Северина во сала Борис Трајковски - 06.11.2010

  • Креатор на темата Креатор на темата simoncence
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 јануари 2009
Мислења
1.044
Поени од реакции
40
Возраст
35
Најпознатата хрватска пејачка Северина Вучковиќ ќе одржи свој солистички концерт на 6 ти Ноември во салата Борис Трајковски во Скопје. По успешната промоција на последниот албум „Здраво Маријо“, Севе реши истиот да го промовира и пред македонската публика.
На концертот, како специјален гостин ќе се појави долгогодишниот пријател и соработник на Северина, Горан Бреговиќ. Оргазнизатор на концертото е Гуливер Милс, а Бекстејџ и овојпат се појавува во улогата на главен медиумски подржувач на настанот.
seve.jpg%2011111111111.jpg

Изминативе години Северина одржа свој концерт во Струга. Потоа во јули 2009 та беше главна ѕвезда на седмиот по ред пиво фест во Прилеп за да на крајот од истата таа година им ја развесели и новогодишната ноќ на сите присутни на плоштадот во Куманово. И во Прилеп и во Куманово, Северина вети солистички концерт пред многубројната македонска публика. На концертот на нејзиниот колег Петар Грашо, во Универзалната сала во март годинава, се појави во улогата на ексклузивна гостинка, но тоа никако не ги задоволи нејзините многубројни фанови во Скопје. И конечно, еве ја Севе со солистички концерт во Скопје. Понатамошните детали околу концертот на хрватската ѕвезда Северина, ќе ги видите во рамките естрадниот магазин Бекстејџ.
Severina.jpg%20222222222.jpg

А дотогаш, кратко инфо за оние што незнаат и мало потсетување за сите што знаат. Северина Вучковиќ е родена на 21 април 1972 година во Сплит, Хрватска. Деведесетите години, за Северина беа едни од најуспешните кога со Далматинка, Трава Зелена, Девојка са села, Прилатељице и многу други се претвори во национална хрватска икона. Во 2001 та Северина го издаде својот албум „Поглед испод обрва“ а концертната турнеја следната, 2002 та „Вирујен у те“ по повод истат, Северина ја лансираше дирекно на врвот и ја одбележа како најпопуларна хрватска пејачка. Во 2008 та Северина го издаде својот 10 ти студиски албум „Здраво Маријо“ во соработка со Горан Бреговиќ.
seva.jpg%2033333333333.jpg

Покрај музичката кариера, Северина го покажа и својот актерски тален во театарска претстава во 2003 та година. По оваа следуваа уште неколку улоги во театар и неколку во филм. Меѓу нив се најде и скандалозниот приватен видео клип на Северина.
 
Убаво глумеше во клипчето, ама можела и подобро. Ајде очекуваме ново... Напред Севе, ко те само је... ;)
 
Убаво глумеше во клипчето, ама можела и подобро. Ајде очекуваме ново... Напред Севе, ко те само је... ;)

Па може некаква промоција ќе има пред концеротот и по некоја ВИП карта ќе поделат за машките обожаватели :pos:

Абе нашиве пеачи нит песни снимаат, нит концерти прават. Нема кој да ги чуе кој да ги види. За овие од надвор секогаш сите имаат пари.
 
Џабе сала направивме....се ex-yu идат. Underworld, ZZ-top и 50 cent до сеа од странскиве у БТ.
 
Никад не би отишол на Северина...не и се потребни на неа концерти..само јахти и ништо друго...:kesa:
 
Мислам дека сепак Борис Трајковски е преголем залак за Северина. Не верувам да има толку многу фанови за да ја наполни цела. :)
 
Навистина ми е жал за Скопје........можеше да биде прекрасен град....:toe:

шабанизмот не уби!!!!!!
 
Децо, да се сконцентрираме на Северина.

Едит: 12 офтопик и 1 празно мислење избришани.
 
Ако начекам гратис би отишол мајке ми :pos:
Ама 500-че многу ми изгледа за една балкансkа старлета...but that's just me :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom