Шест различни видови на моќи. Која би ја одбрале?

  • Креатор на темата Креатор на темата Daedalus
  • Време на започнување Време на започнување
ме привлекуваат 3 и 6.
6-ката заради знаењето. навистина е предизвик да знаеш се’(се’ она што сакаш да го знаеш) хмммммм, многу привлечно, особено за природните науки
3-ката заради манипулацијата. со емоциите можеш да играш како сакаш. дури и илузиите до некаде спаѓаат во ова категорија. илузија дека “ќе не нападнат“ и дека “треба да се браниме“, односно страв, масовен страв. ух роџер, ама си заебан, кое од овие две да одберам?
решено е, 3!!!;)
 
Во секој случај првата моќ, поради мене и поради другите.
Пример....
Во акција ранети 5-6 војници, ги лечиш и продолжуваат со акцијата итн, се до создавање на империја од војници, а покрај сето тоа и ти ќе се регенерираш самиот себеси итн :D
 
За мене една 6-ка со кромид ке ве молам.
Штом знам се тогаш ke можам да лекувам (првата моќ) ке можам да направам некаква машина со која без допир ке уништувам се (втора моќ) ке знам секој поединец што точно чувствува и ке можам на тој начин да уравувам со неговите чувства (четврта моќ) и илузиите за мене ке бидат играчки за мали деца, пошто нели и за тоа треба знаење (петта моќ). Значи, 6ката ги опфаќа сите претходно набројани моќи и плус уште нешто гратис. :)
Тоа е за мене, сега кажете кај може да се купи овoј пакет моќи? :)
 
Единица или пак шестка
незнам со единицата би ги лечел сите и би живеел вечно в, а со шестката би знаел се пак..

Како и да е одлична тема (y)
 
За мене една 6-ка со кромид ке ве молам.
Штом знам се тогаш ke можам да лекувам (првата моќ) ке можам да направам некаква машина со која без допир ке уништувам се (втора моќ) ке знам секој поединец што точно чувствува и ке можам на тој начин да уравувам со неговите чувства (четврта моќ) и илузиите за мене ке бидат играчки за мали деца, пошто нели и за тоа треба знаење (петта моќ). Значи, 6ката ги опфаќа сите претходно набројани моќи и плус уште нешто гратис. :)
Тоа е за мене, сега кажете кај може да се купи овoј пакет моќи? :)

Може да ти се паднат од фискална.
 
На прв поглед,првата моќ звучи примамливо и е вечен стремеж на човекот уште од дамнешни времиња,но не би сакал да се најдам во ситуација да бидам гробар на секој кој би ми значел во животот иако од друга страна би имал прилика да им помагам на луѓето.А и досадно звучи,мислам еј што би правел до крајот на вечноста?

Деструктивец и манипулатор не сум и не би можел да бидам,а доволно би ми било да знам што личноста мисли и чувствува за мене.Иако можеби фали предизвик во сето тоа,но сепак е подобра опција од тоа да генерирам исфорсирани чувства и акти против слободната волја на тие личности.

Длабоко во човековата природа е врежана исконската желба,копнеж и љубов кон знаењето и благодарение на таа човекова одлика и во спрега со љубопитноста и процесот на еволуција се наоѓаме денес таму каде што сме.И без претходно понудените опции би ја избрал шестата и би ја искористил моќта за одговор на едно прашање,евентуално,во зависност од првото,уште две и ништо повеќе од тоа не би можел да посакам.
 
Првата! Дури и по цена да немам мир и време за себе(само нека не ме дираат додека сум во вц, или додека се сексам :icon_lol:).
И шестата звучи примамливо, али не би, може да збрлавам ако ги знам гадните детали за делата на Големиот брат.

Дефинитивно би имала проблем со луѓето кои би ја имале втората моќ, затоа што мислам дека би била доста злоупотребувана, т.е. би се уништувале и добри нешта.
 
Петата дефинитивно,ако правилно се искористи.Првата е добра али го носи ризикот со нејзе и од вечно мачење,втората е глупа додека третата и четвртата се локализирани инфериорни облици на петата и шестата.Иако ја преферирам шестата петата е далеку најмоќна.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom