- Член од
- 20 мај 2007
- Мислења
- 1.139
- Поени од реакции
- 153
Шкотска никогаш не била послаба, или никогаш не била јака...
Норвешка дефинитивно изиграла подобри квалификации од сегашните...
А Исланд... Е само Исланд.
НО! Каде не' остава тоа нас? Па ајде, да видиме: Македонија во овие квалификации досега изигра 7 натпревари. Во тие 7 натпревари, остваривме 2 победи, и еден нерешен резултат. Останатото оди на сметка на поразите, значи 4. Тие достигнувања се доволни за скромни 7 бода, кои повторно до пред овој натпревар беа доволни за да се најдеме на 2. место од нашата група, со 4 постигнати (по еден против Холандија и Шкотска, два против Исланд, СИТЕ на домашен терен), а 7 примени голови. И се' тоа, иако навидум скромно, требаше да ни служи како темел за постигнување на "планираното" : пласман на второто место во нашата група. Но дали РЕАЛНО можеме да го постигнеме тоа? Со 7 бода, од кои сите беа освоени на наш терен, против тимови НЕНАВИКНАТИ да играат на такви пеколни температури? Не велам дека само тоа беше причината, јасно е дека ние сме СОСЕМА ПОИНАКОВ тим кога играме на домашен терен, но вкупниот впечаток пред се' се базира на тој ФАКТ. А пред ФАКТИТЕ, и Боговите молчат. А во меѓувреме, повеќе од 2 и пол години како немаме дадено гол на гости, а камо ли да победиме... И за сето ова кој е крив? Пандев, Величе, Јане, Седло, некој петти? Да, можете да речете за секој од нив посебно дека е крив, но САМО затоа што секој од нив е дел од една целина, попозната како МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА! А ако некогаш се пласира на некое големо натпреварување, ќе се пласира ТОКМУ ТАА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА, во чии редови настапуваат истите тие момци кои се заслужни за секоја наша победа, а виновни за секој наш пораз. А дотогаш, додека не се смени психолошкиот пристап на нашите фудбалери, пред се' кога самите решаваат за својата судбина (а особено кога играат на гости), додека во нозете на нашите фудбалери има сила за одигрување на само едно полувреме, или евентуално 60 минути, ние ќе продолжиме на екраните да ги гледаме сите репрезентации кои ќе поставуваат историски успеси на големите натпреварувања... ОСВЕН НАШАТА!