Шпански серии

  • Креатор на темата Креатор на темата baltazar
  • Време на започнување Време на започнување
Еее, и јас се чувствував исто како тебе кога заврши Одмаздничка (La Venganza) со Габриела Спаник,
што ја даваа на СкајНет, таму негде 2002 или 2003.

Ми недостигаше Франки, закон тип, гангстер прва класа, уживав да го гледам, тој ми беше најомилениот лик од целата серија.

Воопшто не се секавам на Одмазничка,не знам ни за што се работеше...Ама еј,Џими ми го поремети сонот:kesa:
Мартин го открија еј :vozbud:
Поради големата заинтересираност и големите апели што се упатуваа кон Сител за да се промени терминот бидејќи првично требаше да се емитува во 09 наутро, и бидејќи е премногу рано за ваква мегапопуларна серија, Сител ги прифатија молбите на гледачите.
Терминот е променет и серијата дефинитивно почнува во четврток во 17 часот .

Според досегашните позитивни критики и нестрпливоста на гледачите да почне Клон, се очекува дека серијата ќе направи вистински БУМ во Македонија.

Јас како и многумина сум пресреќна што ни доаѓа нова латино серија и обавезно ќе ја гледам, бидејќи насекаде досега каде што се има емитувано има постигнато голем успех и многу позитивни критики.

За серијава се е океј,немам ништо против што ке ја емитуваат,премногу ја сакав Бразилската верзија односно целата серија ја сакам па можеби и ке се случи чудо пак да ја гледам иако ке биде римејк...јбг,подобро тоа отколку турско таџикистанските серии кои го пореметија народот.Во 9 часот да се емитуваше ке бев сигурна дека ке има мала гледаност,ама како и да е,ке видам како ке ги одглумат ликовите.Се надевам одлично.

Туку имаш некое инфо кои глумци ке бидат во серијава?освен овие главниве...Сандра Ечеварија и оној другиот кои и играа на почетокот заедно во Марина?баш ме интересира:)
 
Колку и да се трудам да ве разберам со серииве, не ми иде.

Епа секој си има различно мислење и вкус.
Мене на пример ми се допаѓаат бидејќи уживам додека го слушам шпанскиот јазик, бидејќи ми е омилен јазик.
 
Лукас ке умре а Жаде ке го запознае Лео
 
Верувај на луѓето веќе им здосадија турските и индиските серии (единствено Лисјата се така хит од турските серии) многу луѓе се радосни поради тоа што латино сериите повторно се враќаат на малите екрани, има голема фама околу Клон бидејќи во МК од поодамна се нема емитувано латино серија (единствена на Сител беше Диабло која што за 1 недела ќе заврши).

а верувај ми ти мене дена нема да можеш да си претставиш колку ке бидам ја среќен место глупи турско шпански индиски хрватски и какви ти не серии да дадат некоја поасална програма односно некои документарци. многу попаметно е веруј. секоја серија е буквално иста. секаде имаш некоиу шо се сакаат па забранета им е љубовта па ке успеат преку 35345 глупости да се заедно. обавезно имаш богато и сиромашно семејство и нели у богатото слугинки дрн дрн дрн... СЕ Е ИСТО !!! ак не е вака слободно кажи.

искрено мн мн мн мн е подобро да гледате дискавери по цел ден него ли серии. од серииве ништо неможеш да научиш. од дискавери можеш МНОООГУ да научиш
 
Тоа си е твое мислење и твој став и јас тоа го почитувам, нормално неможе на сите да ни се допаѓаат исти серии.
Но за мене ова е одлична вест што повторно ќе се емитуваат латино серии:smir:

--- надополнето ---
За серијава се е океј,немам ништо против што ке ја емитуваат,премногу ја сакав Бразилската верзија односно целата серија ја сакам па можеби и ке се случи чудо пак да ја гледам иако ке биде римејк...јбг,подобро тоа отколку турско таџикистанските серии кои го пореметија народот.Во 9 часот да се емитуваше ке бев сигурна дека ке има мала гледаност,ама како и да е,ке видам како ке ги одглумат ликовите.Се надевам одлично.

Туку имаш некое инфо кои глумци ке бидат во серијава?освен овие главниве...Сандра Ечеварија и оној другиот кои и играа на почетокот заедно во Марина?баш ме интересира:)

Повели - http://en.wikipedia.org/wiki/El_Clon
 
Тоа си е твое мислење и твој став и јас тоа го почитувам, нормално неможе на сите да ни се допаѓаат исти серии.
Но за мене ова е одлична вест што повторно ќе се емитуваат латино серии:smir:

а ти искрено колку серии гледаш?
 
а ти искрено колку серии гледаш?

Искрено, значи најискрено јас ги сакам шпанските серии и гледајќи ги нив научив шпански јазик (добро сега, не ја знам граматиката), но одлично можам да се разберам со човек кој збори шпански, 99% разбирам шпански , а малку потешко ми е да зборувам бидејќи не го користам секојдневно шпанскиот јазик.

Инаку искрено моментално не пратам ниту една латино серија (а.к.а шпанска серија) бидејќи нашите телевизии се преплавени со индискии турски срања и нема некој си голем избор на латино серии кај нас (3-4 се вкупно што се емитуваат во МК).
На сител се емитува Диабло али честите промени на термините ми створиа одбивност и престанав да ја гледам, а на Пинк 15 има 2 латино серии - Тереза и Валентина и нив исто така не ги гледам.
Од четврток ќе почнам да ја пратам Клон и таа ќе биде единствена која што ќе ја следам сега-засега.
 
Туку имаш некое инфо кои глумци ке бидат во серијава?освен овие главниве...Сандра Ечеварија и оној другиот кои и играа на почетокот заедно во Марина?баш ме интересира:)

Саул Лисазо, кој беше главна машка улога во Земја на страсти со Габриела Спаник,
го глуми Леонардо Ферер, таткото на Лукас и Диего, близнаците.

Хералдине Зивик, веќе ја спомнав претходно, ја глуми Кристина, која е всушност римејк на
ликот на Ивет од бразилскиот оригинал, за која спомнав дека ги глумеше близначките во
Другата во мене.

Даниел Луго, кој го глумеше тој лекарот (или лудиот научник, сеедно :)) во Анали,
го глуми Али, вујкото на Жаде и Латифа.

Ооо да, Андреа Монтенегро.
Најверојатно не ја знаеш, имам гледано некои серии со нејзе на Zone Romantica, најчесто глуми
негативци, но човече, како знае да го овековечи карактерот на ликот кој го глуми, уникатна е, секоја и чест.
Во римејкот на Клон на шпански јазик ја глуми Назира, сестра на Саид и Мухамед, прво негативец, но потоа
ќе станела добра, така читнав.
 
Саул Лисазо?Знам дека беше партнер на Габриела Спаник во "За твојата љубов",за тој што зборуваш не знам,освен ако не се работи за истата серија.
Премногу е млад за да глуми татко на двајца синови од по 20 и нешто години
Диего бе,ццц по правило треба да биде Џого ама ај -.- !Не ги бива ако не сменат.
Баш сакам да видам Хералдине како ке ја изглуми оригиналната Ивет,јас од Вера Фишер која ја глумеше Ивет во бразилската верзија сум пријатно изненадена и не е е можно,без разлика колку и да е години таа секогаш изгледа младо :pipi:
За Али,ха ха ха,повторно човек во средовеечниот живот ке глуми...ке разберев да беше некој постар.
За Назира колку што се секавам и во Бразилската верзија беше негативец ама ке видеме.
Читав дека ке има промени уште на стартот што не ми се допага воопшто.Погоре ставив спојлер.Кој ја гледал Бразилската верзија и знае што се случи на почетокот во оригиналот и притоа го видел спојлерот ке знае за што зборувам.
 
^

Да, истиот тој Саул Лисазо беше главна машка улога и во За твојата љубов со Габриела Спаник,
исто како што беше и главна машка улога и во Земја на страсти исто така со Габриела Спаник.
Е па типот е поранешен фудбалер, затоа и добро се држи, инаку типот е роден 1956,
така да добри му се годините за да биде татко.

А ликот на Кристина, кој е шпански римејк на ликот на Ивет, како што имам читнато,
е чиста копија од оригиналната Ивет, па до некаде дури и повеќе, како да кажам, ексцентрична,
ако тоа е вистинскиот израз.

А и Даниел Луго, кој го глуми Али си ги има башка години, роден е 1945 и одлично ги толкува
ликовите кои ги глуми, верувам дека ќе се согласиш со мене, барем од гледна точка на неговиот
лик на докторот Армандо Ривера во Анали.

Па не знам за промените за кои имаш пишано во спојлерот, јас читнав дека овој шпанскиов римејк
на Клон е чиста копија на оригиналот, и ќе заврши со среќен крај, исто како оригиналот.
 
^
Нц,нема да биде исто...ама прочитај го спојлерот ако сакаш да знаеш што ке се случи.Саул Лисазо ми е мошне привлечен глумец и ми се допага како глуми,го оживува ликот.Е сега за тоа дека бил фудбалер прв пат слушам.
За Даниел Луго,што знам не ми се допага некако изборот но се надевам дека ке ме демантира за да си ги повлечам зборовите.
Верувам дека Хералдин може да ја замени Ивет но не во потполност,се зависи од тоа како ке биде прикажана во серијата.
Кристина?зошто Кристина?па по правило треба Ивет да се вика.Ахххх :(
 
Еееј, и ова сега го читнав.

Улогата на Саид во римејкот на Клон на шпански јазик, ја игра Хуан Пабло Раба,
кој ја играше главна машка улога во Ексцентричната Анастасија и Мојата дебела убавица,
не ми текнува дали баш под тоа име ја емитуваа Mi Gorda Bella на СкајНет.

Како и да е, и Хуан Пабло Раба е добар глумец, па баш интересно ќе биде да видиме
како ја одиграл својата улога во римејкот на Клон на шпански јазик.
 
Ja si gi obozavam spanskive serii,ama pocnav da ja gledam na pink sortilegio i ne ja dogledav koga ke pocne na sitel pisi mi :))sakam od pocetok i cela da ja gledam,a inace momantalno sum zarazena so diablo :))

sortilegiojpg.png

Хаха, дојде моментот да те известам дека почнува Sortilegio :)
Mas sabe el Diablo (Диабло) завршува оваа среда (на 27 април) , а Sortilegio (Магична привлечност) започнува во четврток во термините на Диабло , а термините се:
Сител = Премиера во 12:30 часот и Реприза во 03:15 часот
Сител 3 = Репризи во 10:15 часот и 17:30 часот

Наскоро на Сител ќе има и реклама (промо) за Сортилехио.
 
Ja гледав серијата кога се емитуваше на Пинк,интересна беше,со мајка ми не ја испуштавме.Ама многу наликува на Акапулко кога се емитуваше на времето со Тони,Рејчел и Макс.Ја имаше истата приказна.

Сега сакам да кажам малку за шпанската верзија на Клон.
Тотално сум изненадена негативно,разочарана и останав без зборови.Тотален промашај е ова бре луге,Кристина која ја глуми Ивет во Бразилската серија не е ниту на налик онаа во првата верзија.Многу нашминкана изгледа нападно.Онаа докторката која го брка Албиери не е ни близу до докторката Една од бразилската верзија.Се однесува како тинејџерка.А за Жаде?немам зборови...премногу брзо се заљубуваат со Лукас:nesvest:Не го очекував ова.

Туку да го прашам Декстер25 што се случи со Ексцентричната Анастасија?Едно време ја емитуваа на А1 ама ја прекинаа.
 
Порано гледав шпански серии :pipi: и си научив то палавра еспана вери гуд и сега немам гајле :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom