Шеесет и четири години слободно Скопје

Статус
Затворена за нови мислења.

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
Cento-govor.jpg


105_67_.jpg


Vo_slobodno_Skopje_1944.JPG


2SV_05.jpg


На 13 ноември 1944 година борците од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација.
По неколкудневни тешки борби со припадниците на 22-та гренадирска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“ која беше распоредена пред Качаничката клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот.
-----------------------------------------------------------------------

Нека ни е честито ослободувањето и вечна слава на паднатите

(...за ние денес да можеме кафе на заграден кеј да пиеме и да кукаме колку ни е тежок животот.....)


Сакам да се навратам, на поединечните битки, деталите, случувањата на калето, подготовките, од каде почна и како се одвиваше, со кого се судривме??? и моето омилено, Бугарското ослободување на Скопје или Српското ви подаривме држава....
 
Oslobodeno:)ej germanci vratete ni se neznaevme sto pravat togas nasite dedovci!
Sega ke bevme vo evropska unija:)Dasli da se raduvame ili da placeme sto denes ne sme vo ramkite na germanija?!?!
 
Skopje_508.jpg

На 13 ноември 1944 година борците од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада по неколкудневни тешки борби со припадниците на 22-та гренадирска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк, и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“ која беше распоредена пред Качаничката клисура, со победоносен марш влегоа во градот.

По повод ослободувањето на градот денеска на партизанските гробишта во Бутел ќе биде положено цвеќе пред спoменикот на ослободителите на Град Скопје и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски, како и пред споменикот на ослободителите на градот пред Владата на Република Македонија.

Во рамки на одбележувањето претпладне во Музејот на Град Скопје ќе се одржи детската ликовна манифестација „Го градиме својот град“, а точно напладне ќе биде пуштена во употреба клучката кај хотелот „Континентал“. Вечерта во Националната галерија „Мала станица“ ќе биде отворена меѓународната изложба на фотографии на Фото сојузот на Македонија „ФОТОМЕДИА 2008“ по што во Младинскиот културен центар ќе се одржи концерт на музички бендови под мотото „Ослободи го Скопје“.

Скопскиот градоначалник Трифун Костовски претпладне ќе се сретне со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борци од НОАВМ, а вечерта ќе ја врачи наградата 13 Ноември, која годинава ја добиваат десет физички лица, една установа, еден ученик и двајца студенти. Од областа на науката добитник е д-р Витомир Митевски од Филозофскиот факултет за едицијата „Античка филозофија“, а од областа на публицистиката Васил Толевски за „Антологијата на балканскиот афоризам“. Добитници од областа на културата се писателите Горјан Петревски - за трилогијата „Споменка“, „Спомените на Споменка“ и „Сонот на Споменка“ и Блаже Миневски за романот „Нишан“.

Од областа на образованието награда 13 Ноември ќе добие Средното училиште на Град Скопје „Раде Јовчевски - Корчагин“ за посебен придонес и унапредување на образовниот процес, и новинарот Иван Глигоровски за неговата книга „Народниот учител - гордоста на повоеното македонско школство“.

Од областа на уметноста добитници се балетскиот уметник Горан Божинов и режисерот Никола Анѓеловски, а од здравствената и хуманитарната активност добитник е Кочо Чакалароски, професор по интерна медицина. Добитник од областа на спортот е Петар Алексовски - Пепо. Од областа на заштитата и унапредувањето на животната средина и природата добитник е Јелена Димитриевиќ, доцент на Факултетот за туризам - Скопје, за книгата „Животна средина, туризам и одржлив развој“.

Од учениците и студентите, добитници се Александар Димитриев од СУГС „Орце Николов“ од Скопје за книгата „На крилјата од детството“ и за постигнатите резултати на меѓународни, републички и регионални натпревари по математика и физика, Бранко Илиевски, студент на Факултетот за музичка уметност од Скопје и Бојан Костадинов, студент на Електротехника и информациски технологии од Скопје.

Наградените физички лица ќе добијат шест просечни плати и диплома, правните субјекти плакета и диплома, а учениците и студентите ќе добијат три просечни плати и диплома.

По повод Денот на ослободување на Скопје вечерва во организација на Сојузот на спортови на град Скопје и Маратон Клуб Делта ќе се одржи и ноќна трка. Стартот ќе биде од Камениот мост и ќе се трча по новата велосипедска патека во правец на населбата Аеродром и назад.

Во пресрет на 13 Ноември вчера во Музејот на град Скопје беше отворена изложбата на архитектонски дела и соопштена и доделена Големата награда на манифестацијата „Архитектура Скопје 2008“. На изложбата беа изложени десет труда избрани од селекторот на АСК 2008 проф. д-р Мартин Гулески.

Скопје првпат се спомнува од Клаудиј Диоломеј под античкото име Скупи. Името Скупи (колиба, засолниште, стреа) првпат се јавува кај племето Пеонци. Скупи, исто така, значи и „населба на див народ“, бидејќи Дарданците биле алчни и сурови непријатели на Македонија и античкиот свет.

Според историските податоци, градот е формиран од Дарданците во третиот век пред нашата ера, а подоцна во 164 година пред нашата ера паѓа под власт на Римјаните и станува дел од провинцијата Мезија, дел од областа Дарданија.

Во времето на императорот Октавијан Август, од 13-та до 11-та година пред нашата ера, Скупи од логор на двете македонски легии - 5-та Македонска и 4-та Скитска легија прераснал во град. Подоцна во 84 или 85 година императорот Домицијан основал колонија Флавија Скупи, град со римски самоуправни права кој бил најголем на просторот од Солун на југ до Дунав на север.

Во тоа време Скопје доживува голем развој и станува град со свој бискуп. Градот е разурнат во катастрофалниот земјотрес на 28 април 518 година. По земјотресот Скупи веќе не се спомнува, а скопската котлина добива нов град со името Јустинијана Прима.

По доаѓањето на Словените во шестиот век градот е заземен од племето брсјаци и го добива името Скопје. За време на владеењето на првиот македонски цар Самоил, Скопје станува дел од Самоиловото царство. Во подоцнежниот период градот потпаѓа под власт на Византија, Бугарија и Србија, а на 19 јануари 1392 градот го зазеле Турците и го добил името Ускуп.

Во 1555 година градот повторно е разурнат од катастрофален земјотрес, но набргу е обновен и станува турско воено упориште. Во 16-от и 17 век Скопје е најголем и најбогат град во европскиот дел на Османлиската империја. На 25 и 26 октомври 1689 година градот го освоил австро-унгарскиот генерал Силвио Пиколомини кој подоцна го запалил Скопје поради епидемија на чума и за да не им остави ништо на непријателите. Градот горел цели два дена и бил речиси целосно уништен.

Во 19 век Скопје станува важен сообраќаен центар и во него цвета занаетчиството. На 25 октомври 1912 година по 520-годишно владеење османлиите го напуштаат Скопје, а веќе наредниот ден влегува Моравската дивизија на српската војска со што градот потпаѓа под српска окупација.

Skopje_staro508.jpg

За време на Првата светска војна Скопје се наоѓа под окупација на бугарските и на австро-унгарските сили, а по завршување на војната стана дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.

Во Втората светска војна Скопје повторно е окупирано од Бугарија, сојузник на нацистичка Германија. На 22 април 1941 година бугарската Петта армија го окупира Скопје и останува во градот се до капитулацијата на фашистичка Бугарија на 9 септември 1944.

По ослободувањето од фашистичкиот окупатор на 13 ноември 1944 година градот бргу се развива и станува индустриски, културен и административен центар на Социјалистичка Република Македонија, која е во составот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

На 26 јули 1963 година во 5 часот и 17 минути Скопје доживува трето разорување од катастрофален земјотрес. Градот е речиси целосно разурнат од земјотресот со сила од 9 степени според Меркалиевата скала. Во земјотресот загинаа 1.070 луѓе, а околу 2.900 беа повредени. Над 80 отсто од преживеаното население остана без покрив над глава. Веста за земјотресот што го зафати Скопје брзо се рашири низ целиот свет и помош почна да пристигнува од сите страни. Првата помош дојде од припадниците на војската на тогашна Југославија, а подоцна пристигнаа експерти и лекарски екипи од голем број земји во светот. Со помош од 87 држави од светот Скопје повторно се изгради, а градот го доби епитетот „град на солидарноста“.

 
Oslobodeno:)ej germanci vratete ni se neznaevme sto pravat togas nasite dedovci!
Sega ke bevme vo evropska unija:)Dasli da se raduvame ili da placeme sto denes ne sme vo ramkite na germanija?!?!
Предците твои сапуни ќе беа ако не си заминеа германците.
 
епа со среќа јесда за некое време тешко дека пак слободно ке биде ама ке се држиме:) О.о
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom