- Член од
- 25 септември 2011
- Мислења
- 6.448
- Поени од реакции
- 18.283
Не подржувам шкртање на фасади од згради ниту пак на приватни куќи. Гласај за Бранко или Грујо, заокружи 5 или 10, навивај за Вардар, не е графитна уметност, тоа се шкртаници. Пред да го избоите шаблонот со спреј запрашјте се како ќе ви биде некој на ваша куќа или зграда да го стори тоа.


Цела Македонија за Вардар тие за Црвена Звезда. Шала на страна, секој нека си навива за кого сака но да не преовладува фанатизмот и нецивилизираноста. Тоа дека графитите се уметност е сепак индивидуална работа зошто не сите мислат така. И еве да се направи разумен компромис меѓу двете страни, нека цртаат графити на јавни површини наместо на приватни имоти но само ако графитот е некој убав за око т.е со добра порака и нормално да не шири етничка/верска/сексуална или било каква омраза. Така сите ќе бидат задоволни (освен оние третите на кои никако не можеш да им угодиш).