Шевролет Спарк 1.0 16V MY2010 Fun Club

  • Креатор на темата Креатор на темата Evo XII
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
Ги листав темите но никаде не видов тема каде сопствениците на малечкиот Спарк ке си разменуваат мислења,искуства,тјунинг,дефекти и сл.

Градски автомобил кој или ке го мразите или ке го засакате.Најмалиот Шевролет во ново руво се појави во 2010 година,кој привлече големо внимание посебно поради неговиот изглед,а и 4 звездички на Crash Test за безбедност.

Опремен со завдно ниво на опрема во сериската изведба и тоа...
1.АБС кочници
2.8 воздушни перничиња
3.Серво волан
4.централна Брава
5.Самовентилирачки дискови
6.Возачкото седиште се подесува во висина
7.Музика
8.Борд компјутер

Базниот модел е опремен со 1.0 16В мотор превземен комплетно со трансмисија од веке старата Опел Корса 1.0.Вади завидни 68КС при вискои 4500 вртежи кои се потребни за да се разбуди малиот Спарк.Верзијата со 1.2 16В и 82КС нуди нешто потемпераментно возење..Затоа ке ве изненади со фантастична потрошувачка од 6,5литри во градско возење.

Однадвор малечок,но кога ке седнете на возачкото седиште дури и високи луге како мене имаат простор да се наместат удобно.

Го имам како второ возило во мојата фамилија,и искрено кажано интересен автомобил за градсо возење во секој случај.

Па ајде Спарковци постирајте слики ово оно совети ......
 
Го познавам јас него уште кога беше Даеву Матиз :) Таму некаде 1998/99 ми беше многу симпатична градска количка. Бев тогаш од љубопитност на тест возење во Аеродром беше, во МекДоналдс. И возев... И еден Спарк имам возено од претходната генерација.
Мали, градски возилца совршени за во град.
Уште Матизот имаше многу простор внатре...
Овие најновите не сум ги возел, ниту знам нешто за нив посериозно, освен дека ми се интерсни како појава.
 
Новиов Спарк стварно многу убаво изгледа од надвор го усовршија и го погодија дизајнот ептен. Не џабе и полицијава изнакупи доста Спаркови. :)
 
Градско возило со доста пристапна цена за ново возило.Имаат сеуште акциска цена од нецели 6900евра,и тоа за возило со солидна опрема,за која порано се доплакаа дебели пари.Едниствена замерка се тенките гуми 155/80 Р 13 кои за поголеми брзини не се баш стабилни.Но затоа добиваш солидна потрошувачка на гориво.....

Солидно изработени во секој случај.Сопругата веке го вози 2 година,значи ни пластика крцка,ни ништо.Со поголема гума ке се добие подобра стабилност во секој случај....

Моторот е со ланче,значи чао ребраст каиш,хеххехехехе.....Има големи сервисни интервали,што ме чуди но сепак има 5 години гаранција.....

Синот ја обложи внатрешноста со карбон фолија,така да сега има и малку шмек.......
 
Еве како carbuyer го искоментираа моделчево. https://www.youtube.com/watch?v=IpNhBr6r9nk
Evo XII лично јас со 6900 евра би си купил голема кола на старо... Разбирам дека ново си е ново али и комфор си комфор а се разбира и поголем бренд и посилен мотор се добива со тие пари од кола на старо.
 
Значи темата е за сопственици на овој градски автомобил да си разменуваат мислења и искуства а не дали со тие пари ке купиш нов или половен автомобол.Имаш други теми каде можеш слободно да дискутираш на таа тема...
 
јас додека возев во авто школа возев спарк пред да се качам кажав аман бе ова ли ќе го возам читај конзерва. Мада после 1-2 дена возење увидов дека уствари тоа количе навистина е одлично за низ град многу е лесно за возење што се вика и за жена која многу малку знае да вози ќе го управува одлично. најмногу ми се допаѓа што е мало, стабилно и вооедно на старт е доста брзо искрено одлично количе за низ гради убава вожња вади.

Еве некои интересни примероци :чда:

2825955902033182329.jpg Chevrolet-Spark-by-Enemy-To-Fashion-1.jpg maxresdefault.jpg spark_transformers2.jpg spark3.jpg spark-interior.jpg tuning-chevrolet-spark-1.2-05.jpg tuning-chevrolet-spark-hatch-04.jpg

:zver:[DOUBLEPOST=1420761590][/DOUBLEPOST]@Evo XII

Само да прашам чисто ме интересира колку троши градска спаркот?



Допонителна информација моментално сакав да прегледам како одат цените ново да се купи спарк и наидов на следнава информација:

Можеби веќе знаете дека Chevrolet наскоро ќе ја прекине продажбата на нови автомобили во Европа. Но, нашите овластени сервисери на Chevrolet ќе останат за да им даваат поддршка на сите наши корисници со сервисирање и одржување на возилото. Дополнително, поддржани од Opel, нашиот партнерски бренд на General Motors во Европа, сè уште можеме да ви помогнете да го најдете возилото што го барате.

Што и да ви треба, прелистајте ги насловите подолу за да го најдете.


БАРАТЕ ДА КУПИТЕ НОВ SPARK?
480x270_opel_01.jpeg

За жал, тоа веќе не е можно. Нашите застапници во Македонија ги продадоа последните залихи од овој популарен градски автомобил со 5 врати.

****Opel Adam имаат многу од истите одлични карактеристики и технологија како Spark, или погледнете ја целата палета на Opel и пронајдете го вистинскиот автомобил за вас.***
 
Последно уредено:
Возев во авто школа, и морам да кажам дека колава е многу лоша. Ко играчка да возам...
 
Интересно и слатко количе. Совршено е за градска вожња. Но не би се одлучил него да го купам и покрај тоа што е ефтино, затоа што не е комфорно, некако тесно е, а и не е некоја сигурност за возење низ тешки предели (офф роад). Но како и да е, за во град, супер е.

Chevrolet_Spark.jpg


Chevrolet_Spark_Modeloverview_5seatsstylishfeatures_980x477_interior.jpg
 
Значи забришав некои мислења...
Темата е ФАН КЛУБ на Спаркот како количе.
Какво е такво е... не е битно си има љубители.
Нека биде темава место за размена на искуства со возилото, совети околу него и сл.
Се друго ќе биде бришано.
Благодарам!
 
Кој има Спарк модел 2013 и сака да стави на место на задните елипси звучки 13см у пречник имам направено адаптер за нив.Екстра работа.Звукот 50% подобар.Кој сака ПП не ка пиши....Поздрав
 
Арно количе,баш пред некој период возев Спарк,само не како на @Evo XII туку постариот модел..Јас сум 185 цм висок,па малку потешко ме собра напред,ми остана во сеќавање дека колку и да давам на гаста,сепак бавно забрзува..Јас учен на мојата турбодизел кола,али добро,мењачето убаво прецизно влегува,се на се,ме бендисува количето..Интересен е километражникот на средина на колата..Други некои пофалби,критики немам..Пошто беше служебено,му начукале 240.000 км..И не беше толку окапано..
 
Chevrolet najavi povlekuvanje od evropskiot pazar taka da na platformata na spark ke se proizveduva Opel Karl,koj za volja na vistinata ke ima dosta primesi od novata corsa,osobeno vo vnatresnosta.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom