Робен од среда во Реал
Во меѓувреме шпанските медиуми најавија дека Арјен Робен в среда ќе биде официјално претставен како најново засилување на Реал Мадрид.
Жозе Мурињо реши да не го вклучи Холанѓанецот во составот за пријателскиот меч со Глазгов Ренџерс во саботата за да не ризикува со евентуална повреда што би го расипала договорот меѓу Челзи и Реал, според кој “кралевите” ќе платат 30 милиони евра за услугите на Робен.
Останува да се види дали овие најави ќе се реализираат, и на Робен конечно ќе му се исполни желбата да го облече дресот на најтрофејниот европски клуб