Шесто сетило

  • Креатор на темата Креатор на темата black angel
  • Време на започнување Време на започнување
Трето око - врата кон духовноста!
Во источната, но и во западната култура се појавува поимот "трето око", кој најчесто е поврзан со интуицијата, претскажувањето и општо духовноста и многу паранормални појави. Меѓутоа, некои научници се обидуваат да ја докажат дека тоа има биолошка основа на она што сите го имаме во себе.



Третото око најчесто може да се пронајде во облик на слика или цртеж на челата на древните суштества нацртани по ѕидовите и на скулптурите во будистичките храмови.

Истражувачите кои се занимаваат со овој феномен, сметаат дека окото претставува меморија на вонземски човечки предци, односно боговите.

Тоа наводно на древните суштества им давало извонредни способности како што се видовитост и телепатија. Затоа денес повеќето будисти го посветуваат својот живот на враќање на тие изгубени боженствени способности.

Со таквите барања се занимаваат со години каде се предани на духовната работа која може да резултира со паранормални вештини.


Симболика на третото око

Не само во будизмот, туку и во другите источни религии, третото око е симбол на просветлување и нирвана, кон што тие религии тежнеат. Во иконографијата на Индија и Источна Азија воглавно се означени со точки, око или било какви други знаци на челото на личноста.

Именувано и како Око на мудоста, третото око всушност претставува шесто сетило, односно последна чакра која е индиго плава боја.

Како што е прикажано на цртежите, лежи под коренот на носот и е поврзано со универзалната љубов која чува се што постои. Средиштето е нашата душа во будна состојба и делува на интуицијата, предвидувањето, но и сеќавањата, способноста за визуелизација и на разбирањето на менталните поими.



Хиндуистите веруваат дека отворањето на третото око ќе го означи крајот на вселената. И ден денеска многу хиндуисти носат точка на челото која има мистично значење и претставува трето око.

Според Макс Хендел, основачот на розенкреузерската заедница во Калифорнија, хипофизата и епифизата се два мали органи од кои потекнува третото око. Оваа мистична религија вели дека овие два органа се неактивни и затоа нивното делување во нашето секојдневие е редок поим.

Ако им веруваме на легендите, порано кога човекот бил во врска со своите внатрешни светови, овие органи биле неговиот оган во тој свет, а повторно ќе стапат во функција, кога човештвото ќе го достигне степенот, повторно да се занимава со духовноста.
http://star.tocka.com.mk/vest.php?vest=2822&page=23
Интересна работа е како да се активира :)
Еден хинт кундалини.
 
sestoto setilo ne e nisto tuku instinkt...kako sto ima cudo od zivotni primer papagali sto zborat,macki sto znaat koga mjaukaat da se slusaat covecki zborovi....taka nesto i so covekot,kako sto e retko za zivotnite da umeat da go razbiraat coveckiot govot taka i za covekot e retko da ima instinkt,ZIVOTINSKI instinkt,narecen sesto setilo
 
Не знам дали станува збор за шесто сетило, интуиција или слично, всушност сето тоа се поими кои многумина си ги толкуваат како што ќе им текне, па не е ни толку важно. Сепак, ми се случило да мислам на одредена личност, на која не сум се сетил долго време и истиот ден да ја видам. Ми се случило и да ја сонувам и да се сретнеме следниот ден. Веројатно се работи за случајност, која има вкус на мистерија и остава доволно простор за мистификација.
 
Луѓето кои доживеале и преживеале кома состојба го делат животот на пред и потоа.Во делот потоа се соочуваат со нешто необјасниво(можеби шесто сетило).Не сум читала многу за ова но еве Ви неколку примери од лично искуство:
1.Возам по автопат позади камион.Совозачот ми вика ајде престигни го,а мене ме дрма тоа необјаснето чувство и викам не сакамммммм-мислам дека ќе навлезе на моја лента.А бе ајде не ме зезај-вика,па не си баба Вањѓа:)) Тргам со лев трепкач пред поблага кривина кај клисурите,а погледот ми е фокусиран само во предните тркала на камионот.Навлегувам негде до средина на камионот-кога истиот поминува бела линија и навлегува во моја лента!!!
2.Попладневна седенка кај мене со мои драги луѓе.На сред муабет-дрманје.Истото чувство(некогаш појако некогаш послабо) овој пат завршив над WC шоља,ја гушнави не станав од истата се додека не зазвони телефонот - мој близок човек доживува сообраќајка!!!
...ги има повеќе случки со секогаш истото чувство-само со различен интензитет.......ги доживувам повеќе од 13 години одкако се разбудив од кома и сеуште не можам да си ги објаснамсама на себе а камо ли на други.
 
Јас можам пред да треба да одам на одредено место да почувствувам таква емоција потполно потполно идентична како со емоцијата што би ја чувствувала на тоа одредено место каде што сум тргнала, значи на пр, некој другарки ме викаат на забава или слично и јас си замислувам како би се почуствувала таму и кога ќе се најдам таму на лице место се чувствувам комплетно идентично исто како што сум осетила уште кога ми спомнале за забавата, ова беше само пример, не мора да се работи за забава, може и за одредени луѓе, места, локации, видени или невидени, и не знам како да го наречам ова мое така прецизно претчувствување на нештата, ваљда инстинкт:rolleyes: не сум сигурна дали и другите го поседуваат.
 
Информациите се примаат и на друг начин надвор од петте познати сетила и кога така ќе се добијат најчесто се користи генеричкиот назив шесто сетило кое исто како и повеќето работи во животот може со правилен тренинг да се појача.

Децата го имаат посебно развиено ама со текот на животот од невежбање им се затапува.
 
Зарем можеш да твридиш дека имаш шесто сетило? Од каде знаеш дека токму телепатијата е шесто сетило? Сеуште нема научно докажано дека постои шесто сетило ти тврдиш дека го имаш. Телепатијата според мене навистина постои но не мора да значи дека тоа е шесто сетило. Може да се смета како натприродна моќ но според мене не би требело да се смета за шесто сетило. Шесто сетило можеби навистина постои но сепак не е научно докажано.
 
епа вака. мене ми се има случено 1-2 пати до сега така.. како некој да ми кажал дека ќе се случи тоа, и по неколку минути се случува, си седеф на интернет и се занесоф, и ми текна нешто, демек сеа ќе заѕвони телефонот, и по некаде пола минута, почна да ѕвони телефонот, и не го сфатив тоа, а и не се јавиф на телефонот.:confused:
и сеа.. МОЖЕБИ постои некое такво 6то сетило...
 
Јас сум имал големо искуство со тоа шесто сетило или да го наречам претчуство.
Еднаш ќе идеше еден човек на гости кај мене автобусот му беше во 12:00 и некаде кај 13:00 ќе беше дојден.Јас се успав дента и се рабудувам кај 13:20 ч, и само што се разбудив, еј реков овој да се јави го нема, и телефонот во тој момент ми заѕвони, и вика, го испуштив автобусот, ќе дојдам со следниот.

друг пат исто, ми текна на еден школски, одамна се немавме видено и а 15 минути го видов низ град со неговите на пазарување, иначе не беше од мојот град.

Со лото исто сум имал блиски средби до “среќата“ односно, да погодам 2-3 бројки со ред кој ќе се паднат, а време на ивлекувањето, исто со рулетот се случувало да погодам која бројка, или нешто слично.

се случувало да проценам човек за што е дојден или што сака да ми кажи а ми врти муабет одоколку, сум осетил премногу ситуации. Се тоа не е некое шесто сетило туку инстиктот внатрешен и мозокот работи на фреквенции па ако го поддесите на “приемник“ на одредена фреквенција ќе ги погодите работите, што ќе се случат во скоро време.
 
Јас само знам колку од една страна тие екстра сетила се дарба, а од друга страна и проклетство, нажалост! Лично кај мене не, но знам друга личност што животот знае да и е пекол поради разни случки кои не ги разбира, а и нема кој да и ги покаже. Живееме во премногу материјализиран свет и ова знаење е скоро изгубено. Нема кој да те води, кој да ти покаже како да станеш свесен за овој потенцијал за да го развиваш свесно, а не он да те води тебе во погрешни води. :unsure:
 
Едно време ми беше само помошно средство, сега се обидувам што повеќе нему да му оставам да ме води.
 
sestoto setilo e vsusnost instinktot.samo nekolku luge vo zemjava go imaat.kako zivotinskiot instinkt ama sepak ne e ist.toa ti e jeziva rabota.kako da si mutant
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom