Што ако никој не излезе на избори?

  • Креатор на темата Креатор на темата KiLian
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Неможе никој да не излезе. Двете најголеми македонски партии заедно имаат околу пола милион активисти и симпатизери, од кој пола ( околу 250 000) им се тврдо партиско членство кое сигурно ќе излезе и ќе гласа на избори по директива. Рачунајте дека и албанските гласачи ќе излезат, тие традиционално излегуваат во поголем број и толку е , ќе се исполни цензусот, иако мислам дека за локални нема цензус, колку и да излезат легитимни ќе бидат изборите. Ако тоа не успее во првиот круг, во вториот сигурно.
 
Уф јас не се палам на такви воопшто.
Само верувам дека типацот ќе направи повеќе за Битола од колку сите заедно досегашни што направиле.

Да беше некој поасален образован можеби ама човек што најголем успех му е што станал обезбедување и има теретана притоа и неуспешен обид да стане DJ чисто сумњам дека ќе направи нешто.. посебно кога ќе се знае дека ни од горе ќе ја нема подршката. Повеќе ми изгледа ако стане (а нема шанси за тоа) дека ќе си го наполни џебот за до крајот на животот.
 
Гледам образованиве што направија. Боље таков (и мене ми стои за пациент) одколку некој „образован“. Тие ни ја ебаа мајката досега.
 
Ако не излезеш, го одобруваш овој систем и оваа власт. Едноставно е. Иако бројот на неопределени и тотално разочарани од се и сешто поврзано со оваа држава е голем, нема да ме зачуди и да нема излезеност. Арно ама работат на случајот, па со притисоци и закани ги принудуваат луѓето да излезат, макар и со сила.
 
Немора со сила, еден мобилен телефон со камера е доволен.
 
Треба луѓево да сфатат дека гласањето не е обврска, туку право. Нека не ве трујат партииве и невладиниве, дека ако не се гласа, не се исполнува демократското право на учество. Самата одлука за да не гласаш претставува демократски потег, со кој кажуваш дека не ти се свиѓа никој избор.
 
Да, но подобро би било да излезеш и да пречкртнеш листот. Ако испадне 5% или поќе неважечки може повеќе да се интерпретира како револт него тоа да излезат само 40%. Тие 5% дефинитивно може да се каже се заинтересирани за политика. Неизлегувајнето може и со неинтерес да се интерпретира. Затоа сите незадоволни нека излезат и да го чкртнат лифчето. Барем така и манипулациите колку толку ќе се намалат.
 
Јас да сум у Битола за билдерон ќе гласам жими се.
Да беше од Битола немаше баш така да мислиш.
Подобро за Спанаќо да гласаше, ама гледам се откажал од кариерата да стани градоначалник( можеби дека е во лудница, незнам), ептен интересни идеи имаше, посебно за невработените:)
Инаку за гласањето мое демократско право е дали ке излезам да гласам или нема, и ако излезам дали моето ливче ке биде или нема да биде важечко. И ич к.р никој да не ги боли дали ке излезам или не. Можеби имам попаметна работа на пример да ја вадам тревата во дворот. Можеби тревата ми е побитна од кој ке биди советник или градоначалник.
А тоа дека со моето и неизлегувањето на другите на гласање изборите би биле невалидни пошто немало да има доволна излезеност, ми е најмал проблем. А башка тоа би било некој репер дека не ги бива ни толку за да народот воопшто и се помачи да излези да гласа што е реално 5 мин работа. Зошто би им дал легалност на изборите кога пример ниедна опција што ја нудат не ми прави кеф.
Да е задолжително и да е казниво, со тоа што ке излезам и гласам па макар со неважечко ливче им давам легалност на изборите а со тоа и на победникот на тие избори, а тоа се коси со моите принципи и поим за демократија. Ако е за така воопшто и да не одиме на избори. Нека направат анкета и кој што води тој нека биди, што ќе ја арчиме државата непотребно.
 
Нека направат анкета и кој што води тој нека биди, што ќе ја арчиме државата непотребно.
Е сега овде има дилема која анкета од која телевизија ќе ја земеме за важечка.

ОН
Ко што напиша еден член погоре, ако не излезе никој да гласа ќе донесат закон и ако еден излезе да се важи
 
Неможе никој да не излезе. Двете најголеми македонски партии заедно имаат околу пола милион активисти и симпатизери, од кој пола ( околу 250 000) им се тврдо партиско членство кое сигурно ќе излезе и ќе гласа на избори по директива. Рачунајте дека и албанските гласачи ќе излезат, тие традиционално излегуваат во поголем број и толку е , ќе се исполни цензусот, иако мислам дека за локални нема цензус, колку и да излезат легитимни ќе бидат изборите. Ако тоа не успее во првиот круг, во вториот сигурно.
За локалните избори цензусот е 1/3 од запишаните избирачи во првиот круг. За вториот нема цензус. Во втор круг се оди ако ниеден од кандидатите од првиот круг не успее да освои над 50% од гласовите на излезените гласачи. Вториот круг нема врска со излезноста во првиот.

За парламентарни избори нема цензус и бидејќи моделот е пропорционален, а не мнозински нема ни втор круг. Претседателските избори имаат цензус од 40% за вториот круг. Претседател во прв круг може да стане кандидат што ќе успее да собере над 50% од запишаните гласачи во Избирачкиот список. Во тој случај нема втор круг.

И во двата случаи во кој постои цензус, тој е многу лесно достижен. Најблиску до пропаст и повторување беа Претседателските избори во 2004, но тогаш цензусот за избор на претседател беше 50%.
 
Абе јас сум се сметам себеси за либерална личност, ама мислам дека треба да има закон сите да излезат на гласање, а дали ке го шкртнат ливчето или ќе гласаат е нивно право.Сепак се работи за многу битен настан, со кој се одредува идниот курс на државата.
Неможе само 50% од популацијата да одлучуваат за сите.
Замислете ситуација(в нормална држава), има избори и 40% од ливчињат се шкртнати, па партиите ќе се увидат дека нешто не чини(пак ќе речам во нормална држава) и ќе се потрудат да го решат тоа.
 
Е сега овде има дилема која анкета од која телевизија ќе ја земеме за важечка.

ОН
Ко што напиша еден член погоре, ако не излезе никој да гласа ќе донесат закон и ако еден излезе да се важи
Не мислев толку буквално за анкетите.
А другата теорија не ти е издржана, повеќе би рекол дека спаѓа во шпекулација.
--- надополнето: 21 март 2013 во 11:19 ---
Абе јас сум се сметам себеси за либерална личност, ама мислам дека треба да има закон сите да излезат на гласање, а дали ке го шкртнат ливчето или ќе гласаат е нивно право.Сепак се работи за многу битен настан, со кој се одредува идниот курс на државата.
Неможе само 50% од популацијата да одлучуваат за сите.
Замислете ситуација(в нормална држава), има избори и 40% од ливчињат се шкртнати, па партиите ќе се увидат дека нешто не чини(пак ќе речам во нормална држава) и ќе се потрудат да го решат тоа.
Или уште подобро нема да им излези ни 20 % од гласачите, така да ем изборите нема да бидат легални, ем пак ке увидат дека нешто не е во ред. Инаку можат комотно да си речат дека изборите се успешни без разлика кој колку ливчиња чкртнал, битна ке биди излезеноста.
Замисли ситуација кандидатите за градоначалник бидат некои кои се психички пореметени на пример. И гласачот едноставно нема избор и мора да одбери од тие двајца еден. И сега нормално ке излези и ке гласа и ливчето ке го пречкрта. Е арно ама од сите тие еден ке се најди кој ке заокружи некој. Правно излезеноста е во ред, гласањето е во ред и изборите би биле легални, а ние сепак ке си добиеме психички пореметен градоначалник.
Е тоа би се случило ако гласањето е задолжително и казниво.
 
Не мислев толку буквално за анкетите.
А другата теорија не ти е издржана, повеќе би рекол дека спаѓа во шпекулација.
Па не би рекол дека е шпекулација бидејќи и моментално ситуацијата не е којзнае колку подобра. Конкретно за локалниве избори со закон е донесено дека за да бидат успешни доволно е само 30% гласачи да излезат на гласање. 30% се далеку од мнозинство.
 
Замисли ситуација кандидатите за градоначалник бидат некои кои се психички пореметени на пример. И гласачот едноставно нема избор и мора да одбери од тие двајца еден. И сега нормално ке излези и ке гласа и ливчето ке го пречкрта. Е арно ама од сите тие еден ке се најди кој ке заокружи некој. Правно излезеноста е во ред, гласањето е во ред и изборите би биле легални, а ние сепак ке си добиеме психички пореметен градоначалник.
Е тоа би се случило ако гласањето е задолжително и казниво.

Мислам дека одиш во екстреми и дека такво сценарио неможе да се случи.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom