Р
~~РубинРед~~
Гостин
Еее, и јас се чувствував исто како тебе кога заврши Одмаздничка (La Venganza) со Габриела Спаник,
што ја даваа на СкајНет, таму негде 2002 или 2003.
Ми недостигаше Франки, закон тип, гангстер прва класа, уживав да го гледам, тој ми беше најомилениот лик од целата серија.
Воопшто не се секавам на Одмазничка,не знам ни за што се работеше...Ама еј,Џими ми го поремети сонот:kesa:
Мартин го открија еј

Поради големата заинтересираност и големите апели што се упатуваа кон Сител за да се промени терминот бидејќи првично требаше да се емитува во 09 наутро, и бидејќи е премногу рано за ваква мегапопуларна серија, Сител ги прифатија молбите на гледачите.
Терминот е променет и серијата дефинитивно почнува во четврток во 17 часот .
Според досегашните позитивни критики и нестрпливоста на гледачите да почне Клон, се очекува дека серијата ќе направи вистински БУМ во Македонија.
Јас како и многумина сум пресреќна што ни доаѓа нова латино серија и обавезно ќе ја гледам, бидејќи насекаде досега каде што се има емитувано има постигнато голем успех и многу позитивни критики.
За серијава се е океј,немам ништо против што ке ја емитуваат,премногу ја сакав Бразилската верзија односно целата серија ја сакам па можеби и ке се случи чудо пак да ја гледам иако ке биде римејк...јбг,подобро тоа отколку турско таџикистанските серии кои го пореметија народот.Во 9 часот да се емитуваше ке бев сигурна дека ке има мала гледаност,ама како и да е,ке видам како ке ги одглумат ликовите.Се надевам одлично.
Туку имаш некое инфо кои глумци ке бидат во серијава?освен овие главниве...Сандра Ечеварија и оној другиот кои и играа на почетокот заедно во Марина?баш ме интересира
