Шопинг во Солун

  • Креатор на темата Креатор на темата Keti**
  • Време на започнување Време на започнување
Читај ги цитатите посебно. Не се однесува се` на тебе, не си само ти на форумов!
Не се прави голем космополит, очигледно е дека тоа не ти е позната територија!
Да се вратам на темава: (ова се однесува на оние кои сеуште земаат пари од мама и тато)
Вашиот шоп, шоп, шопингот во Солун е смешна работа за мене. Одите таму за да купите нешто квалитетно, ама вас не ви е познато дека квалитетот е скапа работа! Не е се` оригинал и не е се` квалитет што ќе купите таму. Мене искрено, ме чуди вашиот мазохизам. Се пикаш некаде кај што не те сакаат, а за да не си создадеш уште поголеми комплекси и фрустрации, глумиш космополитски дух и тврдиш дека тебе не те интересира како ти се обраќаат (не е важно кое погрдно име го користат) и не ти е гајле за нашата економија (нешто кое е многу важно за целото општество!), се` со цел да бидеш фенси во очите на другите. Од каде толкав мазохизам? Од каде ви е таа фрустрација и толку многу комплекси? Целта ви е да бидете подобро облечени од другите?
Облеката не го прави човекот, ниту „философските“ книги од „мудрецот“ Паоло Коелјо! Сите го проценуваат твојот (не) карактер, а не парталчињата кои ги носиме на себе. Целта на облеката е да те заштити од надворешни влијанија, а не да те направи човек! Нејсе, некои работи за младината се премногу тешки да ги сфати, ама искрено се надевам дека брзо ќе се свести. Додека младината ни се свести, ние ќе читаме се` и сешто по форумиве! :tv:

Еве, јас трошам лично мои пари, кои сама сум ги заработила. Трошам по 100 евра на 6 месеца, тоа се 200 евра годишно. Зара, H&M, Бершка и сличните за мене не се посебен бренд, во принцип на светско ниво се сметаат како што ние во Скопје го сметаме Еко Центар (вметнете соодветно име на продавница во другите градови на Македонија). Не купувам таму затоа што сакам да носам зара и за другите да ме видат дека ја носам марката, туку затоа што за помалку пари добивам подобра облека. Не мислам дека сум највечи фраер во маало ако носам фармерки од која и да е фирма.
Купувам и од Скопје, на пример, кондури секогаш од тука си купувам. И тоа од Пеко, Саломон, и бројните други "македонски" марки кои се продаваат.
Каде во Скопје ќе купам маица која нема да избледи после три перења за 300-400 денари? И, каде во Скопје ќе најдам роба која не е кинеска и има реални цени? Кажете ми и одма ќе одам и таму ќе купувам наместо во Солун. Да не треба да одам во онаа продавница во Рамстор, Фиори ваљда беше, што купува умирисани кошули од пред 7-8 сезони од Италија (а и Бог те пита од кај се), им лупа прво цена 2000 и после дава попуст, ги спушта на 600 и народ жив радосен се тепа за стара, неквалитетна роба?
Како ли да сфатите дека постојат и луѓе кои од практични причини купуваат во Солун, не за да се прават фраери пред другарчињата? Да, има и такви, тоа е факт, ама постои и овој втор загрозен вид кој не го признавате :smir:
Во моментов Солун ми е најблиско место, за државните политички спорови ми е гајле онолку колку што на државата и е гајле дали јас имам пари да ја платам 10 пати поскапената струја или вода.
Додека државата не се свести, ние ќе купуваме кај стигнеме, ќе се снаоѓаме како знаеме за да заштедиме некој денар и да добиеме повеќе за СВОИТЕ пари.
И, на крај, она што го спомна Леандра, во Македонија НЕМА македонски готови производи, изработени од македонски материјали, македонски работници во македонска фабрика за газда Македонец. Така што, како и да се свртиме, што и да купиме, ние придонесуваме за нечија туѓа економија, не за нашата.
П.С. Стварно многу ми се "забавни" квазипатриотиве кои се маваат во гради, а живеат на милион километри од Македонија и на мистериозен, непознат и веројатно непостоечки начин придонесуваат за нашата економија.
П.П.С. Да не бидам погрешно сфатена, не го поддржувам она викање дека си од Скопје, тоа е дебилно. Мене лично никогаш не ми се случило некој да ме праша од каде сум, комуницирам на англиски со продавачите и никогаш не сум имала никаков проблем.
 
а вака може ?? :)

он. не им одам, никад не сум ни идел. Не сум нешто у фазон “ќе го спасам името ако седам овде’’, него чисто дека на лично ниво ме иритираат, како стиропор кога се трља, или гребење по ѕид ми делува појавата нивна. Порано ги осудував тие што одеа ама тоа сеа ми се гледа глупо.

Шопингот у Солун ме асоцира на една продавачка од маало, Параскева се викаше и беше најнепријано створење на сите времиња. Акав преку три маала да купам леб само да не ја трпам секое сабајле, исто и со овие, ако влезам во некој дуќан и ако чујам некоја “историска вистина’’ од некое ниско, црно, здепасто створење, мислам дека протесни ноти ќе фрчат наредно сабајле на релација Скопје-Атина....
 
Мене ми е блиску исто колку до Скопје...денес на луѓето преку кур му е кој како ќе се вика,луѓето денес се борат за опстанок.НЕ ми се верва дека истите срања што ги продаваат во СК и БТ се 40% пониски во солун
И незнам оти скокат патриотиве тука кога солун е наш хахах..тие се најголемите предавници
 
Купувам и од Скопје, на пример, кондури секогаш од тука си купувам. И тоа од Пеко, Саломон, и бројните други "македонски" марки кои се продаваат.
Каде во Скопје ќе купам маица која нема да избледи после три перења за 300-400 денари?
Околните скопски населби и помалите градови низ Македонија, посебно источна.
Претходно прашав, но одговор њама. Дали им е квалитетот качен на јужњациве пошто последните 2 пати кога бев на пазарење пред 1990, ако сакаш поефтина маица, квалитетот им беше катастрофално лош -фатен конец на маица, дупче на ти-шрт шиено дополнително... Не сум патриот, баталете го еднаш тој збор ако некој е против пазарење во други држави. Последен пат кога видов што продаваат низ туристичките места летоска (рецимо као низ Охрид), видов вообичаен квалитет со вообичаени цени со вообичаен изглед за млади (конкретно за маици и фармерки). Кај нас го има истото само немам цени споредувано -не ги паметам :)

Затоа и претходно прашав (покрај марки кои они најверојатно имаат далеку поголем дијапазон од кај нас) за ист квалитет исто/слично парче облека, маица, фармерка дали се многу поефтини? Дали се имаат изменето од пред деценија две? За колку една просечна фармерка можеш да ја купиш тука и таму? Да се потсетиме дека не е само центар на Скопје, има и други места, продавници, градови низ Македонија каде е многу поефтино за иста роба. Ете пример како пазарат во Струмица
БиБиСи: Се ценкаат ли, се жалат дека овде е поскапо или се фалат ли дека е поефтино?
Тука за нив е ефтино, дури и се чудат, а сепак се ценкаат.“
пазарат во Битола (покрај фризерски и дентал услуги...затоа пак замолувам за една обична кратка споредба и ме интересира од погоре кажаното дали е причина поефтиното кај нив или поголемиот асортиман?


Што се однесува до офтопиците и констатациите, стварно не би за некои вакви споредби
во Македонија НЕМА македонски готови производи, изработени од македонски материјали, македонски работници во македонска фабрика за газда Македонец. Така што, како и да се свртиме, што и да купиме, ние придонесуваме за нечија туѓа економија, не за нашата.
Потеклото на робата од конец до џемпер, фармерка едино не е дискутабилно можда у Кина или слична голема држава. Па и таму...не знам дали...сигурно треба друга тема за вакво нешто, но џемперите во грција се праат од грчки овци? маиците од грчки памук? :) да оставиме економија и увоз извоз на страна, стварно звучи нестварно мислата за затворена економија :)

П.С. низ трговските и маркетите во горните европски (Џермани, Луксембург...колку што имам видено) земји ќе најдете македонски капути и друга роба со ознака дека е од Македонија...ако некому е тоа битно :)
 
Мене ми е блиску исто колку до Скопје...денес на луѓето преку кур му е кој како ќе се вика,луѓето денес се борат за опстанок.НЕ ми се верва дека истите срања што ги продаваат во СК и БТ се 40% пониски во солун
И незнам оти скокат патриотиве тука кога солун е наш хахах..тие се најголемите предавници
Каква е бе таа борба за опстанок шо ја спомнуват сите ќе дојде викенд...петок сабота нема место у ниедна кафана!
Се е резервирано пари летат а пари нема?? :)
 
Каква е бе таа борба за опстанок шо ја спомнуват сите ќе дојде викенд...петок сабота нема место у ниедна кафана!
Се е резервирано пари летат а пари нема?? :)

Абе "луѓето денес се борат за опстанок." - на Шопинг во Солун. :)
 
Во сабота прв пат одам во Солун за шопинг, па би сакала да ми препорачате бутици(освен Зара, Бершка, Страдивариус и Манго) каде има добра облека , се разбира по прифатливи цени. Поздрав:pipi:

Во сите големи градови Солун, Софија, Беглрад, Тирана, а во развиените држави во секој град се оди на шопингт за наш стандард во Октомври за летна гардероба, а во Фебруари за зимска гардероба.
Ќе најдеш брендирани парчиња за смешна цена , Армани, Гучи, Долче&Габана, Пако Рабане, за 2 ЕУР за 10-ЕУР маички , сукничиња, ташни, се од гардероба и аксесорис. Ако сакаш баш да си поминеш добро и лудо скокни до Франкфурт и Рим, има кошеви и хангари гардероба на распродажба вон сезона што нема да ја видиш по нашите продавници уште 50 години. Во Солун, Софија и Белград имаш кинески пазари на кои не е се ѓубре, туку напротив има многу што да одбереш. А и да се загинеш.

Точно е дека немаат некои за јадење, но за ова дајте друга тема. Девојчето сака да си купува гардероба. И за плоитика бистрење си има теми.
 
Во сите големи градови Солун, Софија, Беглрад, Тирана, а во развиените држави во секој град се оди на шопингт за наш стандард во Октомври за летна гардероба, а во Фебруари за зимска гардероба.
Ќе најдеш брендирани парчиња за смешна цена , Армани, Гучи, Долче&Габана, Пако Рабане, за 2 ЕУР за 10-ЕУР маички , сукничиња, ташни, се од гардероба и аксесорис. Ако сакаш баш да си поминеш добро и лудо скокни до Франкфурт и Рим, има кошеви и хангари гардероба на распродажба вон сезона што нема да ја видиш по нашите продавници уште 50 години. Во Солун, Софија и Белград имаш кинески пазари на кои не е се ѓубре, туку напротив има многу што да одбереш. А и да се загинеш.

Точно е дека немаат некои за јадење, но за ова дајте друга тема. Девојчето сака да си купува гардероба. И за плоитика бистрење си има теми.

Јасна, значи никој нема проблем со оние кои ги заработуваат парите, ние овде имаме недоразбирање со оние кои не заработуваат пари а трошат! :smir:

п.с. Јасне душо, кој е ПаБло КоеЉо? Мислиш на големиот „философ“ Паоло КоеЛЈо?! :pos:
 
Јасна, значи никој нема проблем со оние кои ги заработуваат парите, ние овде имаме недоразбирање со оние кои не заработуваат пари а трошат! :smir:

п.с. Јасне душо, кој е ПаБло КоеЉо? Мислиш на големиот „философ“ Паоло КоеЛЈо?! :pos:

Фала што ме построи- страв од лимитација на рејтинг? ('HITCH, H=B)
Не заработува а троши??? БООООМ Такви не постојат. Сите кои трошат „заработиле“ - ништо не е без заслуга. За тоа беше темата?

А за Пабло, го читам во оригинал, па кирилицата си ја употребувам кога сум во Македонија.
(Ах, кирилицата колку им ги помати сметките и на странски и на домашни терени, ама ова во историја ќе го ПАБЛОСУВАМЕ)

--- надополнето ---

Во сабота прв пат одам во Солун за шопинг, па би сакала да ми препорачате бутици(освен Зара, Бершка, Страдивариус и Манго) каде има добра облека , се разбира по прифатливи цени. Поздрав:pipi:

Во Ноември имаш шопинг авиотура до Рим секоја година со две ноќевања, водич и шопинг. Има еден пазар- плоштад се вика Порта ди портезе, таму сите крадци продаваат се што украле, можеш да замислиш што се нема да најдеш и сето тоа легално, и само во недела. После Солун, ти предлагам да си поминеш убаво на оваа дестинација.

Во прашината се дави само тој што ја крева. Другите ќе ти ги лижат стапалките по асфалтот кога ти со самата себе ќе си задоволна. :toe:
 
Фала што ме построи- страв од лимитација на рејтинг? ('HITCH, H=B)
Не заработува а троши??? БООООМ Такви не постојат. Сите кои трошат „заработиле“ - ништо не е без заслуга. За тоа беше темата?

А за Пабло, го читам во оригинал, па кирилицата си ја употребувам кога сум во Македонија.
(Ах, кирилицата колку им ги помати сметките и на странски и на домашни терени, ама ова во историја ќе го ПАБЛОСУВАМЕ)

Лимитација на рејтинг?! Сите кои трошат ги заработиле парите? Јас колку што знам во Македонија малолетниците не смеат да се вработуваат, тоа се води како нелегално екплоатирање на малолетнички труд! Темата беше за шопинг во Солун! Едните ги кажуваат предностите од шопингот во Солун, а другите ги кажуваме последиците, односно негативните страни. Сега гледам зошто ти ништо не си сфатила, па ти ни си одавде! :pos:

П.С. Кој е ПаБло КоеЉо?! Мислиш на ПаУло Коелјо?! На овој „ФИЛОСОФ“?! Очигледно, немаш поим што читаш! :pos: :pos: :pos:

--- надополнето ---

Во прашината се дави само тој што ја крева. Другите ќе ти ги лижат стапалките по асфалтот кога ти со самата себе ќе си задоволна. :toe:

Само позади животните се крева прашина. Низ времето луѓето еволуирале, па сега се многу цивилизирани за разлика од времето на кромањонците! Доколку некој сеуште мисли дека е животно, тогаш веќе треба да се разговара на друга тема и со специјализирани луѓе!
 
Абе некој ѓе каже цени во Солун и што каде се купува или ќе ми солат памет тука филозофи и квазипатриоти? Мислам дај сватете дека не сте интересни, не ме боли што вие мислите, темава е шопинг во Солун. Го молам модераторот да ги избрише сите пораки што не се конкретно за шопингот во Солун бидејќи има луѓе тука што навистина ги интересира оваа тема.

Движи се по Игнатиа цел ден ти треба да ја поминеш од една и друга страна, и од двете страни имаш бутици да ти застане здив. Имаш попусти во сите бутици скоро, Новогодишен и Божиќен. Во Фебруари имаш распродажба, се е дампинг цена. Нема што да се мислиш, оди и ќе се снајдеш. А кафенце напиј се на Вардарис плоштадот- но, сега е под реконструкција, подобро ако сега одиш да се напиеш покрај море, тоа е паралелна улица на Игнатиа.
А Игнатиа е улицата по која влегуваш во Солунот и е права, огромна прометна улица. Не можеш да згрешиш. Паркирањето е како во Скопје со греб картици. А се вози 100ка низ градот, затоа со ум. Не е скапо кафенцето се е пристојна цена, како во Скопје да си се напила вечерно нес или ирско.
 
Шопинг во Гевгелија

...Си седам ја така Фчера дома, во мојот топол и простран дом, чистејќи го купот весници што се нагомилал во текот на неделата, кога-ОП! пред мене се појавува еден НЕДЕЛЕН ПОЛИТИЧКИ МАГАЗИН. Си викам ја, дај да ѕирнам што има-прФ пат го гледам, можда на последната страна ќе се најде некое четиво за најлошо облечени политички фаци кај нас? И така, страна по страна, и коа наеднаш гледам на слика објекат и на него натакнуто PRINCESS. Што ли ќе е ова, си викам ја? Каков принцес е ова?...и така почнувам да читам:

"Ако Лас Вегас е најсветлиот град на планетата Земја доколку се набљудува од вселената, тогаш од авион може да се види дека Гевгелија веќе прераснува во центар на забавата, коцкањето и луксузните вечери во Македонија. Македонскиот Лас Вегас, како што популарно се нарекува градот на југот, живее од Грците...Од Грците не ќаруваат само газдите на казината, туку и стоматолошките ординации, фризерските салони, месарите, рестораните..."
"...Градоначалникот на Гевгелија, И.Ф вели дека неговата општина ја има една од најниските стапки на невработеност во МК-20% со тренд на опаѓање..."

И така, во мојот мозок, спремен за сеир кон лошо облечените пУлитичари, се роди сомнеж. Прво се стрчав да ја најдам картата на МК и да проверам дали добро сум запомнила, дали добро знам, дали точно пишува во текстот-дека Гевгелија е град во МК? Ѕирнав и ми олесна за момент-да, добро гледам, сум знаела нешто и јас-Гевгелија била, е, и ќе биде во МК! Во дел од секундата ми пролетува мисла-можеби власта крие од нас дека таа пред-не-знам-колку-време се "преселила" во Грција? Не, сепак не е можно такво нешто... Можда некој со закани по живот го заплашува локалното население и го присилува да земе пара од Грк (шишајќи го, на пример-или нешто уште полошо)? Не знам...Ми падна у око дека текстот нема автор-во списанието беа четри страници безимен текст. Можеби е ова чиста лага, некој лажно сака да прикаже дека Грците доаѓаат и трошат кај нас, за ние да одиме кај нив-на шопинг во Солун? И, коначно, каде потоа одат овие пари? Коса ми се дигна на глава од помислата дека некој "ѓупски" денар може да ни скокне во Скопје и како што едно труло јаболко може да ја загади цела кошница со здрави јаболка, да ни го изгнаси новчаникот сосе тешко заработените чисти македонски пари (и картици)...језиво! Бев во шок! Тешко вознемирена, си легнав...

Но, денес е нов ден. Денес се разбудив со мислата за Гевгелија. И наместо да сум загрижена, на мое чудење, ми се појави пакосна мисла, мисла која делуваше исцелително. Си помислив да и предложам на владата, да се изгласа закон со кој што гевгеличани (и околината) ќе мораат да одат на шопинг во Солун-за да им го вратат на Грците тоа што овие упорно сакаат да ни го подметант-колку што примиле пари, толку да си вратат! Мило за драго...

Сега ми е подобро. Особено кога ќе помислам на сите (природни) убавини што оваа земја ги има...
 
Неможам да си поверувам на очите што читам....
Хич она претходоно болдирано нема двојно значење со едноставни зборови е напишано.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom