Штипска пастрмајлијада 2013 [10 - 13 октомври]

Ја би ве дружел, ама другар ми Zlatikevichius ќе го праиме младоженец тој викенд, па не сум сигурен дека ќе успеам да се појавам. Едино, ако се согласи да ја прави свадбата на пастрамалијадата, па и собиранка да истераме у едно.

Нејќу да ви кршам филм околу пастрамалијадата, убава замисла - лоша реализација. Прво местото е секогаш тапа. Лани на плоштадот (премал за ваква манифестација), сеа кај трговскиот такоџе. Ко не ме слушаат да ја р'гнат на стадионот у Штип, па да ги види Госпо.

Изборот на музиката - очаен. Иако се сомневам дека годинава ќе биде подобар, сепак да им дадеме шанса. Се надевам ќе ги остават српските кафанските певаљки, да си постојат на мира по нивните биртии.

Ко се спомне пастрамајлија у Македонија, по дифолт се мисли на штипска. И тука се завшува секоја дилема шо ги мачи Велешани.

Пастрамајлиите на пастрамлијадата се во секој случај подобри од велешките, ама не е тоа тоа. Си треба да си седнеш на тенане, да ти ја направат ќефски како шо само у Штип можат, па тогаш да се дупниш од јадење. Вака, се некако полуживо, полутегаво.

Ама, да дојдете STEALTH и Mary Poppins сигурно ќе се фанастични домаќини.
 
Ја би ве дружел, ама другар ми Zlatikevichius ќе го праиме младоженец тој викенд, па не сум сигурен дека ќе успеам да се појавам. Едино, ако се согласи да ја прави свадбата на пастрамалијадата, па и собиранка да истераме у едно.

А викам - од кај па јас означен во тема за пастрмајлијада... овој да не згрешил нешто? :pos:
 
Дали некој може да објасни во што се разликуваат, штипска, велешка, кривопаланечка, радовишка... пастрмајлија?
 
Ајде, ве чекаме!

Само кажете на време за да резервираме во некоја кафана пошто тогаш е ГУЖВА во сите

Mary Poppins Forrest Gump
едно место во штип многу ми се допаѓа. ....... не ми текнува на кафаната, али ........ од спротивна страна на трговскиот е, .... на крајот од улицата, па се иде малку нагоре, 100-ина метри и од лева страна е.
ако одговара како локација .... ете еден предлог. ако не, ...... штипјани, па ајде покажете се како добри домаќини(y)
 
Па на таа улица оваа година ќе биде пастрмајлијадата, најверојатно е или бившото Парадизо или Митре
 
Па на таа улица оваа година ќе биде пастрмајлијадата, најверојатно е или бившото Парадизо или Митре
ако одговоров беше наменет за мене, тогаш сум ја потрефил локацијата. ......... :P
 
Ајде, ве чекаме!

Само кажете на време за да резервираме во некоја кафана пошто тогаш е ГУЖВА во сите

Mary Poppins Forrest Gump


Идам обавезно :D Може у Грофот да се збереме :D Ничето затвори , инаку таму пастрмајлијката беше топ !!! :D
 
Променета е локацијата за Пастрамалијадата

"Како нова локација е избрана улицата покрај градскиот стадион, од крстосницата „Дујле” до камениот мост која се наоѓа покрај градскиот стадион. Оваа локација е широка, нуди инфраструктура и, во прв ред, поголем простор за оние угостители кои ќе имаат потреба од поголем простор."

За музиката веројатно треба да се очекува истото турбо фолк срање како и секоја година

"Организациониот одбор којшто го сочинуваат претежно млади луѓе, исто така, веќе е во преговори за настап на врвни имиња од музичката сцена. Како најсериозни изведувачи на Пастрмалијадата се споменуваат „Бијело Дугме” и Харис Џиновиќ. Но до заклучување на договор за настап, сите опции остануваат отворени."
 
Секако дека ќе е трубак, они на пиво фест носат глупости не па на настан со јадење ебаго... сигурно dj нема :D
 
Изборот на изведувачи очаен!!
Синтезис мислам дека беше и минатата година. (или пред две години).
поарно музика на цд-плеер да пуштат
За време на манифестацијата најдобри пастрамајлии има во локалите, тие што ќе се продаваат по штандовите ќе бидат како тракторска надворешна гума, освен ако не изведат да ги приготвуваат на лице место.
За локацијата сеуште се шпекулира измеѓу тие две, кај градскиот стадион, или зад трговскиот центар.
цената најверојатно како лани, 100 денари на штандовите, а пастрамајлијата очајна.
затоа кој сака да проба добра пастрамајлија исклучиво нека си завземе добра позиција во самата кафана.
инаку вечната дилема за пастрмајлијата..
Оригинал потекнува од Радовиш и радовишко (пастрма-сушено овчо месо)
затоа и името пастрамајлија
Штипската модифицирана, со свинско месо(и со пилешко за оние кои не јадат свинско)
Велешката(пита)исто со свинско месо, само и јајце одозгора каде на око , каде изматено па полиена питата со јајце.
Целиот марифет е во подготовка на тестото.
Кој кафанџија да го прашате, подогтовката на месото ке ви ја каже, свинско месо сечено на коцки, зачин(сол, црвен пипер, црн бибер)свнска маст.
Ама тестото, демек тајна, иако веќе на големо се знае дека од истото тесто сега се приготвуваат и пици и пастрамајлии.
Се јаде исклушиво со рака , без прибор, и зависно кој сака си грицка и луто пиперче од туршија или си става букова пиперна сол.
Тоа е тоа од мене.
Бујрум во Штип.
 
Ајде бе ако доаѓаете не се само тие 2ца од штип не има повеќе :)
Има разлика не место до место во вкусот. Пример од цел град на дрва печат само у Рома и Алберта, ама у алберта последнио месец не им чине маста :D
На друго место убава пастрамалиа има у Верона, Даблин, Нецко е исто добра.
За пилешка најдобра до сеа имам пробано у ново отвореното у Лонгуров. Така да ако има кандидати, тука сме ние Штипјаните :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom