Штип

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Едносмерната ја знаете.. -Е, ја знаеме... Златарата Крле, ја знаете?- Ја знаеме... Пиларата до Крле ја знаете? - Ја знаеме де!

Е до таа пилара се наоѓа бутико Ефтинија, а на излого на бутико Ефтинија се наоѓа ЅИДО НА СРАМО.

Сте го ѕирнале? Госпожа (случајно ја знам по извиџење:pos:) си влегува со дете и си бендисуват едни балетанки, си ги става у ташна и дим да ја њама. Сето после снимано од фантастичните камери на Ефтинија, се преточува у клип кој ден денес се врти на излого. Па и озгоре , напишале со ја волкави букви у стил: Госпожата со дете како краде (не се сеќавам точно на тексто, парафразирам).

За тие шо сакат да го видат клипо, ексклузивно од понеделник, пошо чера ко оевме накај Ајс, мониторо беше завртен накај унатре.

За 450 денара бе еј!

:pos:


А чекај..... на излого врте клипо... или ?
 
Да бе на излого, само шо сеа за викенд го завртеле мониторо. Иначе у работните денови, така апла пред сите се гледа оперирањето на Госпожата:pos:
 
Монитор на срамот :icon_lol:

Кој вика дека у ШТ нема креативни луѓе. Не знаев за ова, утре обавезно ќе поминам да видам.
 
Е више ко ќе се наоѓаш там, жити се види го и излого на една продавница, поима неам како се вика , од таа страна кај шо е Т-мобиле. Секад се газам од смеа, оти на излого стое:

Цените паѓаат! Се до 99 ден! И над!

:pos:
 
Хах, ја знам, до Казабланка беше одма мислам. Цените дефинитивно паѓаат :pos:
 
Овоа забравив... Нели Штип стана најмизернио град у Македонија у поглед на ноќнио живот ( не дека некад е било поинаку или подобро ) ,али сеа мислам го достигна дното. Енџелс, Ајс и Џезо.

Првите фурат нешо шо ја не го капирам ( а често сум таму, ради позерските склоности на моите другарчиња).

Ајс мислам дека стана поим за гужвање,мислиш бесплатни вибратори се делат. Вентилација никаква.

Џезо е место кое вака гледајќи го е дупка. Уствари како сакаш гледај го дупка е:) Али ко ќе ти се погоде бендчето и пијачката ( пошо луѓето таму се секад погодени) е најлуд помин евр.Го сакам Џезо.

Скверо се знае дневна шема, а Пијано 2 пати у живот иам одено така да ќе се воздржам од коментари.

Маабето ми беше чера у Ајс најшема беше една невеста у бело целата( со се сите невестински дитлс и салтанати) и играе, играе... Лудници:pos:
 
хах прилогот како да е надокнада што Штип нема своја епизода од Истражи ја Македонија, само овојпат со Виолета Кожинкова наместо Владо Јовановски.

Инаку ѕидот на срамот е тргнат од Ефтинија. Претходната недела намерно минав од таму, дури и внатре улетав, за на крај да се разочарам.
 
Колку само е брутално реална:pos:

"Верувајте ми, сум ги пробала сите, но повкусна од штипската - нема!"

Ама не де...:D
 
Колку само е брутално реална:pos:

"Верувајте ми, сум ги пробала сите, но повкусна од штипската - нема!"

Ама не де...:D
Крајно непристрасна е. :icon_lol:

Само не сфаќам која му е целта на видеото.
 
Ни јас...

Дали ние самите да го заскаме ШтипО или мош па да ги разниша позициите на велешкото лоби на кајганава у везе пастрамалијата:D

Беше на Олимпијадата? И ако да, како?
 
Ако го имате клипот со госпожата ставите го на јутјуб а сигурно некоја од вработените си го ставила на мобилен, леле како сум го пропуштил тоа, штета. :pos:
Па и таа глупава нели гледа дека во Ефтинија има камери и на зидот со толкави големи букви пишува дека објектот е под видео надзор, а и компјутерот и е вклучен се гледаат што снима камерата. :tapp:
 
Ни јас...

Дали ние самите да го заскаме ШтипО или мош па да ги разниша позициите на велешкото лоби на кајганава у везе пастрамалијата:D

Беше на Олимпијадата? И ако да, како?
Ако целта на клипот е да го засакаме Штипо повеќе од колку што го сакаме сега (иако сметам дека повеќето го имаат достигнато врвот на сакањето), тогаш consider it done, Violeta. Ако целта е да се окрупнат позициите на форумското лоби, тогаш немам појма. Може треба да организираме локална собиранка во Ејџнелс (кога ќе има евент у стилот на Submarine Party), Ајс (кога ќе биде потопло бидејќи 1000 души во простор предвиден за 30 е најјаката атмосфера ever), Сутјеска (или таа другата до неа на која не и' го паметам името).

Што се тиче Пастрамајлијадата, не бев, иако сакав (читај: не сакав) да одам. Како што слушнав, сите се задоволни, се' било во најдобар ред, простор имало ептен, убаво музикиче, а и бааѓи прскала водата од фонтаната. :D
 
Џезо само Џезо со Саут парк како еден од најјаките бендови шо свират таму. Да, Светле ми е симпа. Ебати собиранката шо може да се издешава со целокупниот персонал од Кајганава, со се благајниците.

Не сум нешо фан на пастрамалијадата, али бев (сабота и недела). Од сите баш Бајага бе!? Никаква атмосфера немаше, освен еден дечко кој цело време сам џускаше на терасата, најгоре првата зграда од кај поплоченото ко идиш, со некој сензуален танц у стил на Селма Хаек ( така нешо) и повеќето зјапаа у него ( да не речам сите):pos: . Бајага нити песни некои има ( не дека му ги знам де), ни асално пеење, нити озвучување, нити уиграност на бендот ( им требаше едно 5 мин дури да почнат да свират некоја песна). МИЗЕРИИИ!

За Хикси све си напишав у Ди Кеј, не би да се повторувам - по милион пати. Али за Хикс :cuc: и уше ова:

Жалосно е тоа шо го прават сите - носат истрошени Ју ѕвезди, а ние имаме такви бендови кои убиваат и немаме потреба од -ИЌ ѕвезди. Ареа, Архангел, Анастасија, Хикси, Бернајс пропаганда... Да тие страв да одиш на манифестација која би ги споила сите нив.

Пивата мала лименка 60. Никој не купуваше од таму. Меѓу сите и ја. Си идеш горе у трговски кај таа трафиката шо работи 24/7 и продава алкохол у секое време си пазаруваш и се дискаш:D

Ја, јаде пастрамалија од Класик, од нивнио штанд и не беше нешо посебно. Дефинитивно сум јадел и порепрезентативни примероци...


П.с еве малку од атмосферата на Хикси. Обид за Шутка или па мош и беше Шутка, ај сам процени:


После П.с Жената шо крадеше у Ефтинија е снашка у Три Чешми. Уствари беше снашка. И беше Светиниколчанка. Да не се створи погрешна престава за нашиве Штипјанки, нали:D
 
Која е таа трафика за алкохол 24/7? Не сум упатен очигледно. Не ни знаев дека постои општо трафика во ШТ што работи нон-стоп, освен, нормално, г-дин Тафка.

Кога сме кај пастрамајлиите (пастрмајлиите, пастрмалиите, пастрамалиите, watevah', which is it, Stip?) најдобри ми се кај Цуната. Потценета кафана.

И во никој случај не може да се стекне погрешен впечаток за нашите Штипјанки. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom