел, куќа не се гради
:toe:

Па што е темелот според тебе?
Бираш изглед а велиш џабе е тоа ако нема карактер.

И двете се нераскинливи, мора да постои некоја рамнотежа помеѓу изгледот и карактерот.

Се надевам дека дискотеката не е единственото место кај што си ги запознаваш дечковците, па да судиш само според изгледот.
Понекогаш се’ почнува на спонтан начин, без никакви намери од старт, меѓутоа како што поминуваш повеќе време со некого и го запознаваш се создава некоја привлечност...
 
Ова ќе е лејм одговор - ама најважна ми е хемијата:) Дали ќе има искра или не, нема генерално правило дали ќе е некој „посилен“ на изглед или на карактер.
 
Важни ми се и двете но крактерот ми е многу побитен. Не би можела да бидам со некој глуп убавец кој се понаша лошо спрема мене, а додека ако некој не толку привлечен на изглед но доволно паметен и знае како да се понаша, ми прави да се чувствувам најубаво на свет тогаш воопшто нема ни да размислувам за неговиот изглед
 
Карактер.Пошто дур е малда ке биди уба ке остари и таја кај ке оди ке загрди.:)
 
Овие две работи да се во едно го прават идеалното момче за мене:pipi:...штета што досега не сум ги нашла споени во едно
 
Нема да кажам дека карактерот ми е поважен, бидејќи реално не е така. Доколку сакам посериозна врска, двете треба да бидат еднакви горе - доле, бидејќи едно без друго не ми оди за сериозо. Доколку не ме привлекува физички, не може да ми биде повеќе од другарка. Од друга страна ако не ми се допаѓа карактерно, брзо ќе се заситам.
 
сите сакаат и двете но.....ИМА :D

али секогаш изгледот за прв поглед, али после кога ке видиш дека глаата и е празна ко шупелка....али и не ПРЕкарактер, пошто многуго тапат женските тогаш :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom