Shōgun

Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.626
Поени од реакции
38.967
1743851320880.png

Shōgun е американска историска драмска серија креирана од Рејчел Кондо и Џастин Маркс. Базирана е на истоимениот роман на Џејмс Клавел од 1975 кој претходно во 1980 бил адаптиран во минисерија. Улогите ги толкуваат Хиројуки Санада, Космо Џарвис, Ана Саваи, Таданобу Асано, Такехиро Хира, Томи Бастоу и Фуми Никаидо. Продукцијата вклучува речиси целосно јапонски каст и дијалогот е речиси комплетно на јапонски. Првично планирана како минисерија, првите 2 епизоди имаат премиера на FX и Hulu на 27 февруари 2024 и по неверојатниот успех на истите и кај критиката и кај гледачите, серијата инстантно е обновена за втора и трета сезона. Најмногу е фалена за режијата, сценариото, визуелниот впечаток, продукцијата, перформансите на актерите и верноста кон изворниот материјал, романот.

Во 2024 година Shōgun е првата серија на јапонски јазик која освојува ЕМИ награда за најдобра драмска серија. Првата сезона освојува вкупно 18 ЕМИ награди во различни категории, со што поставува нов рекорд како најнаградувана сезона на серија во историјата на ЕМИ наградите. Дополнително освојува уште и 4 Златни Глобуси - 1 за драмска серија и 3 во 3 актерски категории за Санада, Саваи и Асано.

Shōgun е серија за колизијата на два тотално спротивни амбициозни ликови, од 2 различни света: англичанецот Џон Блекторн, морнар чиј брод по бродолом го насукува во Јапонија, и лорд Торанага, моќен јапонски феудален магнат кој се бори против мноштвото свои политички ривали. Во сликата се појавува и лејди Марико, жена со неверојатни вештини, но обесчестено семејно име која се труди да ги докаже своите вредности и верност. Романот по кој е снимена серијата е историска фикција, па така Блекторн е базиран врз историскиот лик Вилијам Адамс, англиски навигатор кој станал самурај под водство на моќниот феудален лорд Токугава Иејасу во 16 век, кој пак е базата за ликот на Торанага.

Серијата лани освои скоро се што може да се освои, вклучувајќи ги и огромниот број гледачи шширум светот. Имаше забележителна појава и на форумов, во Општи дискусии, па оттука сметам дека темава беше потребна. Дополнително што ова е серија која е далеку од завршена, па така ќе очекуваме уште многу од неа. Ако сакате историска фикција, политички интриги, тензија, самураи и многу крв, ова е вистинската серија за вас!
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.265
Поени од реакции
2.445
Глума, кадри, музика, камера се е феноменално во серијава. Интересно е запознавањето со јапонската култура од тоа време и феноменално ми е како смртта и животот ги гледат исто. Ако треба да умреш тоа е тоа нема многу драми правење. Убава серија особено да се гледа со снимки во добар квалитет да се долови се убаво.
Едвај чекам следна сезона.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom