Шеќерна волна

  • Креатор на темата Креатор на темата Hello!
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 мај 2012
Мислења
10
Поени од реакции
0
Возраст
33
  • дали има или може да си направам шеќерна волна дома ??
 
Мислиш стап со волна?

disneyland-hong-kong-cotton-candy.jpg
 
да, како и што состојки ми треба ?
 
без соодветна машина тешко.....шеќерната волна се добива на тој начин што шеќерот се загрева на точка на топење, а потоа низ многу тенки дизни со помош на центригугална сила се извлекуваат шеќерни влакна кои брзо се ладат и кристализираат

на youtube можеш да пронајдеш видеа како да импровизираш и да добиеш шеќерна волна во домашни услови....но само во мала количина
 
много тешко е овој може по лесно ?? много филозофија има туј...
 
батка ! ова е занат, еснаф кој се чува во фамилија
и се преврлува од колено на колено,
но баш за овој сега и не е така.
Прво „машината“ за волна се купува, може да се купи-другото се учи.
Секако дека може да се направи и во домашни услови ( мала машина)
Но кои ќе ти каже, ќе мисли му го земаш занаетот, и оп годинава и ти
во Дојран со „машината“ на печалба, а богами се вадат добри пари.
Ќе мора да одиш лето таму или пред некои манастир на слава, па кришум
снимај со очите: што става колку става,кои го врти,кои го топи и т.н.
Друго ми беше муабетот,точно што кажав не се се кажува. Останува нешто
и тајна за секогаш. Како за некои траварски лекови.
На пример за оние „ѓердани“ од тесто,шарени со икончиња, или ги има и како фигури со сликички,кончиња,пилиња,дечиња и сл. што се продаваат исто пред цркви и манастири.Кој ќе ти каже рецепта Н И К О Ј. се чува тајна
и готово.Дури и замира ако не е кажана на поколението. Па таа рецепта не ја знаат ни најголемите фирми за колачи како „Краш“,„Пионир“,„Европа“
Многу малку семејства ова го знаат во Македонија.
 
Ме импресионираш со твоите теми. Ако ми треба некој бизнис план тебе ќе те барам.
Сега го чекаме моментот и ова тема да оди вканта.
 
Кај ти текна на ова, од кога немам јадено... Сега ќе барам да си купам.:)
 
Се сеќавам кога бев мал кога и да одев во Луна Парк моите ми купуваа шеќер волна.......... сега немам јадено доста оддамна, ама кога ќе дојдам во Скопје, право ќе се упатам во Луна Парк да си купам шеќер волна :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom