Дали мислите дека ако девојка ви сака да оди на кафе со некој другар, а вие и` го забраните тоа, значи дека сте ја оправиле работата и сте спречиле неверство? Дали мислите дека треба да го/ја изолирате дечкото/девојката од секакво друштво од спротивниот пол за да се осигурате дека ви е верен/верна? Тоа ли е решението на проблемот? Велам проблем, затоа што очигледно е дека постои еден ако немате меѓусебна доверба.
Ако јас сум со некој, целосно сум негова. Можам да излегувам на кафе со стари другари, нови познаници, колеги, еднаш бев на кафе и со еден бивш. Но јас сум резервирана, физички и ментално, и не ни помислувам на друга личност, а не пак да се здадам да направам нешто со неа. Ако сметате дека контактот со рендом личност од спротивниот пол ќе ја расипе вашата врска, значи дека врската и не ви е баш сериозна. Ако вие, долгогодишен дечко на вашата девојка, се плашите дека некоја непозната личност со која девојка ви поминала еден час на кафе ќе успее да ја заведе и одведе до кревет, тогаш сте со погрешната личност. Зошто сте заедно со вашата девојка ако не и` верувате?
Ниту сум забранувала, ниту ми забранувале. Ако дечко ми сака да излезе со некоја другарка, познаничка, колешка на кафе - слободно. Ако ме изневери - нека им е со среќа. Ако треба да се борам и да забранувам за да докажам дека нешто е мое, никогаш не ни било.